Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар тренер?


  • Вкупно гласачи
    35
  • Гласањето ќе се затвори: .
На Алегри треба да му се забрани да во води тим во Серија А и B, од сега само во трета лига или надоле може да работи.
Господе боже ваков антифудбал, пристап и филозофија да поставиш против Каљари кои играа небитна утакмица за нив во најбитната утакмица за Милан сезонава е најцрната точка во поновата фудбалска историја на Милан и Серија А.
Овој дебакл на Алегри со години ќе се збори и засекогаш ќе биде испишан во историјата на Италијанскиот фудбал.
Ја изгуби најбитната утакмица и покрај водство во втората минута против факинг Каљари.
Милан без тренер да играа ќе ја добиеа оваа утакмица.
Каква кукавица од тренер, да ти ебам прагматизам и низок блок, да ти ја ебам ќерката и се женски по список.
 
Обратно треба да е по секоја логика.
Ако квалитетот на лигата како целина паѓа, треба да им е полесно на гигантите да обезбедуваат места во ЛШ.

Значи не ќе да им е "слабата лига" виновник на Милан и Јувентус што не можат топ4 да фатат, туку слабите играчи што ги имаат.
изгубија купоЈ бодови против слабите екипи кои испаднаа или беа близу до испаѓање, што има повеќе да се зборува за квалитетот

фудбалот со одење одамна е завршен во било која посериозна лига
 
Колку и да не ми се допаѓа ова што му се случи на Милан, мило ми е што е срушен тој глуп мит резултати вс убав фудбал.

И тоа италијанскиот крал на таа идеологија, ја погреба.


За да развиеш подобри фудбалери, кои што ќе прават разлика, мора да им дадеш шанса да играат, да се развива нивниот талент, да дојдат до израз техниката, креативноста, а потоа тие ќе ти вратат кога ќе треба и прагматично да се игра.


Со гушење на талент, не бива ништо.
 
Последно уредено:
Ај сеа вака..

Свилар е доктор за 3цата голмани на Јуве
Зеки Челик го бара Јуве летово. Весли е најдобар офанзивен бек во лигата(интераши не скокајте). Манчини, Ндика и Хермосо ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ пред сите одбранбени на Јуве, освен можда Бремер кога е здрав.

Средина го изостави, намерно или не, Ману Коне. Најдобар B2B везњак у Италија, прв везњак у Француска репка и доктор за Турам. Кристанте-Локатели е тука негде.
Брат според ова како да го опишуваш шампионот на Италија, а не тимот што со 5 победи по ред на крајот едвај обезбеди пласман во ЛШ.

Инаку би рекол дека муабетот ти е на место... додека не ги прочитав имињата на Манчини и особено Кристанте :pos:

На овие двајца мајките да им ги прашаш, онака искрено, дали вашите деца се добри фудбалери, нема да може да кажат да, а камоли да кажат дека, пази бога ти, Манчини бил подобар дефанзивец од сите во Јувентус, освен, можеби (онака можеби) од Бремер не. Значи според тебе Манчини = Бремер :icon_lol:

За Кристанте стварно не знам дали гледаме ист фудбал или ме заебаваш.
31 годишен потпросек, ниту техника, ниту визија, а ниту особено нешто дефанзива. Цела кариера во Аталанта и Рома, буквално олицетворение на италијанските фудбалери, поради кои Италија 3 пати по ред не оди на светско.

Знам дека ве понесе еуфорија, знам дека ЛШ последен пат игравте пред 7 или 8 години и дека на крајот од денот Рома заврши пред Јувентус па може да ми ја пастирате табелата, ама многу брзо ќе се соочите со реалноста. Тоа ќе се случи кога ќе играте ЛШ и лига догодина, што е многу потешко од ЛЕ, па ќе видиме со велелепните Манчини и Кристанте до кај ќе одите.

И ако уште некој ми каже дека Јувентус го барал Зеки Челик ќе се убијам.
Како побогу тоа што Јувентус го бара е доказ дека е добар фудбалер?!
 
@DeviAngel брат уште сметаш дека Глобил е квалитетен тренер? За ќерка му знам дека е квалитетна во друго нешто, ама за татко и прашувам :icon_lol:
 
Периката аут, изгледа тоа вчера беше последна пресконференција каде што им даде поддршка на Интер со свиткан опаш :pos:
 
Не знам за другите ама знам дека уште пред да почне сезоната пишував негде низ темиве дека Милан има ужасен тим, скроз небалансиран, и дека ќе гребат за ЛШ. На полусезона, кога беа во игра за титула искрено за мене беше шок, али очекував да изборат место во ЛШ со оглед на тоа дека имаа добра залиха на бодови.

Не ми е јасно како опстојуваат се уште тренери како Алегри, разбирам друже дека тимот не ти е врвен, играчите се тие, ама брате она што го игра Милан не би го посакал ни на душман, па пре би прифатил да го гледам Интер од 2015 година со Гаргањо, Карја и Паласио во тим отколку ова што го игра Милан. Вчера како Каљари да бркаше победа, а не Милан, е така изгледаше тоа на терен.

Им се акна све од глава, прво на тоа гомното турско небањато, самопрогласениот крал на фудбалот, Ибрахимовиќ, а потоа и на останатите, пред се Таре магот кој им еба матер со трансферите летоска, за Јашари платија ако не се лажам 36 милиони евра. :ROFLMAO:

Ме боли кур за Милан ама најдобро за нив е да пробаат со некој помлад тренер, макар и поанонимус, не мора да е познат, отколку со Алегри и таквите скапаници кои цел живот се шлепачи и нивниот стил на фудбал умре пред 20 години.
 
Иначе за жалопојките дека пропаднала Серие А, напротив. Лигата не пропаѓа затоа што некој од големите не се пласирал во ЛШ. Лигата почна да пропаѓа кога во последните неколку кола ја тргаа од тикет, коефициентите беа 1.15 и кому што му требаше си земаше, затоа што се беше наредено. Убаво е да се види помали екипи на кои не им треба ништо како ги плескаат екипите што се борат за ЛШ во последно коло. Убаво е да се види нова екипа како Комо иако тоа ќе потрае неколку години и ќе се врати во заборав, но добро е тоа што играат вистински фудбал.

Ова е на долг рок добра работа и за Јувентус и за Милан. Иако ова не прави повеќе радосни од освоено скудето. Да го парафразирам Тирион Ланистер: Watching your teams fail to qualify for UCL gives me more pleasure than thousand Scudetos.

Но ова е добра работа за нив, лоша работа беше на пример за Милан кога Сасуоло им се тргаа (да, @Марли) и ги оставија да земат титула, па помислија дека се јаки, се споредуваа со Интер и изгубија уште неколку години заглавени во илузии дека имаат проект. Мене повеќе ваквите работи ме плашат затоа што ги тера екипите да направат комплетен ресет и да се вратат на некои подобри патеки.

Во меѓувреме, за Интер се освен скудето следнава сезона ќе биде неуспех. Да го почекаме крајот на трансфер маркетот, ама би било срамота вакви размонтирани Јувентус и Милан да се конкуренти за титула. Наполи можеби, да видиме кој ќе дојде после Конте, но Интер во моментов има тим за околу 90 поени по сезона што е тешко достижно за другите.

Жал ми е исто што го банирав форца ацм и сега којзнае каде пишува есеј за Милан, Кресненското Востание и Чириако Сфорца. Сакам во оваа прилика да му посакам пријатни четвртоци. :kafence:
 
ауу какво последно коло каков шок за Милан и Јуве.. претходно пишав, имам голема желба Милан да не оди во ЛШ, на сметка на Јуве кој ваков таков се стабилизира со Спалети, направија некој идентитет и игра, убав фудбал за очи и стварање многу шанси по утакмица. Ние имавме среќа што не само што го имаме најдобриот голман у лигата, туку што Јубе имаа голман што е во минус со стандардите да брани во Лече, каде на Фалконе лабаво ќе биде резерва.

Али ни во најлудите замисли не очекував покрај Милан и Јуве да не се пласира во ЛШ и вчера искрено ми се направи голем кејф, поготово што во ЛШ отиде Комо, екипа што игра вистински модерен фудбал, вајда новата Атланта и следните години од време на време мош ќе фаќаат ЛШ на сметка на некој од поголемите клубови.

За дискусијата кој има подобар состав од Јуве и Рома, самиот трансфер маркет кажува дека Јуве на хартија има за 100мил подобар состав, можеби и повеќе не сум видел. Али кога ќе се разгледа детално како што спомнав Јуве имаат голман за Сериа Б, тоа што Јилдиз вреди 100мил не може ништо да помогне на голманската позиција каде вредноста е минус 5мил. Одбраната точно Бремер кога е здрав е подобар од сите дефанзивци на Рома, али заборавате дека Рома го има Ндичка, кој е блиску до квалитетот на Бремер, доста подценет играч. И џабе најдобар кога го немате цела година здрав и пропушта натпревари, ако така споредуваме еве погледнете го Дибала последните 3-4 натпревари здрав што прави, ја подигна играта на Рома за две нивоа. Заборавате каков играч беше Хермосо под симеоне во атлетико, Гасперини му ја врати формата и кондицијата и стана примерен бек, незнам Калулу и Кели во што се толку подобри од него? и за крај останаа двајцата сирови дрва Гати и Манчини, со тоа што Манчини го ставам како подобар и поискусен, Гати за некоја година ќе го достигне нивото на Манчини и толку ќе му биде, некогаш не бива и без такви Матераци тип на играчи кои пожелно е да ги имаш во тим и можат да бидат пд корист ако тимот ти е скоцкан. Средината Јуве има играч од 60мил ама што ако кога не придонесува како еден Писили, Локатели и Кристанте исти курац, ќе поврнам ако почнам нив да ги анализирам, испод чест ми е тоа, ќе ми се слоши, исто осетив таков нагон сега кога зборував за Гати и Манчини.
Доаѓаме до Коне-Турам, ми се допаѓа Турам како среднњак, подобар е за нијанса во офанзива од Коне, али Коне онака лабаво е покорисен средњак од Турам, самото тоа што Дешамп не го вади од прва постава при толку средњаци во Франција, а Турам мислам не е ни земен кажува нешто. Во напад Јуве има повеќе опции, поквалитетни на хартија, ама повторно примерот со Копмајнерс се и Опенда и Давид, дали е до средина до филозофија или се работи за превара од играчи незнам, ама знам дека Мален за нив изгледа моментално како Р9, две класи подобар од нив.

И да не заборавиме, Рома оваа година после Јануари го надмина Наполи во повреди на главните играчи и првата полусезона страдаше од немање на квалитетен шпиц, да беше Мален од почеток гарантирам дека ќе имавме 3-4 бода повеќе. Во првата полусезона Суле ги влечеше конците, закачи после јануари, некоја болест ради која еве цела полусезона неможеше да се оправи, а и беше 3 месеци аут, исто и Дубала 2-3 месеци, проблемот беше што и тие што требаше како замени да помогнат беа повредени Довбик Фергусон цела полусезона, Шарави 2 и пол месеци и Пелегрини скоро два месеци па се играше у напад до Вентурино некој си и Писили понапред и како така нашиот тренер успеваше поналите да ги тепа и со тие играчи. И за крај доаѓаме до нашиот тренер, главна причина што фативме ЛШ и главна прилина што ете завршивме пред Милан и Јуве, во кој од овие два тима да го водеше Гасперини ќе играа ЛШ, цела сезона сиромашкиот се расправаше со повреди крпен состав, исклучени напаѓачи кои ништо не доставуваа, бараше еден тип на играчи му донасаа сосем други, се искара и со Масара и Раниери ради таа политика, успеја паралелно покрај водење на клубот секоја недела, да ги отргне, знаејќи со каков ризик и притисок ќе дочека, поготово ради Раниери и целиот тој хаос не дозволи екипата да се дефокусира, ги држеше цврста а за живо чудо сите го следеа до крај, иако во клубот има 3-4 играчи како Пелегрини, Дибала, Челик и Шарави кои им завршуваат договорите на лето и на никој немаше знак дека ќе се продолжува. Во таква атмосфера во која у секој момент можеше да се случи хаос ради сите причини што ги навројав да го држиш тимот како цело единство и да го мотивираш не е мала работа и можам само капа да му симнам.


Сега следува болната работа, еден или двајца јаки играчи ќе си одат до 30ти јуни, али после тоа се очекува тимот да се засили уште повеќе и верувам ќе се потроши можеби и над 200мил и едвај чекам да видам спедната година на терен дали полека ќе почне да се игра оној фудбал што се играше во Аталанта, а во Рома оваа година не го видовме ради икс причини. Вчерашната вечер неможеше да биде поубава, позз до сите фанови на Милан и Јуве:smirce:
 
Кога ја гледам листата на стрелци, срам ме фаќа.
Прв стрелец со 17 голови, втор со 14.

За споредба, 19/20 сезона, Роналдо е втор стрелец во лига со 31 гол, Имобиле прв со 36.

Прочепкав малку статистика, оваа 25/26 сезона е со најмал просек постигнати голови по меч во последните 34 години.

Сезонава има просек од 2.42 гола по меч, 91/92 е последната сезона со помал просек - 2.27.

Колку за споредба, лани биле 2.56 (што пак е меѓу послабите сезони), додека во 19/20 и 20/21 биле со просек над 3 гола по натпревар- односно 3.04 и 3.06.

Знам дека тоа не е клучен показател, ама факт е дека сезонава беше многу, ама многу лоша од аспект на квалитет, со исклучок на Интер, кој си изигра рутински, шампионски и ефикасно.
 
Кога ја гледам листата на стрелци, срам ме фаќа.
Прв стрелец со 17 голови, втор со 14.

За споредба, 19/20 сезона, Роналдо е втор стрелец во лига со 31 гол, Имобиле прв со 36.

Прочепкав малку статистика, оваа 25/26 сезона е со најмал просек постигнати голови по меч во последните 34 години.

Сезонава има просек од 2.42 гола по меч, 91/92 е последната сезона со помал просек - 2.27.

Колку за споредба, лани биле 2.56 (што пак е меѓу послабите сезони), додека во 19/20 и 20/21 биле со просек над 3 гола по натпревар- односно 3.04 и 3.06.

Знам дека тоа не е клучен показател, ама факт е дека сезонава беше многу, ама многу лоша од аспект на квалитет, со исклучок на Интер, кој си изигра рутински, шампионски и ефикасно.


IMG_8082.jpeg

Општо веќе позицијата класичен напаѓач изчезнува. Ова е статистика за сезонава во сите поголеми лиги. Головите не се концентрираат кај еден играч и не се игра само за него.
 
Back
На врв Bottom