Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Мислам дека ни оваа ноќ нема да спијам, ако воопшто заспијам.

И јас... а утре нашколо цело време ќе ја пееме Излези момче право на тераса и Едно име имаме, нема да може да се предава :D
 
Зошто осеќам дека ќе ги тепаме со 15 разлика
 
Шпанциве ги гледав со Словенија и Србија според тоа што можам да го заклучам од тие две утакмици нашата шанса ја гледам во тие неколку мали периоди кога нив не му оди да можеме да откачиме колку што можеме повеќе и да ги направиме нервозни. Со Словенија имаа катастрофална прва четвртина, да речам и полувреме но Словенците беа толку мизерни во втората четвртина што дури и го загубија водството од првата четвртина и покрај мизерната игра на Шпанија, во второто поувреме веќе ги прегазија како воз. Друга работа која што по мое би требало Докузовски да ја одработи пред утакмицата е да ги советува нашите да реагираат повеќе на контактите на Шпанците за да исфрлат некој од стандардната петорка и нормално да излегуваат од бонус, односно како што знаеме голем дел од репрезентативците на Шпанија играат во НБА каде што се дозволува повеќе физички контакт и борба за позиција па таа нивна навика може да резултира со поголем број на лични во напад и одбрана во наша полза.
Уште една работа која ми сметаше со Литванија беше шутот за три на нашите ниски центри Антиќ и Чековски додека Стојановски кој имаше 5 од 5 на крајот за три, се бореше под кошот заедно со Самарџиски за отпадок што е нон сенс за мене.
Ќе фали искуството на Гечевски и тоа многу, Шпанците се огромни фаворите како и сите останати репрезентации кој играа против нас, но нема предавање.
 
Уфф али ама е добро у полу финале све некои јаки европски држави Шпанија, Франција , Русија ..... и Македонија им се избацува :icon_mrgr: Ќе биде јако
 
Моја нова мотивациска песна за утрешното полуфинале.

Напред момци и само храбро.
 
Само што заврши Русија-Србија на крајта коментаторот од стримот на 365 рече," Ако постои тим што може да ја победи Шпанија тоа е Македонија, неможеме да знаеме што можат да направат и како ќе играат."
 
E, дојдовме до оној стадиум да кажеме, со право, дека кошаркарска нација ко Србија, и кошаркарско име ко Ивкович, дека треба да учат од Македонија како да играат одбрана, буквално, да учат, учат и учат.

A и да, догуравме и до оној стадиум да сите бивши ју републики да навиваат за нас, догуравме до оној стадиум да Македонија се пласира пред кошаркарски имиња ко Србија, Грција и Литванија на еден голем кошаркарски турнир ... дојдовме до оној стадиум да ја браниме честа на балканот во кошаркава.

true story.
e00ra9.jpg


ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВМЕ !!!
 
Големата четворка: Македонија, Франција, Шпанија и Русија :)
 
Значи Русија,Франција,Шпанија и МАКЕДОНИЈА.
s1midf.jpg
 
Сега шанса да ги плеснеме русите во најслаткиот меч при евентуални утрешни порази.
 
Нормално утре идеме на победа,на уште поголема историска победа.
Единствен проблем е исцрпеноста на нашите кошаркари и отсуството на тошка али затоа имаме лавовско срце и мислам дека колку и да се изморени ќе дадат максимум до последната капка крв.
И една порака за тие што неверуваат дека утре ќе тепаме:сите знаеме дека играме со актуелниот шампион и најголемиот фаворит за титулата и дека имаат подобар состав али дечки надежта последна умира!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom