Sherlock

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Sherlock.

Само три епизоди се досега и толку се од прва сезона, ја гледав само првата епизода. И слободно можам да речам дека нема подобро нешто или слично на него како на пример играните филмови постарата серија исто така со Шерлок Холмс, екранизираниот Херкул Поаро е далеку под ниво. Супер мини серија спрема првата епизода наредните денови од утре ќе ги гледам и другите две. Ако сакате вакво нешто апсолутно има да ве здрви, знам на почетокот и јас бев скептичен Шерлок Холмс во денешно време тралала, ама подобро екранизирано нешто нема: Не читајте на IMDB за содржината на епизодата оставете да ве изненади. Утре ќе ја гледам пак првата епизода затоа што начинот на дедукција од страна на Шерлок е премногу брз за одредени нешта ама сепак содржината е кристално јасна.
 
Ја гледав третата епизода малку сум разочаран затоа што го дознав Мориарти одма кој е, и на крајот излезе дека е тој. Кога јас го дознав а Шерлок не, тогаш има серииозна дупка во сценариот или е само повторливо клише.
Почетното мое мислење беше само кога ја изгледав првата епизода каја навистина беше фантастична, втората беше просечна третата предвидлива.
 
Пишувам само за да се активираат луѓево и ОБАВЕЗНО да ја гледаат серијава ако може да се каже серија од по 3 епизоди од сезона а секоја епизода трае по сат и пол.

Како и да е како и 1 та така и 2та сезона беше феноменална посебно последната епизода од 2та сезона. Штета што нема повеќе епизоди по сезона но можеби затоа и квалитетот е на високо ниво.
 
Ја гледав третата епизода малку сум разочаран затоа што го дознав Мориарти одма кој е, и на крајот излезе дека е тој. Кога јас го дознав а Шерлок не, тогаш има серииозна дупка во сценариот или е само повторливо клише.
Почетното мое мислење беше само кога ја изгледав првата епизода каја навистина беше фантастична, втората беше просечна третата предвидлива.

Па добро ти се фокусираш на ликовите што ги глеаш у една епизода ( еве 10-20 нека се ) а Шерлок денвно гледа многу поише луѓе ( а и не се замара со the common people ), а ем Мориарти имаше солидна маска :icon_lol:

Глеј ја трета сезона ќе видиш дали знаеш кој е Мориарити :)
 
Ги изгледав првите две сезони и дури сега гледам дека излегла уште една епизода од третата.
 
Ги изгледав првите две сезони и дури сега гледам дека излегла уште една епизода од третата.

Епизода од трета сезона? Не најдов ништо такво. Најавена е за први јануари спрема ИМДБ.
Не е реткост да излезат епизоди од серии порано по торенти , ама ова ептен рано е некако.
 
Епизода од трета сезона? Не најдов ништо такво. Најавена е за први јануари спрема ИМДБ.
Не е реткост да излезат епизоди од серии порано по торенти , ама ова ептен рано е некако.
Се базирав на постот погоре од Fear and loathing кога реков дека излегла епизода од трета сезона. Тој најверојатно мислел за трета епизода од првата сезона. Проверив утрово на замунда и немаше ништо, на останати сајтови не проверив.
 
A колку ме израдува само да знајш.
Нема никаде иначе , секаде проверив , све живо превртив!
Фиар или книгите ги чита или некој од постарите серии ги гледа и не истрола убо :)
Имам начекано по телевизииве нешто од оваа: http://www.imdb.com/title/tt0086661/
Доста добра е , посебно карактерот на Шерлок е интересно обработен. Што не е случај споредено со оваа!
 
Оди на Наша ТВ секој четврток, јас сум фан на книгите и бев скептичен акко ќе работи Шерлок во модерно време и искрено не му е лошо направена серијава. Малку што ме нервира е што го направиле совршен и без мани што не е случај во книгите каде што е се дрогира додека не работи на случај. http://www.nasatv.com.mk/pages/programa4.htm
 
Немам навика да гледам серии на ТВ штознам, планирам да ја изгледам постарава кога ќе заврши оваа.
Баш тоа сакав да посочам за ликот во серијава. И јас бев скептичен и ја почнав ептен негативно настроен али добро сработено е се на се во целост. Вотсон и Шерлок се ептен погодени како ликови визуелно , карактерните особини и навики се испоставени а дел заменети/измешани со елементи без кои не се може во денешно време!

Пример пушењето и фамозното луле на Шерлок е заменето со никотински фластери како одвикнување и ред други работи. Ќути виолината на ја имаат заменето со миксета. Дрогата онака провизорно е спомната само , ништо повеќе! Се се врти околу случајот само а ретко во градењето на ликовите , што лично мене ми е поинтересно за гледање.
 
Серијава е одлична, се е многу добро осмислено.. секоја чест.
Можеби затоа им треба многу време додека излезе нова сезона .. а и малку епизоди има.
Супер серија
 
Се базирав на постот погоре од Fear and loathing кога реков дека излегла епизода од трета сезона. Тој најверојатно мислел за трета епизода од првата сезона. Проверив утрово на замунда и немаше ништо, на останати сајтови не проверив.

Грешка имам ја, мислев на 3 епизода од 2 сезона у постот :)
 
Само што ја изгледав првата епизода. Интересна модерна верзија на Шерлок и др.Вотсон. Се согласувам со коментарот некој пост погоре, мислам дека вистински ликови се избрани. Ме воодушеви глумата на личноста која го глуми Шерлок добар избор е. Од она што ми остави како впечаток е фантастично осмисленото сценарио, дефинитивно се чувствувам како страните од книгата да ми се прелистуваат пред очиве. Од една епизода се заразив. Инересен ми е фактот што има малку епизоди во сезона и отскокнува од она клише на епизода спакувана во 30 минути. Тоа покажува само колку совршено е и спакувано за фанатици на крими-драма жанрови.(y)
 
Се обидував да ја ''засакам'' серијава ама некако не ми оди .Добри главни актери , добра глума од нив , ама пак не ми штима нешто .Како што напиша човекон погоре , Холмс е склон кон разни опијати за да си го фокусира умот и се користи со маски и преправања за да ги фати криминалците . Колку што видов од првата сезона од тоа ништо немаше . А можеби па многу паламудам наместо да уживам . Како и да е ме потсети барем да ја изгледам повторно со Џереми Брет серијата . Кој сака линк од таа серија еве . На Јутјуб ги има сите епизоди

http://www.youtube.com/watch?v=Pals...xt=C3efa7dcUDOEgsToPDskJJWRglUEwEUDS-jwk9mcAj
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 03:03 ---
А да , ке заборавев за малку . Американците имаат план да направат модернизација на Шерлок Холмс и дејствијето ке се случува во Њу Јорк . Многу креативни луѓе това Американциве ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom