Ptolomej
Дрвен адвокат
- Член од
- 7 август 2005
- Мислења
- 1.832
- Поени од реакции
- 1.214
Мене ваква работа последен пат ми се случи во далечната 1991 година , но не на фудбал туку на баскет .Вечерта многу ми отече местото каде што го превиткав/шинав глуждот ( нешто слично како на сликата од постот на Др.Хаус ) , и цела вечер спиев со ставен кромид преврзан на местото од отокот . Сабајлето кога станав неможев да стапнам на ногата бидејќи многу ме болеше , и отидов со татко ми кај еден човек кој е познат во Прилеп како еден од најдобрите местачи за превиткани/шинати глуждови . Иначе кај него тогаш одеа сите спортисти од Прилеп за оваа работа . Кога појдов таму типот за 3-4 минути ми ја намести жилата на глуждот која што беше превиткана , но морам да кажам дека самата постапка беше прилично болна ( самиот тој ми кажа тогаш дека некои и му се онесвестувале од болка при местењето
) . Потоа ми кажа неколку дена да не трчам и да ја одмарам ногата , и еве до ден денес ми се нема случено таква повреда . Иначе колку што знам ако не е добро наместена жилата , може да се случи понатаму цел живот често да се случува превиткување на истиот глужд на истото место . Фала Богу кај мене тоа не е случај .

иначе препорачувам да идеш на физикална ако не ти е првпат,а за спаѓање на отокот стави си кромид и зелка и ќе ти спадне брзо,иначе ова е мојата нога летоска после ставање мраз.. п.с. идев 2 месеци на физикална, и ми рекоа дека станало хронично,тебе ваљда ти е подобра