Шокантно: Скопје без знамиња за најголемиот национален празник!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сите саглам знамиња се пратени во Мелбурн. Затоа нема знамиња.
Сеа ќе седнам да исфирцам едно.
 
Море им ебам предавниците, мора да сносни некој одговорност за ова.
Неможе за 1-ви мај да има знамиња, а за ден на незавиност (кој е далеку побитен празник за државата) да нема. Никаква свеченост нема празников без македонското знаме. Исто како да не бил. Нема деца да прашуваат за што се знамињата - нема ни кој да им објасни. Како планираат да градат национална свест и чувсто за Македонија?

Џабе сите кампањи од типот „Јас сум Македонија“. Се паѓа во вода со вакви киксови.
 
Тогаш, ставај насловна на портал - и ќе има, за 3 саата :)

Како е по другите градови?
 
Ама затоа вечер ќе парадираат нашите славни политичари на плоштад и ќе ни простуваат ако ги плукаме, пошто имаме страшно добра причина.:nesum:
 
Јас вчера видов знаме кај битпазар. Албанско

Гад блес Мацедониа
obama.png
 
абе кај мене има на Партизанска во Карпош 4 знамиња и тоа уште од вчера а еве баш сега излегов пак да проверам да не не сум видела убаво тука се
 
ја уште вчера сабајле видов дека на Партизанска има и низ Центар нешто послабо, ама низ другиве населби не видов:uvo: за срамота:nenene:
 
Самоутепанство од прв степен... ако ова е вистина тогаш голема срамота. :(
 
низ ѓорче има знамиња уште од завчера вечерта,баш вчера ги глеав,на секоја втора бандера по 2 знамиња има,како и на секој празник.

може секоја општина си поставува индивидуално.
 
Ти да видиш кај МВР таму каде што живеат циганите, на скоро секоја куќа има македонско знаме.
 
Кој вели дека нема знамиња, еве од булеварот “словенија“...
177780

Што сте се раскокодакале само... еве ви уште знамиња...

Надополнето од администратор:
Линковите не ти работат.
169318
 
Не ти се прикажуваат сликите од постот, ако треба да има слики. Или финта е некоја, пошто нема знамиња?
Јас шетнав низ булевар Св. Климент Охридски, до Соборен Храм, па накај Рекорд, па по Улица Македонија. Никаде, освен на 2-3 балкони и прозорци, нема знамиња!

Надополнето:
Ах, да, еве, успеав да ги ископам некако. Не си ги линкал како што треба.
Сликите се тука и тука.

Браво за градските власти. Така се чествува денот на независност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom