Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да, гледаме Болоња како ги инвестираше парите од ЛШ. ;)

Ама не си ми јасен со ова. Што ти мења тебе дали Болоња инвестира или не? Нема никаква корист никој ако италијанската лига игра со помалку тимови. Кога имаа само тројца претставници во ЛШ почна квалитетот сериозно да опаѓа.
Јас увек сум навивал за калчо екипи во Европа. Мислам на екипи како Болоња, Лацио, Рома и Аталанта кои не се директни ривали како Јуве и Милан.
 
Серија А има длабоко вкоренети системски пречки и затоа е светлосми години назад од Премиер лигата па и Шпанската и Германската лига а клубовите од Италија се неколку скалила подоле од големите Европски клубови и не можат никако да направат напредок.
Во Италија постои екстремна бирократија и тешка политика која ги попречува клубовите да напредуваат,проблем со сопственоста на стадионите,застарена инфраструктура,слаба заработка од тв правата,даночни и финансиски регулативи,плаќаат огромни даноци за да потпишат странски фудбалери и сето ова ги уназадува римовите во Италија.
Наместо лигата да функционира како корпорација фокусирана на профит и напредок во неа често се дешаваат внатрешни конфликти.Малите клубови често се за против било какви реформи во лигата бидејќи се плашат да не ги изгубат и тие мали пари што ги заработуваат а старите волци ДеЛаурентис и Лотито често имаат конфликтни визии како што беше случајот пред некој ден.
Лигата функционира со застарен бизнис модел и се додека не се случат драстични промени во Серија А клубовите не можат да напредуваат и да држат чекор со големите Европски тимови.
 
Премиер лигата нема да дозволи никогаш некој да и се приближи финансиски. УЕФА исто така секогаш ќе ја подржува истата. Затоа и навивачите беа против супер лигата а не заради оние глупи транспаренти за зачувување на фудбалот, фудбалот не е пари итн…

Години работеше ПЛ за да ја помини Серија А во квалитет, права, и остали работи. Интересно е како воведоа по 4 екипи од појаките лиги кога Серија А во тие години одлепуваше со коефициент спрема ПЛ во ЛШ, беа во опасност да го изгубат 4то место во 2017-2018 пошто се елиминираше за новото рангирање 2010/2011. И оп од наредна сезона експресно УЕФА го смена форматот. Тоа и си го прават парите и гледаноста.

Италијанците нека си средат со инфраструктурата прво, нека напрат стадиони, па после нека гледаат во туѓ двор.
 
Не е спорен фудбалскиот квалитет во Серија А но фалат парите кои доаѓаат од модерното менаџирање.
Клубовите од Серија А тешко дека во следниве 5 до 10 години ќе го стигнат нивотот на клубовите од Премиер лигата.
 
Кога веќе англичаните не сакаат, треба некоја од поголемите италијански екипи да го прибери Фабрегас.
 
Наполи играат во дресовите на Интер од пред 2-3 години што им беа :D
 
Наполи играат во дресовите на Интер од пред 2-3 години што им беа :D
Последниве години Наполи вади најдобри дресови. Во споредба со на Интер сезонава што се, изгледа како Интер да игра со дресови шо се стари повеќе од 30 години и ги переле секој ден со доместос. Најк не уништија со опремата последниве години, реткост е да видиш убав дрес на Интер сега.
 
Последниве години Наполи вади најдобри дресови. Во споредба со на Интер сезонава што се, изгледа како Интер да игра со дресови шо се стари повеќе од 30 години и ги переле секој ден со доместос. Најк не уништија со опремата последниве години, реткост е да видиш убав дрес на Интер сега.
последната утакмицa што ја игравте, тој новиот многу лош…


а ја за овој од 2014та сега прогуглав ми заличеа боите вака од тв кога гледам со овие на Наполи, а и морам да признам убав ви беше тој, исто на најк..
 

Attachments

  • IMG_8870.jpeg
    IMG_8870.jpeg
    41,8 KB · Прегледи: 0
Толку од Наполи за титула. Конте кај да е ќе одлепи.

Оваа година е Интер и Милан веројатно и се ќе зависи од колку далеку ќе оди во ЛШ Интер.
 
Вака така слабиот Киву ќе си лапне титула :icon_lol:
 
Вака така слабиот Киву ќе си лапне титула :icon_lol:
Види факт е дека Киву има уште да учи и да се надоградува како тренер. Со поискусен ќе беа уште понапред и ќе имаа дерби победено. Ми се чини во дерби натпреварите па и ЛШ го јадат на искуство, не дека има лоша сезона како за нов тренер.
 
Види факт е дека Киву има уште да учи и да се надоградува како тренер. Со поискусен ќе беа уште понапред и ќе имаа дерби победено. Ми се чини во дерби натпреварите па и ЛШ го јадат на искуство, не дека има лоша сезона како за нов тренер.
Да бидеме искрени Киву е просек, тимот им е просек освен 2-3ца али останатите екипи се далеку под просек.

Зборам у Европски рамки, за Итаљанско си се таман, Алегри руши рекорди кај нас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom