Шопинг во Солун

  • Креатор на темата Креатор на темата Keti**
  • Време на започнување Време на започнување
Драга зборуваме за морални обврски кои не ги имаш према некоја си политика или политичар\партија,туку према народот,ти како дел од него сакаш почитувај го,сакаш не тоа си твое лично,ама не мешај баби и жаби...и мене не ми се допаѓа системот,па не одам на шопинзи во Тесалоники...

Ама јас не чувствувам морална обврска да седам во државата оти не разбирате.Воопшто не ме интересира што мисли за нас Грција кога гледам дека и народот таму не се замара. Не ме интересира ни што мисли гвујо ни пападопулос,јас гледам што мислам јас. Имаме спор со земја која ни е пречка за влез во Еу и Нато, но ние имаме спор и со Србија и со Бугарија. Уште малку и со Албанија. Јас не мразам никој како народ зошто би имала тегоба ако отидам на одмор јужно? Јас не верувам во приказната дека името е пречка за се,јас верувам дека ние сме со развој до 19век стасани. Економски ние не можеме ни до колена да им бидеме на Европски земји макар и една Бугарија. Додека сами не си го средиме дворот сите ќе ни се криви. И не разбирам зошто не праќаш во Белград кога црквата не ни ја признаваат? Зарем тоа не исто?
Ајде да се изолираме,какви соседи какви бакрачи ние овде ќе си ќутиме и ќе си лаеме. Немаме пари за шопинг во Италија.
И пак ќе повторам јас сум Македонка и никој неможе да го смени тоа.Ниту можат да ме навредат ниту можат да ме повредат,ако се лутам значи дека нешто не е јасно со мене. Без разлика што и да речат јас ќе си останам тоа што сум.И ќе одам каде сакам без морални потешкотии.Мислам дека сум јасна :)

--- надополнето ---

Висок 192 цм ,46 ка стапало ,права кичма ,колку е убаво да гледаш од висина горд прав исправен ..........дај те молам

Машала :) Те молам и јас да не ме нагрдуваш без потреба,зошто има и други страни реалноста.
 
Абе кој курац поефтино било... јас бев у космос пред 3-4 месеца и нема ништо поефтино од овде.
Има голем избор можам да признаам, убаво е да се прошеташ некој викенд да си купиш нешто ама шо викате адидас тренерки 2000 денари 4 пара... :pos:
Во спортските продавници адидас најк... исти се цените може и поскапи малку а попуст не сум фатил у космос тогаш можеби е поефтино :)
Popust da nachekash vo Adidas vo Solun, teshko..
Treba da odish na prviot den koga pochnuvaat popustite zashto se shto e na popust grabaat vo prvite nekolku dena od popustot (:
Mozhda nema da najdesh 4 para trenerki, ama kje najdesh 1 par za 20-25 evra.
I jas godinava mu se spremam na Adidas, ali kujzae dali kje gi nachekam..

Patrioti vie slobodno sedete si vo Skopje, a jas i ostali nepatrioti kje si kupuvame od Solun i ich ne ni chue (:
 
Колку е ? 1500 денари ти се ама да знаеш си купил салам кошула, а не турските од нашиве бутици.
http://forum.kajgana.com/member.php?7527-cool

те свакам ,ти си поголем патриот од нив бидејки не ја гледаш границата каде е ставен ,може утре ке биде до велес па ако отидес да купис во гевгелија ке бидес предавник.Ти знаеш дека е македонски град и си пазаруваш таму и не купуваш ид грчи муштерии туку од македонци .
 
А ако одам таму на шопинг или во Белград којшто реално србиве никад не не подржувале сме поштени и патриоти.
Ајде бе.
Овде сите што ми се прават патриоти уште утре би ја напуштиле Македонија да имаат само прилика!

Србите за разлика од Грците те признаваат како народ,немаат некои официјални негаторски документи према нас како народ ,и се многу попријателски настроени... и да ви ја ебам таа ваша филозофија,ако си патриот не треба да мрдаш од куќа...

--- надополнето ---

Ама јас не чувствувам морална обврска да седам во државата оти не разбирате.

--- надополнето ---

.
Пак лошо се разбравме или така сакаме да не се разбереме:)...не е битно,и никој не те тера да седиш дома во државата,напротив шетај,но имаш милион места,не е само Атина и Тесалоники шопинг центар.
 
Ама јас не чувствувам морална обврска да седам во државата оти не разбирате.Воопшто не ме интересира што мисли за нас Грција кога гледам дека и народот таму не се замара. Не ме интересира ни што мисли гвујо ни пападопулос,јас гледам што мислам јас. Имаме спор со земја која ни е пречка за влез во Еу и Нато, но ние имаме спор и со Србија и со Бугарија. Уште малку и со Албанија. Јас не мразам никој како народ зошто би имала тегоба ако отидам на одмор јужно? Јас не верувам во приказната дека името е пречка за се,јас верувам дека ние сме со развој до 19век стасани. Економски ние не можеме ни до колена да им бидеме на Европски земји макар и една Бугарија. Додека сами не си го средиме дворот сите ќе ни се криви. И не разбирам зошто не праќаш во Белград кога црквата не ни ја признаваат? Зарем тоа не исто?
Ајде да се изолираме,какви соседи какви бакрачи ние овде ќе си ќутиме и ќе си лаеме. Немаме пари за шопинг во Италија.
И пак ќе повторам јас сум Македонка и никој неможе да го смени тоа.Ниту можат да ме навредат ниту можат да ме повредат,ако се лутам значи дека нешто не е јасно со мене. Без разлика што и да речат јас ќе си останам тоа што сум.И ќе одам каде сакам без морални потешкотии.Мислам дека сум јасна :)

Тоа го зборувам бе срцко! Ти имаш фирма и можеш да ме разбереш. Тебе душа ти излегува дури да помине месецот и да поделиш плати, се убиваш од плаќање даноци, замисли да работиш со текстил (гранка која, заедно со градежништвото, во моментов ја држи целата наша економија, скоро сите вработувања се таму), од каде пари на тој газда да ги плати работниците на први, ако во тековниот месец не продал ништо? Кажи ми, како да го средиме дворот без пари?! Искрено, државата вложува во проекти во кои се вклучени одредени дејности, не може да финансира приватна фрма која е занимава со шиење и продавање на облека, може да даде некои поволности, но не и да и плаќа сметки.
Јас сфаќам дека ти твоите обврски кон државата си ги завршила. Си ги подмирила твоите давачки, НО замисли никој да не ја користи твојата фирма туку сите да користат услуги од фирми кои не се од Македонија? Ќе пропаднеш, не можеш да опстојуваш.

Пак ќе повторам Гвујо, затекнат од купувачиве наши се уби од сликање со лопата. Децата кога ќе му пораснат ќе мислат дека бил мајстор, а не Премиер. Добро по парите кои ги има татко им заработено ќе им стане јасно понатаму. (сега не ми се става смешко оти срцето ми стегна)

Дајте бе да се организираме малку помасовно за шопинг ,ем ке бидеме ин за празнициве со гардероба ем ке им помогнеме на комшиите во мака:toe:

http://forum.kajgana.com/showthread...ЕДУВА-МОЖНОСТА-ГРЦИЈА-ДА-ИЗЛЕЗЕ-ОД-ЕВРОЗОНАТА!

Немој да се ситиш на несреќата на ѓупците! Не чини така. Тоа ти е рамно на богохулење. Простете му дечки, Скопјанец е! :pos:
 
Тоа го зборувам бе срцко! Ти имаш фирма и можеш да ме разбереш. Тебе душа ти излегува дури да помине месецот и да поделиш плати, се убиваш од плаќање даноци, замисли да работиш со текстил (гранка која, заедно со градежништвото, во моментов ја држи целата наша економија, скоро сите вработувања се таму), од каде пари на тој газда да ги плати работниците на први, ако во тековниот месец не продал ништо? Кажи ми, како да го средиме дворот без пари?! Искрено, државата вложува во проекти во кои се вклучени одредени дејности, не може да финансира приватна фрма која е занимава со шиење и продавање на облека, може да даде некои поволности, но не и да и плаќа сметки.
Јас сфаќам дека ти твоите обврски кон државата си ги завршила. Си ги подмирила твоите давачки, НО замисли никој да не ја користи твојата фирма туку сите да користат услуги од фирми кои не се од Македонија? Ќе пропаднеш, не можеш да опстојуваш.

Пак ќе повторам Гвујо, затекнат од купувачиве наши се уби од сликање со лопата. Децата кога ќе му пораснат ќе мислат дека бил мајстор, а не Премиер. Добро по парите кои ги има татко им заработено ќе им стане јасно понатаму. (сега не ми се става смешко оти срцето ми стегна)

Немој да се ситиш на несреќата на ѓупците! Не чини така. Тоа ти е рамно на богохулење. Простете му дечки, Скопјанец е! :pos:

Кога тие што произведуваат текстил во Македонија и го продаваат истиот тука ќе го имаат истото ниво на квалитет со текстилот кој во моментов може да се купи во Солун, тогаш ќе почнеме да купуваме од нив. Производите кои текстилните фабрики во Македонија ги прават за продажба тука се со ужасен квалитет (чест на исклучоците, кои се многу, многу ретки) и, да, ниска цена, но зошто да фрлам пари за нешто што не го бива? Најголем број од текстилните фабрики во Македонија шијат за други странски фирми, односно, добиваат материјали, тука само ги шијат и после целосното производство го праќаат во странство, со исклучок на 100тина парчиња кои ги прогласуваат за фалш пред странската фирма (има одреден квантитет што може да го прогласат за "растур"- и ги продаваат во фабрички outlet за ефтина цена, но сепак веројатно дупло повисока од реалната цена на производот.
Баш пред некој ден шетав со една другарка низ градов, во потрага по обична женска кошула. Во продавниците кај што се продаваат брендови цените беа ненормални. Во сите други продавници робата беше КИНЕСКА. Како купувањето КИНЕСКА роба ја поддржува МАКЕДОНСКАТА економија? Плус, нели се стремиме кон тоа да го надминеме комунизмот и да се впуштиме целосно во капитализам? Тоа би значело дека конкуренцијата убива. Зошто, еве, да размислиме со здрав разум, ако за истите (или помалку) пари може да купам поквалитетна роба, јас да ги дадам за нешто што е помалку квалитетно, само затоа што е македонско? Порадо би јадела побелено, устоено, лошо спакувано чоколадо од Европа или вкусна, привлечно спакувана Милка?
И, конкретно за Грција, да, купуваме производи кои се продаваат во Солун, но произведени се во други земји, се продаваат во ланци продавници кои се меѓународни и на крај на враќање си го земаме назад данокот.
Искрено, да, ме нервира спорот за името, ме нервираат грците со нивниот малоумен став, но тетката на каса во Зара/Бершка/Адидас/Икеа нема да ме навреди, ќе ми го наплати производот, ќе ми врати кусур и ќе си продолжи со животот, а јас за своите пари ќе добијам подобар производ отколку што би добила тука. Нас економијата ни е толку отидена во бестрага што не не' спасуваат тие пари кои ги оставаат одреден број луѓе во Солун.
Плус, кога веќе навлегувате во политика, да беше само спорот со името она што не спречува да напредуваме сигурно ќе беше одамна решен. Демек, ние на еден чекор од Швајцарија сме, само имево да ни се среди... Свестете се луѓе...

Енивејс, он топик, кога почнуваат попустите, дали ќе бидат почнати негде околу 20ти јануари и дали ако земам од Икеа малечко шкафче (затворени полици за книги) и маса ќе ме тупат на граница за царина?
 
Ц ц ц, не си ме сфатила ништо од тоа што го кажав, ама си напишала рефератче! За квалитетот на напишаното нема да коментирам, голема си... Само имам едно многу паметно прашање за тебе, не мора да ми одговориш мене, одговори си на себе: Како очекуваш да има квалитет ако нема пари? Со што ќе купи материјал за да направи нешто?

Енивејс, он топик, што е важно дали ќе те тупат на царина, нели квалитет си купуваш! Плус, си имаш пари, што е важно колку ќе ти побараат да платиш?!
 
Колку ти се разбираш во квалитет ,па сега овде почна и лекции да делиш.Оваа приказна е само параван за малограганштината ,кичот .простатлукот и безрбетноста.
 
Конкретно македонската текстилна индустрија не е за жалење затоа што газдите заработуваат, значи пари има, луѓето сепак купуваат, а вработени ги третираат мизерно, па не би ги поддржувала во тоа.
Да имав пари ќе отидев во продавниците за мебел низ град и од таму ќе си купев полици за 16-17000 денари и маса за 30000, немаше да шверцам полици за 50 евра :smir:

--- надополнето ---

Колку ти се разбираш во квалитет ,па сега овде почна и лекции да делиш.Оваа приказна е само параван за малограганштината ,кичот .простатлукот и безрбетноста.

Не мора многу да се разбираш за да видиш дека материјалот од кој се направени работите е никаков, со криви шавови се работите и се распаѓаат после три перења.
 
Конкретно македонската текстилна индустрија не е за жалење затоа што газдите заработуваат, значи пари има, луѓето сепак купуваат, а вработени ги третираат мизерно, па не би ги поддржувала во тоа.
Да имав пари ќе отидев во продавниците за мебел низ град и од таму ќе си купев полици за 16-17000 денари и маса за 30000, немаше да шверцам полици за 50 евра :smir:

--- надополнето ---

Не мора многу да се разбираш за да видиш дека материјалот од кој се направени работите е никаков, со криви шавови се работите и се распаѓаат после три перења.

А додека да појдеш и да се вратиш? Без пари е тоа??? Исто ќе ти испадне, ама пошто ти сакаш да бидеш „фенси“, тоа е веќе друга работа... За тие пари секаде исто, ама ти имаш други потреби. :toe:
 
600 денари е одење-враќање, Не сакам да бидам фенси, само сакам да бидам практична. Икеа не е фенси. Симпо е пофенси, ама за 50 евра во Симпо едно перниче ќе си купам. :(
 
А додека да појдеш и да се вратиш? Без пари е тоа??? Исто ќе ти испадне, ама пошто ти сакаш да бидеш „фенси“, тоа е веќе друга работа... За тие пари секаде исто, ама ти имаш други потреби. :toe:

досата само ломотиш...како магаре без комапс си,незнаеш кај тераш.

HITCH напиша:
Не само што ќе појдат за нова година, туку сеедно им е дали се празници или делници, одмори или што и да е друго, никој не се воздржува од шопинг и неколку дневен одмор кај ѓупциве, сеедно дал е викенд или не. Имало море кај нив! Сеедно им е што тоа море е наше и сеедно им е што нашите таму не смеат да писнат. Се пие нивно вино, со винцето, ракиичката со салатчето (обавезно узо, и од граница неколку шишенца за дома), се слуша нивна музика, се пеат нивни песни, а изговор е демек идат таму доле да се видат со нашинците, арно ама од видувањето нема ништо, оти одамна се раскарани со роднините за имотите.
Нашиве „туристи“ што одат таму не ги интересира политика. Нив не им е гајле што самите си ја загрозуваат државата на секое поле. Економски ги поддржуваат ѓупциве, наместо да појдат на викенд или неколку дневен одмор некаде низ Македонија. Наводно, Македонија немала добра инфраструктура. Епа, дечки оставете ги парите во Македонија, наместо да им ги дадете на ѓупците и патишта ќе се направат и вециња ќе има по автопат, нема да застануваме на бензински.
Епа пајташи едни гледате дека нашиве винарии мака мачат, наместо да помогнат тие сите се дружат во Беломорска со ѓупски моми до нив :toe:
ај ако сакаш читај се себиси и донеси си еден објективен заклучок
 
О КарливиЌу, шта има ново код тебе?

Јас сеуште стојам на двете кажани работи! Контекстот е различен, ама тоа е тоа! Не се пазари во продавници на наши луѓе, ниту се престојува кај наши! Значи нашите се избегнуваат како да имаат шуга! Додека нашите таму мизеруваат, овдешните аздисуваат! Вториот пост е многу ироничен, ама кој сфати, сфати! :toe:

П.С. Ти бе немаш домашна култура, треба да идеш прво да се социјализираш, на непознат човек му се обраќаш си куп нецивилизирани зборови!

П.П.С. Нов ред се почнува со голема група, себе си се пишува одвоено, точка стои на крај на реченицата. Ова се учи на школо на час по мајчин јазик, ама некој бегал од часови уште од прво одделение. Од таквите луѓе не се очекува нешто паметно да кажат.
 
Јас не знам што толку ја затупевте со ова. Право на слободен избор. Тоа, меѓу другото значи и право да си ги трошам парите како што сакам. Ако сакам, на сред Солун МОИТЕ ПАРИ ќе ги фрлам во воздух...И не мислам баш дека македонската економија зависи од мојот шоп-шопинг во Солун-повеќе зависи од шоп-шопингот на т.н македонска (или попрецизно, на нашата политичка "елита"-а тука не мислам само на купување на кошулчиња и панталончиња -за ова ТИЕ пуцаат подалеку, преку седум брда и долини-како во бајка)-повеќе мислам на италијанските леарници каде што се нарачани некои споменици кои што ќе ни го потхрануваат патриотизмот, на пример. Единствено што ме радува, е што, на крај краева ова се сведува на форумско тупење. Се надевам дека така и ќе остане. Мислам дека сепак е потребно де се постигне РАЗУМЕН КОМПРОМИС т.е мразачите да си останат на мира да си мразат 24/7 , а останатите (гркофили) ке си шоп-шопингуваме во Тесалоники (и двапати годишно ако треба), за инат!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom