Зависи од нас и од никој друг. Трикот е во тоа што, ако сами не го смениме, никој друг не може да ни го смени. Целата борба е во тоа - дали ќе ја гризнеме мамката.
Павел,точно е дека по секоја логика зависи од нас, и сигурно нема во моментов некој политичар со м..а или доволно глуп да прифати такво нешто.Затоа се вадат со референдум, и сл.
Ама пак ај да се потсетиме. Не праша некој дали сакаме да се поделиме на егејци , вардарци и пиринци во 1912? Не праша ли некој дали сакаме да си одиме од егејска Македонија 1948? Никој. Добро, тогаш немавме држава. Е сега имаме. И кој ја тупи работата? Грците сакаат да ја звршат гнасотијата до крај, за де се избирише историјата. Франција ја поддржува Грција. Англија мудро молчи, а Русија од позадина мава “ниски удари“.
А кој кумуваше на Македонската трагедија 1912 и 1948? Кој и ја даде Македонија на Грција како поклон?
Гадни времиња, затоа ни останува само единството, ама иако сум “болен“ патриот, кога се вртам околу себе и го гледам народов, ме јаде црвот. Копа длабоко, кине месо.
На повеќето изгледа и не им е веќе битно ништо, види само колку наши отидоа на поклонение во Гејлада летово. Битно е убаво да си поминеш, заеби политика...земи си бугарски пасош, српски, дури станува актуелен и грчки пасош!!!!! Ех, Македонијо, кој све се тркала по оваа света земја...
Се плашам дека овој вековен синдром на однародување може да биде кобен.
Дајбоже да грешам. Ама црвот копа , ли копа....