Шинат глужд

  • Креатор на темата Креатор на темата nikac17
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ваква работа последен пат ми се случи во далечната 1991 година , но не на фудбал туку на баскет .Вечерта многу ми отече местото каде што го превиткав/шинав глуждот ( нешто слично како на сликата од постот на Др.Хаус ) , и цела вечер спиев со ставен кромид преврзан на местото од отокот . Сабајлето кога станав неможев да стапнам на ногата бидејќи многу ме болеше , и отидов со татко ми кај еден човек кој е познат во Прилеп како еден од најдобрите местачи за превиткани/шинати глуждови . Иначе кај него тогаш одеа сите спортисти од Прилеп за оваа работа . Кога појдов таму типот за 3-4 минути ми ја намести жилата на глуждот која што беше превиткана , но морам да кажам дека самата постапка беше прилично болна ( самиот тој ми кажа тогаш дека некои и му се онесвестувале од болка при местењето :) ) . Потоа ми кажа неколку дена да не трчам и да ја одмарам ногата , и еве до ден денес ми се нема случено таква повреда . Иначе колку што знам ако не е добро наместена жилата , може да се случи понатаму цел живот често да се случува превиткување на истиот глужд на истото место . Фала Богу кај мене тоа не е случај .
 
имам ептен искуство со шинување на нога, преку 4пати :( иначе препорачувам да идеш на физикална ако не ти е првпат,а за спаѓање на отокот стави си кромид и зелка и ќе ти спадне брзо,иначе ова е мојата нога летоска после ставање мраз.. п.с. идев 2 месеци на физикална, и ми рекоа дека станало хронично,тебе ваљда ти е подобраПрегледај го приврзокот 57513
O.O
кај ратуваше бе пријател?
 
Играјќи фудбал, во обид да блокирам противник си го шинав глуждот. Глуждот ми отече, малку ме боли, отидов кај еден што ги мести тиа работи ми го наместо зглобот и сеа ми е имобилизиран. Сакав да прашам дали некој има искуство со ваква повреда, да споделиме мислења, совети инт.
Шинат, најнормално незнам што е тука чудно..
Баталете тоа иначе бато ја научив кога ми беше шинат глуждот на мајот да шутирам со лева пошто десниот глужд ми беше шинат и неможев да пуцам ама пуста желба другиве играатја седам и ме фати и станав иначе лежи едно 1 недела ипол ставај мраз масирај ја по малце, а после тоа почни да одиш полека полека само гледај да не ја убиеш јас неколку пати го имам шинато само на оваа случка се сеќавам :) :)
 
O.O
кај ратуваше бе пријател?
пријателе, ова е слика кога ми спадна после првичниот оток иначе ова е резултат на доскок на баскет, а башка ја имам истата шинато 3-4 пати до голем оток
 
Дури тренирав за Пелистер порано, тренерот ми кажа една „финта“ за вакви и слични повреди. Земаш жешка вода, најжешка шо можиш да издржиш и ја масираш ногата со сапун 5 минути. После то земаш најладна вода шо можиш да издржиш и ја масираш исто ногата со сапун 3 минути. Испробано и функционално.
nikac17 , можи да пробаш така пријателе.
 
Не можам да ја масирам уште ногата, бидејќи ми кажаа а и прочитав на интеренет дека масирањето може да предизвика само поголем оток. Сега за сега сум на одмарање, ставање лед и после тоа ногата ми е во завој. Иначе ти благодарам за советот.
 
Иначе некој да не знае нешто крема, помада за мачкање на лацната рака, лацната ми е раката уште од 7мо-8мо одд. ама никогаш не ми заздраве, бев на триење ми ја мачкаа и триеа со вазелин и ми рекоа дека нема да заздраве туку онака ќе се опушти некој ден и после пак ќе се укочуе...
 
Еве како изгледа глуждот после 2 дена. Подобро ми е, можам да одам без да кривам.
 

Attachments

  • 04022013052.jpg
    04022013052.jpg
    501 KB · Прегледи: 66
moze da probate i ketonal krema, mene mi pomogna za otecen zglob i shinat vrat :)
 
Не можам да ја масирам уште ногата, бидејќи ми кажаа а и прочитав на интеренет дека масирањето може да предизвика само поголем оток. Сега за сега сум на одмарање, ставање лед и после тоа ногата ми е во завој. Иначе ти благодарам за советот.
Што повеќе лед и ќе чекаш да спадне отокот,нема друго и мене вака у прва средно ми се деси и една бабица од улица ми го местеше демек ама боли ептен но тоа е тоа.

Само лед мирувај некое време и ќе се среди.
Не прочитав низ темава ама ако подолго време те зафркава не е лошо и некоја снимка да напраиш,колку да знаеш на што си.
 
Отокот ми спијна, сега уште малце ме боли, а и има малку модро под зглобот, тато вели дека штом има сино дека поминува... :)
 
Абе луѓе во кој век живеете бре, каков кромид каква зелка ние докторите за кој к**р сме. Ако ја сјебеш колата одма ја носиш на мајстор за поправка ако ја сјебеш ногата ставаш кој што ќе ти каже( кормид, зелка ,тесто,јајце...) или кој што чул (топла вода, сапун.....) абе не си играјте со здравје после крив ќе ти е „роле“ што цел живот алипен ке ти остане скочниот зглоб. Абе македонска работа, шо не земеш сам колата да ја чукаш со тесла да ја поправиш..... за се широкогради а за здравје никој нејќе динар да потроши.

1. идеш на ортопед за преглед и ренген слика
2.ако нема скршеница и е само шинување - дисторзија (тоа вклучува и парцијална руптура на некој од лигаментите) ги земаш 7 до 10 дена следниве работи:
* Tbl.Parafen 3x1 ( sabajle , na pladne i navecer posle jadenje)
** Tbl. Chymoral 3x2 (sabajle , na plade, navecer pred jadenje)
*** Gel. Ice Power Cold 3x1 ( se mackas okolu cel skocen zglob so lesni kruzni dvizenja 1-2 min. dodeka da se isusi gelot , 3-4 pati na den, vo aptekite na eurofarm e najeftin) потоа ставаш стегач
**** првиот ден од повреда земаш мраз неколку коцки ги ставаш во најлонче и држиш над местото со најголем оток по 20-30 мин 4-5пати во тек на денот (само првиот ден од повреда после тоа нема ефект)
***** Купуваш стегач еластичен за скочен зглоб и го носиш 20 дена

3. По закрепнување, не оптеретуваш барем 1 месец (фудбал, баскет, трчање, планинарење) и ако не сакаш да имаш хронични болки понатаму препорачувам Tbl. Osteoflex plus 1x1 по една на ден во тек на два месеца

тоа е тоа, со ова заштедивте неколку илјадарки(систина,ремедика,неуромедика..) малтеретирање и чекање во ред на државните Ј.З Установи (болници, поликлиники)
 
Абе луѓе во кој век живеете бре, каков кромид каква зелка ние докторите за кој к**р сме.
тоа е тоа, со ова заштедивте неколку илјадарки(систина,ремедика,неуромедика..) малтеретирање и чекање во ред на државните Ј.З Установи (болници, поликлиники)
Докторе, а да си ја работиш работата како што треба и да не препишуваш таблети на невидено?
Што ако некој е алергичен на тие таблети или не смее да ги пие заради некоја друга терапија? Како така си изнапиша и уште на крај заклучи дека ич не мораат да одат на доктор? Да беше така на webMD сите ќе си наоѓаа дијагноза и ќе се лечеа по форуми.
Не си ја срами професијата со вакви постови.
 
Абе луѓе во кој век живеете бре, каков кромид каква зелка ние докторите за кој к**р сме. Ако ја сјебеш колата одма ја носиш на мајстор за поправка ако ја сјебеш ногата ставаш кој што ќе ти каже( кормид, зелка ,тесто,јајце...) или кој што чул (топла вода, сапун.....) абе не си играјте со здравје после крив ќе ти е „роле“ што цел живот алипен ке ти остане скочниот зглоб. Абе македонска работа, шо не земеш сам колата да ја чукаш со тесла да ја поправиш..... за се широкогради а за здравје никој нејќе динар да потроши.

1. идеш на ортопед за преглед и ренген слика
2.ако нема скршеница и е само шинување - дисторзија (тоа вклучува и парцијална руптура на некој од лигаментите) ги земаш 7 до 10 дена следниве работи:
* Tbl.Parafen 3x1 ( sabajle , na pladne i navecer posle jadenje)
** Tbl. Chymoral 3x2 (sabajle , na plade, navecer pred jadenje)
*** Gel. Ice Power Cold 3x1 ( se mackas okolu cel skocen zglob so lesni kruzni dvizenja 1-2 min. dodeka da se isusi gelot , 3-4 pati na den, vo aptekite na eurofarm e najeftin) потоа ставаш стегач
**** првиот ден од повреда земаш мраз неколку коцки ги ставаш во најлонче и држиш над местото со најголем оток по 20-30 мин 4-5пати во тек на денот (само првиот ден од повреда после тоа нема ефект)
***** Купуваш стегач еластичен за скочен зглоб и го носиш 20 дена

3. По закрепнување, не оптеретуваш барем 1 месец (фудбал, баскет, трчање, планинарење) и ако не сакаш да имаш хронични болки понатаму препорачувам Tbl. Osteoflex plus 1x1 по една на ден во тек на два месеца

тоа е тоа, со ова заштедивте неколку илјадарки(систина,ремедика,неуромедика..) малтеретирање и чекање во ред на државните Ј.З Установи (болници, поликлиники)

pa toa be bate...poradi vakvite ko tebe cveta zdravstvoto u makedonija...pa ti mozes slobodno so ivan iscelitelot pod ruka..
 
абе прифати совет од лекар ако сакаш тоа е по желба ,а неможам јас во денешно време да гледам совети стави зелка, стави кромид...
Мојот совет е во тек со времево не значи дека не треба да се оди на лекар, сигурно си ја скокнал точка 1
има многу други препарати и лекови коишто можат да се користат во вакви ситуации. Ова чисто е моја една од многуте препораки која што е 100 пати подобра од ставање зелка и кромид
 
Back
На врв Bottom