Со овие мртви термини, комплетно се оди во спротивен правец од тоа по што беше некогаш препознатливо калчото. За мене италијанскиот фудбал значи Недела во три. Фамилијарен ручек, многу често врнежливо или облачно време и Телма на тв. Сега арена има 10 канали, може да пренесува повеќе натпревари во ист термин ама на програмата во 15 часот е единствено Верона Емполи, додека подоцна во 6 часот тоа е Комо со Венеција. Ваљда ќе гледам еден од овие два натпревари, ама интересот ми е минимален.
Најстрашно е што ова го прават за повеќе пари а тимовите се се посиромашни и општо во светот лигата не предизвикува голем интерес. Има интересни тимови, има неизвесност ама го нема веќе шмекот за Калчо. Се загубија комплетно во процесот на враќање на стариот сјај. Супер купот кои се играше во Кина па С.Арабија и најново со фајнл фор е уште еден доказ за лошиот менаџмент.