Шевролет спарк

  • Креатор на темата Креатор на темата Чај
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам Спарк веќе 2 години. И со оглед на тоа какви се условите во Скопје не би го сменила за ништо. За паркинк никогаш немаш проблем, внатре е стварно комфорен има доста простор, а и симпатичен ми е мене. Баш ми е сладок затоа што е малечок, токму како кутивче како што кажа ти. Баш женска кола. Друга работа е што потрошувачката му е мала(за во град,а за на автопат да не речам џабе). Ставаш бензин и забораваш кога последен пат си ставил(не баш во буквална смисла туку споредено со други возила :)), супер е ако го користиш за секој ден, до работа, до факултет... Инаку за на автопат го имам возено неколку пати и крева да, до кај 120. Лесен е и серво воланот може малку да прави проблеми( Мораш да го држиш малку поцврсто со двете раце, зашто и при најмал покрет на воланот колата многу лесно и нагло се поместува). Значи не е стабилен за на автопат тоа е факт сепак не може да се спореди со некои големи коли, ама како и да е како што рече некој погоре ако ти е за во град (и понекогаш на автопат) тогаш нема да згрешиш:salut:

--- надополнето ---

Инаку за цените сега не сум баш информирана пошто мојот е од стариот тип, кога беше основниот 6100 мислам а овој со дополнителна опрема 7200 или така нешто. Само штета што нема клима, на денешно време климата стана неопходна
 
а дали си го погледнал според мене број еден Киа Пиканто и тоа е тука негде со цена околу 7000 евра и стварно Киа прави лом на пазарот доста луге познавам што имаат киа и се доста задоволни:smir:
 
Јас имам Спарк веќе 2 години. И со оглед на тоа какви се условите во Скопје не би го сменила за ништо. За паркинк никогаш немаш проблем, внатре е стварно комфорен има доста простор, а и симпатичен ми е мене. Баш ми е сладок затоа што е малечок, токму како кутивче како што кажа ти. Баш женска кола. Друга работа е што потрошувачката му е мала(за во град,а за на автопат да не речам џабе). Ставаш бензин и забораваш кога последен пат си ставил(не баш во буквална смисла туку споредено со други возила :)), супер е ако го користиш за секој ден, до работа, до факултет... Инаку за на автопат го имам возено неколку пати и крева да, до кај 120. Лесен е и серво воланот може малку да прави проблеми( Мораш да го држиш малку поцврсто со двете раце, зашто и при најмал покрет на воланот колата многу лесно и нагло се поместува). Значи не е стабилен за на автопат тоа е факт сепак не може да се спореди со некои големи коли, ама како и да е како што рече некој погоре ако ти е за во град (и понекогаш на автопат) тогаш нема да згрешиш:salut:

--- надополнето ---

Инаку за цените сега не сум баш информирана пошто мојот е од стариот тип, кога беше основниот 6100 мислам а овој со дополнителна опрема 7200 или така нешто. Само штета што нема клима, на денешно време климата стана неопходна
Тоа е за стариот Спарк, новиот е каде-каде подобар... но и поскап.
 
Тоа е за стариот Спарк, новиот е каде-каде подобар... но и поскап.
:) Тоа и јас го реков (инаку го имам 3години, грешка бев). Јас конкретно кажав дека сум задоволна од овој што го имам, за новиот не можам да кажам немам искуство со него освен дека на изглед е супер. Тој што знае нешто повеќе за него нека и каже. Што се однесува до цените стариот тип мислам дека е сега уште поевтин, а новиот секако дека е поскап
 
За тие пари земи си голф 4 тди и господ да те види :)
Да ти се мочам во гољфот... прајме муабет за девока шо треба да вози мала кола низ град. А не да лежи под неа.


Јас би се подумал измеѓу спарк и сузуки алто. Другар мој има купено, баш е кул количето. Се имам возено неколку пати, и напред и назад е солидно. Било кое од двете, би било топ избор за жена возач. За Киа пиканто незнам не сум имал прилика да се возам... вреди да се погледне, а не го заборавај и Citroen C1/Peugeot 1007...

Па да се пофалиш кога ќе одлучиш.
 
Ааааа никако пежо 107 изгледа како правосмукалката на мама:)
За овај спарк иначе зборувам

504137826_148af6b61a.jpg


Викат оти има мала потрошувачка вака лесна кола ми изгледа (барем да можам да ја паркирам :kesa: ) и така:)
 
u redu e sparkceto, a toa za potrosnja ne glej uopste vo skopje nemozes da izmeris potrosnja so trgni zastani i koloni i sranja
 
Во врска со стариот Спарк, види го постот на Малечко. По мене, не се исплати - цената му е 7.000 колку што гледам, а новиот Спарк со клима и подобра опрема можеш да го земеш веќе за 7.500: http://www.automakedonija.com.mk/chevrolet/webcontent/file_library/%D0%A6%D0%95%D0%9D%D0%9E%D0%92%D0%9D%D0%98%D0%9A%20_NEW%20SPARK_2010_Q4.pdf

ПС. За опремата всушност не сум сигурен, не знам со што се доаѓа стариот Спарк, но би требало да се барем тука негде.
 
Убав е ко за тебе, и така ќе го избувташ уште првите два месеци.
 
Спаркот е супер количе. Само што Матизот е подобар :) Во секоја смисла :)
 
Ааааа никако пежо 107 изгледа како правосмукалката на мама:)
За овај спарк иначе зборувам

504137826_148af6b61a.jpg


Викат оти има мала потрошувачка вака лесна кола ми изгледа (барем да можам да ја паркирам :kesa: ) и така:)
Да,троши мошне малку бидејќи има мал мотор и лесна каросерија.Но,би те советувал да си земеш побезбедно возило имајќи го во предвид фактот дека возење низ Скопје е како возење на автопат,така да разгледај малце на www.euroncap.com и види кои од новите модели добро се однесуваат на краш-тестовите.Не е сеедно чуството кога се возиш во мало тенкче со 6 аирбега и АБС или во лимено кутивче со 1 аирбег и волан како сериска опрема.,Но секој си е со среќата нели? Би ти ги препорачал Hyundai i10,Chevrolet Spark(новиот),Peugeot 107(заедно со своите браќа) и сл.на нив.Сите овие кои ги споменав имаат добри резултати на краш-тестовите.Поздрав
 
Ja bi idel so Citroen C1, Peugeot 107 ili Toyota Aygo toa ti se isti koli vo razlicno pakuvanje so motor 1.0 tri klipa 12 ventili iznenaduvacki brz a cenata e tuka negde so sparkot moze nesto poskapo.
 
Ич не ми се бендисува hundai I 10 а и овие пежо 107 тие се ептен тесни ееееептен како правосмукалка ми изгледаат:)
Мене муабетот ми беше само да знам што ќе возам пошто и онака јас не го земам друг ќе ми го земи ми требаше само инфо за шевролетот:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom