90% врска немате за што правите муабет, што е нормално зошто никогаш не сте се ставиле во таква ситуација, што најверојатно е и полесен начин. Вие паѓате под стереотипи, не зошто верувате во нив, туку зошто е тешко да се живее против нив. Значи, коа си во врска која општеството во кое живееш не ја прифака бидејки живее во некоја си ретардирана идеологија за да верува дека не е бедно, процесот иде вака:
- Единствени луѓе што нема ни да им текне да те осудат се оние кои или ич не ги интересира пошо не патат од малограѓански синдром, или се спремни да закопуваат мртов труп со тебе. И меѓу овие луѓе што те подржуваат, дали двајца би се осмелиле да го направат истото што и ти.
- Прво по што ќе приметиш дека нешто не е во ред е прашањата: А дали знаат твоите?; Што е?; и одговори како аха, ок, ти си знаеш. Никој од луѓето што те осудува нема да те праша А како ти е, дали е добар? Тоа што повеќе ќе те изненади е тоа што се фаќаш себе си како се правдаш и се срамиш, не од партнерот, туку од овие ограничени анонимуси и од тоа дека ќе те осудат. И чувствуваш вина, константно, зошто партнерот не го заслужува тоа.
- Јас им кажав на моите не затоа што планирам да се мажам, туку зошто стојам позади тоа дека немам апсолутно ништо да кријам, затоа што не правам ништо лошо. Тука иде процес на убедување и секој си стои на своето. И чувтсвуваш срам од нив, константно чувство дека си ги разочарал а и они те разочарале тебе. И за да се помрдне ова, доаѓа период на игнорирање на фактот дека си во врска, што е случај кај мене, или ти забрануваат да се гледаш, па почнуваш од почеток со криење или прекинување на врската.
Јас тргам од тоа дека морам да бидам подобра од моите родители, и дека тоа што тие имаат аргументи против мојата врска е неприфатливо и недозволиво, и тоа мора да се смени! Затоа и продолжувам и покрај константно чувство на срам и вина. Не смее обидот за идеално функционирање на некој човек да претставува револуција, тоа е срамно за општеството и мора да се промени.