- Член од
- 21 август 2010
- Мислења
- 209
- Поени од реакции
- 7
Јас имам Спарк веќе 2 години. И со оглед на тоа какви се условите во Скопје не би го сменила за ништо. За паркинк никогаш немаш проблем, внатре е стварно комфорен има доста простор, а и симпатичен ми е мене. Баш ми е сладок затоа што е малечок, токму како кутивче како што кажа ти. Баш женска кола. Друга работа е што потрошувачката му е мала(за во град,а за на автопат да не речам џабе). Ставаш бензин и забораваш кога последен пат си ставил(не баш во буквална смисла туку споредено со други возила
), супер е ако го користиш за секој ден, до работа, до факултет... Инаку за на автопат го имам возено неколку пати и крева да, до кај 120. Лесен е и серво воланот може малку да прави проблеми( Мораш да го држиш малку поцврсто со двете раце, зашто и при најмал покрет на воланот колата многу лесно и нагло се поместува). Значи не е стабилен за на автопат тоа е факт сепак не може да се спореди со некои големи коли, ама како и да е како што рече некој погоре ако ти е за во град (и понекогаш на автопат) тогаш нема да згрешиш:salut:
--- надополнето ---
Инаку за цените сега не сум баш информирана пошто мојот е од стариот тип, кога беше основниот 6100 мислам а овој со дополнителна опрема 7200 или така нешто. Само штета што нема клима, на денешно време климата стана неопходна

--- надополнето ---
Инаку за цените сега не сум баш информирана пошто мојот е од стариот тип, кога беше основниот 6100 мислам а овој со дополнителна опрема 7200 или така нешто. Само штета што нема клима, на денешно време климата стана неопходна