Шопинг во Солун

  • Креатор на темата Креатор на темата Keti**
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде де, да не те гушнаа од милина кога те видоа?! Со „еврата“ кои што си им ги дал си можел и овде да го купиш истото, не се лажи дека си купил оригинал. :smir: Никогаш нема да дознаам колку е убаво кога ќе појдеш на каса да им оставиш куп пари, а тие ти викаат дека си Скопјанец и ти кажуваат дека Беломорска е нивна, изгледа е исто `ко реклама за Мастер картица. :raz: ПРАЈСЛЕС!?
Парите ќе ги оставам во мојата држава и ќе платам со денари. На тој начин парите остануваат да вртат во државата, а со плаќање во денари колку толку ја одржувам стабилноста на денарот. Сама не можам да направам многу, АМА барем правам нешто! :smir:
Сеедно ми е каков патриот мислиш дека сум, ЈАС сум патриот!

Морам да те прашам:Си била во Грција/Солун некогаш? (само со да или не)
 
Колку пари им остави, шо има везе тоа колку пари си оставил, барем од кошуљите низ бутициве кај нас по 1500 денари шо ги продаваат, таму има по 25-30 евра, ама да знаеш што си купилм ти зборам сега ако пазаруваш од Пул едн Бир, Бершика, Зара ... Сега ако некој, а можда има и такви тука што можат и од Replay, Diesel и вакви слични да купуваат марки да купуваат.

А и да ќе заборавев, ќе осетиш убава пред празнична атмосфера, со прекрасно украсен Солун, ќе јадеш гиро и ќе се вратиш :)

А вакви патриоти ко вас, ехее во државата наша има колку сакаш.
Браво момче за тебе :aplauz: 30 пара гаќи за 100 денари и тоа со XXXXL дупки да не зашкрипи некаде не дај боже ,ај и еден КОСМОДИСК како бонус ,да не се растечеш на патос ,да те држи нешто :toe:

Ви зинал газот за пари па сте решиле проститутки да бидете , ако ама бидете професионалци многу ефтина ви е цената.
 
НЕ!

Премала била пораката сум морала да допишам нешто. :smir:

Нели овој одговор е доволен да се повлечеш од приказни што викале на каса во Грција?
Во ред не ги сакаш,не оди.Ама да кажуваш како е таму кога никогаш во живот не си била е невкусно.Особено на некој кој никогаш не доживеал да му се испонашаат во Грција,напротив можам и да тврдам дека се пријатен народ.Политиката си го прави своето,исклучете ги телевизорите и прошетајте помеѓу народ.Ќе видиш дека милиони се фрлени во пропаганда од двете страни,а народот си е народ кој гледа да заработи.

И од друга страна:Абе кој сте вие да ни кажувате каде да ги трошиме парите кој ги заработуваме со сопствена пот?Од каде ви е тоа право? Ем плаќаме даноци,ем сол ни тријат над глава! Со моите лични пари ќе правам што сакам,ако сакам низ цела грција или во тунгузија ќе ги расфрлам и поделам,оти е мој личен избор.
 
Искрено, јас не сум по купувањето облека, тоа ми е страшно досадно. Арно ама, едно кафенце на раат, здраво шетање низ ИКЕА!!!, и ја сум долгорочно среќна...Солун ми е пренатрупан некако и не ми е пријатен за шетање, ама Атина...
HITCH, се надевам дека се шегуваш! Нашиве политичари, да се здрави и живи сите, немаат апсолутно никакви предрасуди во однос на било кој сосед...
 
Нели овој одговор е доволен да се повлечеш од приказни што викале на каса во Грција?
Во ред не ги сакаш,не оди.Ама да кажуваш како е таму кога никогаш во живот не си била е невкусно.Особено на некој кој никогаш не доживеал да му се испонашаат во Грција,напротив можам и да тврдам дека се пријатен народ.Политиката си го прави своето,исклучете ги телевизорите и прошетајте помеѓу народ.Ќе видиш дека милиони се фрлени во пропаганда од двете страни,а народот си е народ кој гледа да заработи.
И од друга страна:Абе кој сте вие да ни кажувате каде да ги трошиме парите кој ги заработуваме со сопствена пот?Од каде ви е тоа право? Ем плаќаме даноци,ем сол ни тријат над глава! Со моите лични пари ќе правам што сакам,ако сакам низ цела грција или во тунгузија ќе ги расфрлам и поделам,оти е мој личен избор.

Истото го велам и јас! Ние овде ем плаќаме даноци, ем трошиме пари за се` она што ни е потребно и после ние не чиниме, а сите останати чинат. :jaj: Даноци на оваа држава плаќам и јас, за движен, за недвижен имот, плус за 300 милиони други работи.
Па ако не ги трошите парите во државава што ви е гајле кој каде вложува? Значи вие си идете на шоп, шоп, шопинг у Солун, со ваши пари ја финансирате тамошната економија. Епа овде кој да финансира? Обрт на пари нема ако Гвујо не скита со лопатата секој дена наваму, натаму. Го растргнавте човекот! :pos:

п.с. многу добро знаеш како се вадат пари и како се трошат.
 
Истото го велам и јас. Ние овде ем плаќаме даноци, ем трошиме пари за се` она што ни е потребно и после ние не чиниме, а сите останати чинат. :jaj: Даноци на оваа држава плаќам и јас, за движен, за недвижен имот, плус за 300 милиони други работи.
Па ако не ги трошите парите во државава што ви е гајле кој каде вложува? Значи вие си идете на шоп, шоп, шопинг у Солун, со ваши пари ја финансирате тамошната економија. Епа овде кој да финансира? Обрт на пари нема ако Гвујо не скита со лопатата секој дена наваму, натаму. Го растргнавте човекот! :pos:

п.с. многу добро знаеш како се вадат пари и како се трошат.

Како да не ни е гајле кај вложува? Па за што го финансирам овој лопатар?
Или да се затвориме во протекционизам ко што предлага главатаров па ќе имаме напредок во економија? :)
Не бе мила,јас овде живеам и си ја сакам земјата,но немојте да ме терате да правам работи што на друг му се допаѓаат. Доволно ме изедоа досега премиериве,уште и да ми кажуваат како да ги трошам парите ќе се ставам на бесилка.
 
Знаеме ние дека нашите лајнари од политичари ни ја искрадоа државата ,ама да не заборавиме дека гејците 20 години не кочат во евроинтеграциите и НАТО,па да го заборавам грчкото ембарго ?????
Не ,не :nenene: нема да ме убедите дека вашето идење таму не е ништо друго него лечење на комплекси ,малограѓанство ,сељачаана .
Па приказните за цените демек ,све имате на бит пазар за истите пари а квалитетот во Грција не е ништо подобар ,ги знам многу добро ,сум идел во Грција кога многу од вас и немале влакна на срамните места .
 
Гораст абе уживај во далечната земја,што ни кажуваш закони без потреба.
 
Како да не ни е гајле кај вложува? Па за што го финансирам овој лопатар?
Или да се затвориме во протекционизам ко што предлага главатаров па ќе имаме напредок во економија? :)
Не бе мила,јас овде живеам и си ја сакам земјата,но немојте да ме терате да правам работи што на друг му се допаѓаат. Доволно ме изедоа досега премиериве,уште и да ми кажуваат како да ги трошам парите ќе се ставам на бесилка.

Драга зборуваме за морални обврски кои не ги имаш према некоја си политика или политичар\партија,туку према народот,ти како дел од него сакаш почитувај го,сакаш не тоа си твое лично,ама не мешај баби и жаби...и мене не ми се допаѓа системот,па не одам на шопинзи во Тесалоники...
 
Гораст абе уживај во далечната земја,што ни кажуваш закони без потреба.
Висок 192 цм ,46 ка стапало ,права кичма ,колку е убаво да гледаш од висина горд прав исправен ..........дај те молам
 
Значи вие си идете на шоп, шоп, шопинг у Солун, со ваши пари ја финансирате тамошната економија.
Колку за информација си има сума која ако ја потрошиш во продавница целиот данок ти го враќаат со една потврда на граница. На 100 евра 15 евра си зимаш на граница.
Гледаш и даноци не им плаќаме сепак!

И плус гледано тука само Њујоркер и Калиопе имаат попуст нормален. Кога ќе купиш чизми од 100 евра на 30 евра во Македонија кажи ми. Дури ако е 1 број и 20евра може да ги купиш.
Плус зашто да му давам на газдата на Евроазија 2500 за блузон од бершка којшто е 3 сезони стар? Кога истиот на попуст пред 3 години го земав 10 евра.

Ако сме овци нека не стрижат нашите!
Никогаш нема да лупаме пат и да одиме 300 ли колку и да се километри во Солун ако имаме добри продавници во Македонија, со брендови за широка потрошувачка и нормални 70% попусти на ЦЕЛАТА стара колекција (а не на 3 парчиња облека во цела продавница и излог излепен 70%).
 
Врти сучи пак не ви држи вода муабетов,за ефтиноќа имаш Београд,и тоа страшна ефтиноќа...
 
После македонциве немале пари. Како да не немале, иди до грчка пред нова година ќе видиш поише македонци од грци. Да немате пари бе, ќе гледате да скрпите крај со крај а не да си праете шопинзи.
Има луѓе бре немаат крај со крај да сврзат, тие ваши 25 евра за кошула шо ти знам каква се мисловна именка за некој што на +40 копа у нива и гледа да донесе ебани 5 евра дома денес за да ги нарани децата.
Еден ден да сте на нивно место, само еден ден па тогаш ќе речете ќе размислите 2 пати пред да идете на шопинг ексурзии кај овие здола нас.
 
Баби и жаби испомеша мали.
Јас и тие што идеме на шопинг во Солун сме криви за нашата економија и тоа што државата не краде и не ни дава услови?
Има луѓе што одат во Милано, во Њујорк на шопинг, ти се фати за некој од нас што 5 месеци штеди 100 евра да отиде за тие пари за 5 а не 25 евра дечко, да си купи кушула. Значи јас со 10 кеси си доаѓам од Солун за тие пари, и данок вратен во рака.
Верувај да имав јас пари ќе си купував од Бата, од Енерџи, од Сисли, од Бети баркли, од Пеко чевли, од Риплеј фармерки.
Јас немам пари и наместо да купувам од Шутка (иако купувам и од таму) или од Еко шопинг, јас одам 1 или 2 пати годишно до Солун.
Имате лоша претстава дека тие што одат во Солун на шопинг вријат од пари, јас да имав пари во Милано ќе си одев на шопинг или други европски центри.
А ако одам таму на шопинг или во Белград којшто реално србиве никад не не подржувале сме поштени и патриоти.
Ајде бе.
Овде сите што ми се прават патриоти уште утре би ја напуштиле Македонија да имаат само прилика!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom