Serie A 2026/27

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Интер

  • Наполи

  • Рома

  • Комо

  • Милан

  • Јувентус

  • Аталанта

  • Лацио

  • Фиорентина

  • некој друг


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
11 октомври 2010
Мислења
7.803
Поени од реакции
27.949
1785963307983.png



Сезона број 125 во италијанскиот фудбал. На многумина одмилен поради се поголемата разлика во однос на богатите европски клубови, но традицијата си продолжува.
Или да се изразам сладоледџиски, кучињата лаат караванот си врви.

Новата сезона ќе врви без Верона, Пиза и Кремонезе кои испаднаа во Серија Б, а нивните места ги пополнија Венеција, Монца и Фросиноне.

Летните трансфер возбудувања се се' помалку затоа што веќе ни со турските тимови не можат да се натпреваруваат, но тоа не значи дека е така и на тренерските позиции.
Па така, оваа сезона Алегри иако не му успеа со Милан да се пласира, ќе го води Наполи во ЛШ од каде Конте напушти. Гатузо доби нова шанса во Лацио додека Сари ќе ја предводи Аталанта. Рубен Аморим е новиот тренер кај Милан а омилениот форумџиски тренер Иван Јуриќ ќе ја предводи Монца.
Фиорентина која изгледа сериозна во намерата да биде се поконкурентна, и досега е тимот кој е најактивен на трансфер маркетот, го ангажираа и Гросо кој претходно го водеше Сасуоло. Таму пак, нов тренер е Аквилани кој ова ќе му биде прво искуство во Серија А.

За прв пат после многу години, ниту Јуве ниту Милан ќе играат ЛШ, па овогодинешните претставници во најсилното европско натпреварување се Интер, Наполи, Рома и Комо.
Милан и Јуве во ЛЕ а Аталанта ќе биде единствениот претставник во Конференциската лига.

Сезоната ќе започне на 22ри Август, во 18:30. Интер против Монца и Удинезе против Комо.
Првите три кола ќе се играат исклучиво после 18 часот заради високите температури а од 11ти Септември ќе го имаме и на секому омилениот термин 12.30 во Недела, како и мечеви во 15, 18 и 20.45 часот.


Комплетен распоред можете да најдете на официјалната веб страна - https://en.legaseriea.it/serie-a/fixtures-results
 
Уште една сезона за нас форумските ветерани, сега уште постари, со помалку коса, повеќе обврски, но подготвени меѓусебно да се пичкарат за секој пенал, поништен гол, споредба меѓу фудбалери... нормално, калчополи.
 
Многу добри гостински дресови извади Рома за оваа сезона. Немам слика, гуглајте.
 

Attachments

  • IMG_3404.jpeg
    IMG_3404.jpeg
    361,8 KB · Прегледи: 32
  • IMG_3403.jpeg
    IMG_3403.jpeg
    248,8 KB · Прегледи: 31
  • IMG_3402.jpeg
    IMG_3402.jpeg
    107,7 KB · Прегледи: 31
Како ова ви е добар дрес бе?

What The Hell Wtf GIF by CaptainBNB
 
На Фросиноне и Венеција треба да им се забрани веќе влез у прва лига.
Пак експресно ќе ги вратат назад.
 
На Фросиноне и Венеција треба да им се забрани веќе влез у прва лига.
Пак експресно ќе ги вратат назад.

Венеција добро се засилија и не верувам да испаднат.
 
Уште една сезона за нас форумските ветерани, сега уште постари, со помалку коса, повеќе обврски, но подготвени меѓусебно да се пичкарат за секој пенал, поништен гол, споредба меѓу фудбалери... нормално, калчополи.
Nekoi bez kosa, nekoi beli u kosa.. kako Cobeto :P
 
Со првава слика ваљда сакаат да кажат дека дресот иде у секоја комбинација. Со фармерки, панталони па дури и со пижами како Кристанте.
 
Back
На врв Bottom