Зависи за каква ситуација се работи.Ако гледа мајка ми на пример нешто што не го гледам јас и ми даде совет да ја проверам работата тогаш веќе правам проверка на самиот себе да видам каде грешам а и на партнерката за да видам дали тоа што ми го зборува мајка ми е во право.Значи совети прифаќам а и фала богу мајка ми за тоа има разбирање, она не почнува со наредби него само совет ми дава....И сум и многу благодарен поради тоа и ден денеска, не се случило да ми се меша во животот.Тука станува збор за случаи како што се погоре наведени како на пр: социо-економски, или пак кратко кажано да биде со мене поради парите и сл. А ако станува збор за заљубување пример во девојче од друга религија, исто додуша ми има отворено кажано дека има против тоа но пак ми има кажано на крај крајава да се случи со неа да си среќен нема да има ништо против и тоа, ќе помине попреку се и ќе ја прифати и таа врска.Но јас искрено не би си го дозволил тоа, сега нека не се навредат луѓето што се припадници на другата вера односно муслиманската.Да се случи нешто такво; да се случи да се заљубам во некое девојче што е припадник на муслиманската вера искрено ќе ми биде тешко да ја напуштам но ќе го сторам тоа, ќе најдам сили.Имам другари од муслиманска вероисповест, а и можам да кажам дека до некоја точка нашите светови се поклопуваат особено на полето на : солидарноста, другарството, пријателството и др. Навистина имаме допирна точка тука со муслиманите, и кај нив има добри луѓе, не сите се лоши така а истото важи и обратно ако говориме.Но немаме допирни точки на сите полиња особено не на полето на љубовта, на почетокот може ќе биде убаво но понатаму не знам, таа љубов ќе горчи се повеќе и повеќе.Ништо лошо немам против добрите луѓе од другата страна, но мислам дека сум реален и ништо лошо не зборувам.Ако ништо друго барем не се лупам во гради како што повеќето знаат да се лупаат од кај нас........Реално гледам на работите.