Serie A 2024/25

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?

  • Вкупно гласачи
    73
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ништо не бидува од овие,потребен е целосен ремонт во Милан на лето, да се распродаде се и да се изгради нов тим околу Рајндерс и Пулишич со нов тренер.
 
Јакиот па играч Пулишич.
 
Ништо не бидува од овие,потребен е целосен ремонт во Милан на лето, да се распродаде се и да се изгради нов тим околу Рајндерс и Пулишич со нов тренер.
Пиоли.
 
Чист црвен при вар "не видоа" судииве на Калулу...

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
И за мене беше црвен ова, стварно чекам да видам што објаснување ќе дадат зошто не го викнаа барем да гледа.

Инаку што се замараш со нас, далеку сме од реалноста. Наполи и Аталанта се противниците на Интер сезонава, се друго е крш.
 
Objasnuvanje citav sea deka Perin prv ke stasal do topkata i zatoa, igracot na Bolonja nemal kontrola na istata. Ne vidov taka da ova sto sea procitav od nekoj poranesen var sudija u Italia, na footballitalia aplikacijata.
 
Имаше некои промени во овој дел, нешто со посед на топката. Демек ако нема посед на топката или е јасно дека нема да ја стигне, не е во чиста шанса за гол. Мада не сум сигурен, фаул беше 100% и требаше да го свири, а што картон ќе даде да си види самиот.
 
Инаку што се замараш со нас, далеку сме од реалноста. Наполи и Аталанта се противниците на Интер сезонава, се друго е крш.
Годинава не, ама Јуве у година ќе биде главен конкурент за скудетото. При целосен ремонт летово и нов тренер, пак се горе, тешко примаат гол ама и играчите се гледа дека играат со волја фудбал за разлика од времето на Алегри.
 
Лани беше истиот муабет, не се прави лесно ремонт. Се гледа по врвот на табелата кои екипи се горе, генерално имаат ростер кој е долго време заедно и уигран веќе. Премногу ризици се недокажан тренер и 10 нови играчи, од кои сите потенцијали, никој докажан у голема екипа.
 
Последно уредено:

Не верувам дека лани беше истиот муабет, Алегри им беше тренер, уште од прво коло се глеаше тоа очобол играта. Играчине им беа како со ПТСД да играат со него. Верно е, не се прави лесно ремонт, затоа сезонава ќе бидат у топ 4 на крај, а наредна ќе се борат за Скудето.

Види ги Мбангула и Јилдиз кинат. Летово ќе се ослободат од товарот Влаховиќ и најверојатно ќе го соберат Осимен или ќе инвестираат во некој друг. Одбраната им е добра, 10 кола по ред гол немаа примено. Плус Јуве има значително повеќе приходи од тоа што има сопствен стадион ќе вложи пари и во уште посилни играчи.

Последниве 3 утакмици имаат иксови извадено имаат повредени играчи, иначе ќе беа со ист број бодови како овие горе.
Како и да е, ја вака мислам, па времето ќе каже.
 
Годинава не, ама Јуве у година ќе биде главен конкурент за скудетото. При целосен ремонт летово и нов тренер, пак се горе, тешко примаат гол ама и играчите се гледа дека играат со волја фудбал за разлика од времето на Алегри.
Јас искрено верувам дека Јувентус во овие околности може многу подобро, ама не би можел да тврдам дека догодина ќе бидат главен конкурент за титула. Премногу фактори има за тоа, а во моментот изгледа далеку од тоа.

Сепак ова што се случи денеска е зошто честопати зборувам дека Серија А е многу лоша лига. Покрај тоа што пред две сезони имаа 3 финалисти во Европа, а лани освои Аталанта ЛЕ, сепак овие средните и помалите тимови се жив ужас. Јас не можам да си објаснам како Болоња успеа да прими два гола од овој пропаднат Јувентус, кој не можеше да се состави со топката и имаше апсолутно 2 полушанси за 60 минути, по што им го исклучија и тренерот. Дури ниту реакцијата на Јувентус не беше толку силна, демек нешто сериозно да нападнаа - онака, мех, чисто просечно колку да не биде срамот преголем.
Да имаше уште 5 минути, ни криви ни должни Јувентус ќе направеше и пресврт.
 
Саелемакерс и Ел Шарави главни ударни тупаници на Рома, ај барем ние Миланезите ќе се тешиме дека има некој бетер и од нас :D
 
Со овие мртви термини, комплетно се оди во спротивен правец од тоа по што беше некогаш препознатливо калчото. За мене италијанскиот фудбал значи Недела во три. Фамилијарен ручек, многу често врнежливо или облачно време и Телма на тв. Сега арена има 10 канали, може да пренесува повеќе натпревари во ист термин ама на програмата во 15 часот е единствено Верона Емполи, додека подоцна во 6 часот тоа е Комо со Венеција. Ваљда ќе гледам еден од овие два натпревари, ама интересот ми е минимален.
Најстрашно е што ова го прават за повеќе пари а тимовите се се посиромашни и општо во светот лигата не предизвикува голем интерес. Има интересни тимови, има неизвесност ама го нема веќе шмекот за Калчо. Се загубија комплетно во процесот на враќање на стариот сјај. Супер купот кои се играше во Кина па С.Арабија и најново со фајнл фор е уште еден доказ за лошиот менаџмент.
 
Сабота во 18 часот еден натпревар.
Еден вечерта од 20 30.
Еден во недела вечер од 20 30, честопати некое замаглено дерби Милан-Интер, Интер-Јувентус, Рома-Лацио, Милан-Јуве или пак некоја комплетно утепана утакмица како Палермо-Лече или сл.

Се друго во недела од 15 часот, на Телма еден пренос, а другите лајф резултати на Раи Дуе со Симона Вентура и обојувањето на долниот дел од екранот во боите на оној тим што ќе постигне гол.
 
на раи дуе во недела навечер околу 20:30 после вестите имаше хајлајтси од сите одиграни натпревари, таму ги гледав головите кога немавме интернет пред повеќе од 20 години
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom