Сепак мислам дека е обврска на владата да провери убаво со кој инвеститор влегува во зделки (било која влада). Конкретно Субрата веќе беше осуден и требаше да плати околу 4 ипол милијарди долари !!, исплатата ја одлагаше, врховен суд даде пресуда против него... сето тоа можеа 1-2 луѓе од владата да го знаат и научат. Не беше тоа тајна можеа да почекаат да видат како ќе заврши тоа па после да го виокнеа овде. Мене лично ме иритираше што овде го дочекаа како некој крал како спасител на Македонија, па секој чекор му го пратеа покриваа со камери, кај оди шо јадеше кај ќе оди на која страна од креветот спиеше.... Му направивме дочеци како на некој претседател го кгостевме шетавме го кажувавме со денови на ТВ и сега ... ником ништо - повеќе среќа следниот пат.
Па еве еден мој предлог до било која власт во македонија, нек издвојат месечно по 10.000 евра и нека играат поголеми лотарии во светот, америчка европска, кинеска, јапонска..... нек уплаќаат комбинации нек ангажираат професори по математика. Тоа е поефтино од колку шо се оди по светот се трошат дневници плати трошоци за да се донесе и угости некој кој испаѓа дека не е то шо сакаме. До сега во овие години, сигурно ќе фатефме некоја премија која се движи и до 150 милиони евра.
Многу несериозно е бе , се некои бламови сме, де Ауди ќе градел, де милијардите на Тајван, де Мексиканскиот најбогат чоек (дојде касна пастрмка во Охрид и веќе не дојде) де Катарци де Индијци, Американци... шо бидна со тој манекено кој ветуваше мекдоналдси во Кратово и Бучим, не ми ни текнува веќе кој се дојде да се заебава овде и види шо може набрзинка да ќари по можност за беспари. Ако веќе само матни типови сакаат да инвестираат тука, ако е то реалноста - па дај озбилно да го направиме и тоа, еден тендер на меѓународно ниво - јапоски јакузи, кинески тријади, сицилијанска мафија, познатите фамилии во Америка еве ви земја квалитетен афион, места за казина коцкарници бордели, банки.... изволте само беља не правете , 10 % од промет ќе плаќате друго не не интересира.