leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Драга зборуваме за морални обврски кои не ги имаш према некоја си политика или политичар\партија,туку према народот,ти како дел од него сакаш почитувај го,сакаш не тоа си твое лично,ама не мешај баби и жаби...и мене не ми се допаѓа системот,па не одам на шопинзи во Тесалоники...
Ама јас не чувствувам морална обврска да седам во државата оти не разбирате.Воопшто не ме интересира што мисли за нас Грција кога гледам дека и народот таму не се замара. Не ме интересира ни што мисли гвујо ни пападопулос,јас гледам што мислам јас. Имаме спор со земја која ни е пречка за влез во Еу и Нато, но ние имаме спор и со Србија и со Бугарија. Уште малку и со Албанија. Јас не мразам никој како народ зошто би имала тегоба ако отидам на одмор јужно? Јас не верувам во приказната дека името е пречка за се,јас верувам дека ние сме со развој до 19век стасани. Економски ние не можеме ни до колена да им бидеме на Европски земји макар и една Бугарија. Додека сами не си го средиме дворот сите ќе ни се криви. И не разбирам зошто не праќаш во Белград кога црквата не ни ја признаваат? Зарем тоа не исто?
Ајде да се изолираме,какви соседи какви бакрачи ние овде ќе си ќутиме и ќе си лаеме. Немаме пари за шопинг во Италија.
И пак ќе повторам јас сум Македонка и никој неможе да го смени тоа.Ниту можат да ме навредат ниту можат да ме повредат,ако се лутам значи дека нешто не е јасно со мене. Без разлика што и да речат јас ќе си останам тоа што сум.И ќе одам каде сакам без морални потешкотии.Мислам дека сум јасна

--- надополнето ---
Висок 192 цм ,46 ка стапало ,права кичма ,колку е убаво да гледаш од висина горд прав исправен ..........дај те молам
Машала
