- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Како успеа да извадиш заклучок дека МОЛИМЕ да не успеат? Никој не моли да не успее не извртувај без врска, него на сите ни е јасно дека од тоа нема ништо и самиот гледаш дека не се ни 1% а не 100%. Покрај толку роад шоуа, што дојде во Македонија? Аман со Џонсон, тоа одамна работи, за другите ајде ќе покаже времето дали ќе ги бидне или ќе застане кај што почнало. Не молиме да не успее него сме веќе песимисти, покрај брдо најави, невработеноста се повеќе и повеќе расте и не мрда на подобро, ќе кажеш преку ноќ не биднува ништо, па не е една ноќ бе друже, преку 7 години чекаме. Сега јасно ти е? Или сеуште треба да одам на лечење? Нити одам по штабови нити ќе видам аир од нив.
7 години се малку време за промени и инвестиции во земја со исклучителено лош имиџ тоа не се менува преку ноќ. Како велат лесно е да добиеш доверба но кога ќе ја изгубиш тешко се враќа така е и со Македонија и затоа мислам дека треба да бидеме малку пострпливи и пред се покреативни за отварање на сопствени бизниси. Јас сум убеден дека инвестициите до страна се ок но нема ништо поубаво кога наши луѓе отвориле бизнис и им успеало. Од тој аспект имам забелешка дека од една страна многу малку имаме иновативни луѓе а од друга страна мислам дека и подршката од страна на институциите за овие малку луѓе треба да биде поинтензивна.
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 13:00 ---
Сепак мислам дека е обврска на владата да провери убаво со кој инвеститор влегува во зделки (било која влада). Конкретно Субрата веќе беше осуден и требаше да плати околу 4 ипол милијарди долари !!, исплатата ја одлагаше, врховен суд даде пресуда против него... сето тоа можеа 1-2 луѓе од владата да го знаат и научат. Не беше тоа тајна можеа да почекаат да видат како ќе заврши тоа па после да го виокнеа овде. Мене лично ме иритираше што овде го дочекаа како некој крал како спасител на Македонија, па секој чекор му го пратеа покриваа со камери, кај оди шо јадеше кај ќе оди на која страна од креветот спиеше.... Му направивме дочеци како на некој претседател го кгостевме шетавме го кажувавме со денови на ТВ и сега ... ником ништо - повеќе среќа следниот пат..
Во право си ... но мислам дека и Субрата Рој имаше свој аргументи дека тој себеси не се смета за виновен и дека тоа е игра и завера која му е припремена од тамошните власти. Јас и сеуште мислам дека ситуацијата со Субрата Рој не е 100% чиста што таму се случува и кој е виновен. Како и да е тој изјави и кога беше во Македонија дека спорот со неисплатените долгови ќе го расчисти.
За дочекот се согласувам дека не требаше толкава помпа да се пушта во јавност кога и така и така ништо од овој проект не беше сигурно.
Мене лично самата појава и пристап на овој чобек уште од старт ми беа сумливи , но од друга страна си викам зошто да не се проба. Ние не сме Швајцарија или Луксембург за да не си дозволуваме од време на време коцкање особено кога од една страна можеш многу да добиеш а влогот ти е малку леб и сол што дават на аеродромот за дочек и толку. А ете и тие 2000 евра бакшиш што ги оставил се некаков ќар.
Го даодв примерот со Црна Гора и тој богаташот што зема Црно Горски пасош.
Ете замисли Субрата не му се допаѓат условите во Индија и сака дел од капиталот да го повлече во Македонија???