ауу какво последно коло каков шок за Милан и Јуве.. претходно пишав, имам голема желба Милан да не оди во ЛШ, на сметка на Јуве кој ваков таков се стабилизира со Спалети, направија некој идентитет и игра, убав фудбал за очи и стварање многу шанси по утакмица. Ние имавме среќа што не само што го имаме најдобриот голман у лигата, туку што Јубе имаа голман што е во минус со стандардите да брани во Лече, каде на Фалконе лабаво ќе биде резерва.
Али ни во најлудите замисли не очекував покрај Милан и Јуве да не се пласира во ЛШ и вчера искрено ми се направи голем кејф, поготово што во ЛШ отиде Комо, екипа што игра вистински модерен фудбал, вајда новата Атланта и следните години од време на време мош ќе фаќаат ЛШ на сметка на некој од поголемите клубови.
За дискусијата кој има подобар состав од Јуве и Рома, самиот трансфер маркет кажува дека Јуве на хартија има за 100мил подобар состав, можеби и повеќе не сум видел. Али кога ќе се разгледа детално како што спомнав Јуве имаат голман за Сериа Б, тоа што Јилдиз вреди 100мил не може ништо да помогне на голманската позиција каде вредноста е минус 5мил. Одбраната точно Бремер кога е здрав е подобар од сите дефанзивци на Рома, али заборавате дека Рома го има Ндичка, кој е блиску до квалитетот на Бремер, доста подценет играч. И џабе најдобар кога го немате цела година здрав и пропушта натпревари, ако така споредуваме еве погледнете го Дибала последните 3-4 натпревари здрав што прави, ја подигна играта на Рома за две нивоа. Заборавате каков играч беше Хермосо под симеоне во атлетико, Гасперини му ја врати формата и кондицијата и стана примерен бек, незнам Калулу и Кели во што се толку подобри од него? и за крај останаа двајцата сирови дрва Гати и Манчини, со тоа што Манчини го ставам како подобар и поискусен, Гати за некоја година ќе го достигне нивото на Манчини и толку ќе му биде, некогаш не бива и без такви Матераци тип на играчи кои пожелно е да ги имаш во тим и можат да бидат пд корист ако тимот ти е скоцкан. Средината Јуве има играч од 60мил ама што ако кога не придонесува како еден Писили, Локатели и Кристанте исти курац, ќе поврнам ако почнам нив да ги анализирам, испод чест ми е тоа, ќе ми се слоши, исто осетив таков нагон сега кога зборував за Гати и Манчини.
Доаѓаме до Коне-Турам, ми се допаѓа Турам како среднњак, подобар е за нијанса во офанзива од Коне, али Коне онака лабаво е покорисен средњак од Турам, самото тоа што Дешамп не го вади од прва постава при толку средњаци во Франција, а Турам мислам не е ни земен кажува нешто. Во напад Јуве има повеќе опции, поквалитетни на хартија, ама повторно примерот со Копмајнерс се и Опенда и Давид, дали е до средина до филозофија или се работи за превара од играчи незнам, ама знам дека Мален за нив изгледа моментално како Р9, две класи подобар од нив.
И да не заборавиме, Рома оваа година после Јануари го надмина Наполи во повреди на главните играчи и првата полусезона страдаше од немање на квалитетен шпиц, да беше Мален од почеток гарантирам дека ќе имавме 3-4 бода повеќе. Во првата полусезона Суле ги влечеше конците, закачи после јануари, некоја болест ради која еве цела полусезона неможеше да се оправи, а и беше 3 месеци аут, исто и Дубала 2-3 месеци, проблемот беше што и тие што требаше како замени да помогнат беа повредени Довбик Фергусон цела полусезона, Шарави 2 и пол месеци и Пелегрини скоро два месеци па се играше у напад до Вентурино некој си и Писили понапред и како така нашиот тренер успеваше поналите да ги тепа и со тие играчи. И за крај доаѓаме до нашиот тренер, главна причина што фативме ЛШ и главна прилина што ете завршивме пред Милан и Јуве, во кој од овие два тима да го водеше Гасперини ќе играа ЛШ, цела сезона сиромашкиот се расправаше со повреди крпен состав, исклучени напаѓачи кои ништо не доставуваа, бараше еден тип на играчи му донасаа сосем други, се искара и со Масара и Раниери ради таа политика, успеја паралелно покрај водење на клубот секоја недела, да ги отргне, знаејќи со каков ризик и притисок ќе дочека, поготово ради Раниери и целиот тој хаос не дозволи екипата да се дефокусира, ги држеше цврста а за живо чудо сите го следеа до крај, иако во клубот има 3-4 играчи како Пелегрини, Дибала, Челик и Шарави кои им завршуваат договорите на лето и на никој немаше знак дека ќе се продолжува. Во таква атмосфера во која у секој момент можеше да се случи хаос ради сите причини што ги навројав да го држиш тимот како цело единство и да го мотивираш не е мала работа и можам само капа да му симнам.
Сега следува болната работа, еден или двајца јаки играчи ќе си одат до 30ти јуни, али после тоа се очекува тимот да се засили уште повеќе и верувам ќе се потроши можеби и над 200мил и едвај чекам да видам спедната година на терен дали полека ќе почне да се игра оној фудбал што се играше во Аталанта, а во Рома оваа година не го видовме ради икс причини. Вчерашната вечер неможеше да биде поубава, позз до сите фанови на Милан и Јуве
