Што ако ...не изгрее сонцето.

  • Креатор на темата Креатор на темата [zEUs]
  • Време на започнување Време на започнување
лично за мене исто ке ми биде...ама еволуцијата не може нагло да се сврти 180 степени.

а за мнозината па ке има хистерија сепак некои нема да можат да го прифатат тоа....и ке речат пеколот дојде...ама не е жежок...туку ладен:toe:

:)

Ќе се самоцитирам на нешто кое го напишав на друга тема,а е поврзано донекаде со оваа...

"Имаше една добра приказна за луѓе кои живееле на планета со три сонца.Константно во светлина и 24-часовен ден.
Себеси се сметале за циклусен вид кој минува низ неколку стотици генерации пред да се случи големата апокалипса,па општеството како такво целосно да се сруши и да мораат да почнуваат од почеток.Таквата теорија се претворила во култ за милениумските одземачи на душата и разумот кои доаѓаат во бројка од милиони,ја гаснат светлината и ја заменуваат со свој блесок,кој ако човек го види со голи очи-ќе го загуби разумот...и душата.
Кога последната генерација пред апокалипсата се соочила со тој проблем,се обиделе да симулираат како би изгледало да бидат затворени во темна просторија некое време.При излегувањето од таквата симулација се пожалиле дека малку им се слошило и почнале да се потат.Тоа не се сметало за опасна околност,туку се оправдало со фактот дека промената на средината на која тие се навикнати им била проблематична,но не и фатална.Со тек на време секој се адаптира.

Кога дошол судбинскиот момент,она што за нив било апокалипса,а според наши термини е коинцидирање на симултано соларно затемнување,тие луѓе за првпат ги виделе ѕвездите кои ние ги гледаме секој ден(попрецизно-секоја ноќ) и за првпат се соочиле со темнина.
И не,не ги изгубиле душите и умот кога ги погледнале ѕвездите распрскани на небото во целиот тој окружен мрак...туку пателе масовно од клаустрофобија поради зависноста од светлина,па почнале да палат се околу нив за да ја надокнадат...кога снемало запалив материјал,огромен дел од нив испоумреле од масовна дементија,со што завршил уште еден циклус во нивната историја."

Незнам како да го толкувам ова,но и ние имаме култови за сонцето.Според многумина ликот на Исус е преработка на тој култ и адаптиран во човечка форма за да не делува апстрактно.
Сонцето ни е врежано во психата,а потсвеста сугерира неопходна потреба од него и утеха поради неговото постоење.

Едно е да бидеш пушач па да мора да се одвикнуваш.Сосем друго е да си навикнат на нешто кое не само ти дава живот,ти го осветлува патот и те грее,туку тоа го правело од почетокот на цивилизацијата и животот како таков.

Затоа пропадна проектот за Дајсоновата сфера.Живот без сонце неможе да има,колку во биолошка смисла,толку и во психолошка.
 
Ќе забегам офтопик..

Оке за биолошката.. станувам во 4-5поручок.. на пц докај 9/10 макс кога одам надвор и се пребирам пред да изгрее.
Мене сонцето ми е мит. :))
 
Како и со секој крај, секоја смрт...
Страв, паника, тага, носталгија, прифаќање, заборав (по овој редослед) и на крај, ништо, bloody Nirvana (Cobain 4ever p0zz)
 
Тупаџиско прашање: а ќе ја исклучиме струјата? :)
Наука на страна, сонце нема - топлина, храна, кислород некако има. Во ова време на сеприсутност на вештачкото осветлување и биоритам кој не е контролиран од менувањето на денот и ноќта туку од навики и обврски (што се гледа по одморите кога сè оди опаку) оваа вечна еклипса не би влијаела многу на цивилизација која може да си свети кога ѝ е потребно.
Ако ја исклучиме и струјата и претпоставиме дека владее тотален мрак (без месечева светлина, секако), лудилото на никого не му бега.
 
Тупаџиско прашање: а ќе ја исклучиме струјата? :)
Наука на страна, сонце нема - топлина, храна, кислород некако има. Во ова време на сеприсутност на вештачкото осветлување и биоритам кој не е контролиран од менувањето на денот и ноќта туку од навики и обврски (што се гледа по одморите кога сè оди опаку) оваа вечна еклипса не би влијаела многу на цивилизација која може да си свети кога ѝ е потребно.
Ако ја исклучиме и струјата и претпоставиме дека владее тотален мрак (без месечева светлина, секако), лудилото на никого не му бега.

Мислам дека Raziel ја остави ради тотално спротивна насока.
Како би постапиле, како би се однесувале настрана од сонцето како биолошка потреба и фактор за живот.

За почеток некоја општа паника и хистерија, но би останал некој квалитетен процент на луѓе, стабилни. Би преживеале, сепак.
 
Во некои краеви на северната хемисфера како Гренланд или Сибир,по 6 месеци нели не гледаат Сонце,ама пак им е ОК.Ама скроз да згасне нема шанси,не дур сум јас жив:baeh:
 
Ако не изгрее сонцето , не би сакал да ве загрижувам ,но најблаго кажано , значи дека You're all Fucked.


Good Night


Signed.
God
:pos2:
 
Што ако ...хипотетички некое утро не изгрее сонцето. Остане само темнината.

Ако тоа се случи најпрво ќе биде позитивна работа затоа што многу млади кои го сменија својот биоритам губејќи ја претставата што е ден, а што ноќ ќе добијат пристоен термин за да се одморат со спиење во темно. Така што, после журкањето кое завршува во раните утрински часови тие пред себе ќе имаат една долга ноќ-ден во која слободно можат да заспијат и така да ја отстранат умората и да го вратат биоритамот во нормала. Од друга страна пак ќе се случи една лоша работа за постарите луѓе кои имаат проблеми со склопувањето на очи, т.е. тие ќе имаат една бескрајна ноќ-ден која ќе им задава нервоза очекувајќи ги раните утрински часови за да се активираат во некоја работа. Сепак оние што и сега ги почитуваат временските термини ден-ноќ и се однесуваат соодветно во тие термини ќе се впуштат во изнаоѓање на решение од настанатиот проблем. :toe:
 
Ако не изгрее сонцето...прво ќе западнеме во една голема депресија која ќе биде предизвикана од целосниот мрак и од драстичното опаѓање на температурите и за некое време ќе измрзнеме сите.
Сепак хеј среќна вест:Земјата ќе преживее-површината ќе замрзне но микробите кои се длабоко во неа сепак ќе си живеат се додека не се створи ново сонце.
Незнам...не ни можам да размислувам хипотетички за оваа тема...затоа што за недела или помалку како и да гледаш ќе измрзнам.Е што би правела таа недела дена?Ништо.
Ќе си уживам додека можам во ѕвезденото небо.Конечно ќе се научам да лизгам на лизгалки.Ќе паѓам од смеа кога ќе ми текне дека сум се плашела од глобално затоплување а ме снашло ова :uvo: и така.Ништо страшно бе па и ти :helou: .
 
A sto ako toe se sluci pobrzo odosto ocekuvame?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom