- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
лично за мене исто ке ми биде...ама еволуцијата не може нагло да се сврти 180 степени.
а за мнозината па ке има хистерија сепак некои нема да можат да го прифатат тоа....и ке речат пеколот дојде...ама не е жежок...туку ладен![]()

Ќе се самоцитирам на нешто кое го напишав на друга тема,а е поврзано донекаде со оваа...
"Имаше една добра приказна за луѓе кои живееле на планета со три сонца.Константно во светлина и 24-часовен ден.
Себеси се сметале за циклусен вид кој минува низ неколку стотици генерации пред да се случи големата апокалипса,па општеството како такво целосно да се сруши и да мораат да почнуваат од почеток.Таквата теорија се претворила во култ за милениумските одземачи на душата и разумот кои доаѓаат во бројка од милиони,ја гаснат светлината и ја заменуваат со свој блесок,кој ако човек го види со голи очи-ќе го загуби разумот...и душата.
Кога последната генерација пред апокалипсата се соочила со тој проблем,се обиделе да симулираат како би изгледало да бидат затворени во темна просторија некое време.При излегувањето од таквата симулација се пожалиле дека малку им се слошило и почнале да се потат.Тоа не се сметало за опасна околност,туку се оправдало со фактот дека промената на средината на која тие се навикнати им била проблематична,но не и фатална.Со тек на време секој се адаптира.
Кога дошол судбинскиот момент,она што за нив било апокалипса,а според наши термини е коинцидирање на симултано соларно затемнување,тие луѓе за првпат ги виделе ѕвездите кои ние ги гледаме секој ден(попрецизно-секоја ноќ) и за првпат се соочиле со темнина.
И не,не ги изгубиле душите и умот кога ги погледнале ѕвездите распрскани на небото во целиот тој окружен мрак...туку пателе масовно од клаустрофобија поради зависноста од светлина,па почнале да палат се околу нив за да ја надокнадат...кога снемало запалив материјал,огромен дел од нив испоумреле од масовна дементија,со што завршил уште еден циклус во нивната историја."
Незнам како да го толкувам ова,но и ние имаме култови за сонцето.Според многумина ликот на Исус е преработка на тој култ и адаптиран во човечка форма за да не делува апстрактно.
Сонцето ни е врежано во психата,а потсвеста сугерира неопходна потреба од него и утеха поради неговото постоење.
Едно е да бидеш пушач па да мора да се одвикнуваш.Сосем друго е да си навикнат на нешто кое не само ти дава живот,ти го осветлува патот и те грее,туку тоа го правело од почетокот на цивилизацијата и животот како таков.
Затоа пропадна проектот за Дајсоновата сфера.Живот без сонце неможе да има,колку во биолошка смисла,толку и во психолошка.