Serie A 2023/24

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

И Скудетото оди кај...

  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
“Воопшто не се лоши” е тоа што ја прави разликата од 15+ поени меѓу прв и втор. Не се лоши, ама немаат импакт како Пулишич, или рецимо Маркус Турам у Интер. Реално, јас не гледам дека Адли рецимо некогаш ќе биде капацитет за Милан. Рајндерс, можда. Али да, се сложувам 100% дека има доста голем пад во дел од играчите кои беа битни прошливе сезони. Мајк, можда и Томори, Леао не е на нивото, небитно дали е до него или тренерска визија, едноставно не доставува.

Убаво некој пиша, повеќе разочараа тие што веќе беа во тимот. Мајк бледа сенка од она што го бранеше предходните сезони, Леао исто млитав ама клучната работа беа повредите кај Милан особено во одбрана што се гледа и по бројот на примени голови сезонава, 32 гола на 28 утакмици на исто рамниште по примени голови со тимови како Фиорентина, Монца, Аталанта затоа и таква разлика..

Бенасер 17 утакмици пропуштени
Калулу 20 утакмици пропуштени
Малик 11 утакмици
Томори 9 утакмици
Кјаер 8 утакмици

Кај Интер како водечки Павар, Бастони и Димарко само по 2-3 утакмици пропуштија
 
Вечерва Лацио - Удинезе не беше ИЧ местена....кхм...
 
Може да не се снајде надвор да, Анчелоти изгледаше како пред пензија у Евертон за после тоа да освои ЛШ.

Дури и да иде надвор изборот би бил меѓу Јунајтед, Ливерпул или па Баерн од големи екипи. У Барселона не го гледам не знаат они да играат таков фудбал, ќе му дојде како Мурињо у Реал, мада и тоа бидна :icon_lol:

Анчелоти веќе имаше доста искуство надвор од Италија па затоа му беше полесно да отиде било каде на друго место. Токму во Реал Мадрид беше тренер од 2013-2015, во првата сезона освои ЛШ со нив. Не е чудно што Реал го вратија назад, чудно е што воопшто отиде во Евертон.

Инзаги е малку друга приказна, никогаш не играл ниту бил тренер во странство. Не мислам дека би отишол уште следна сезона во странство, освен ако не е големо име кое не се одбива. Ако отиде во Англија каде можат да го платат добро, ама е некој клуб како на пример Тотенхем, само ќе се посере на професионален план како Конте или Мурињо.
 
Кое искуство го имал Анчелоти у странство пред да отиде у Челзи? Искуство и репутација како тренер да, со оглед на тоа што имаше 2 ЛШ и Скудето со Милан па го насети бродот што тоне и се повлече а со тоа автоматски стана привлечен за останатите европски клубови и отиде у Челзи кој беше у поход тоа време.

Иначе се согласувам дека најглуп потег на Инзаги моментално би бил да сака да се испроба у Премиер лига, ќе има премногу работа кај и да отиде а освен Манчестер Сити ниедна друга екипа не е средена за овој да превземе што би се рекло готова работа. И у Ливерпул има еден куп работа иако на прв поглед не изгледа така. Да не зборам за Манчестер или Челзи.

А и што ќе му е друг предизвик кога само што почна со овој првиот, не верувам дека е толку глуп и од сам старт да биде глорихантер ко Мурињо да сака да го освојува светот пошто само што почна со освојување титули, ова ќе му биде прва голема титула у кариерата и не е ни приближно до ситуацијата на Анчелоти кој 15 години беше тренер пред да напушти од Милан.
 
Се согласувам дека за се има прв пат, сакав да кажам, Инзаги нема на повидок (барем сега) добри опции надвор. Челзи во тоа време беа сериозен клуб па затоа Анчелоти можеше да го направи тој потег, сега нема многу такви места во Англија. Остануваат други имиња од Шпанија или Германија, но тоа би било голем обостран ризик.

Малку си дозволив да зборам како да знам со сигурност затоа што сум фан на Интер па го следам Инзаги, но сепак само претпоставувам врз основа на општо познати работи. Всушност скоро во се се согласувам со твојот пост.
 
Последно уредено:
Можни наследници на Сари да ти се Томазо Роки или Мирослав Клосе... Не знам на што дроги е Лотито, ама сакам и јас да пробам :LOL:
 
Кое искуство го имал Анчелоти у странство пред да отиде у Челзи? Искуство и репутација како тренер да, со оглед на тоа што имаше 2 ЛШ и Скудето со Милан па го насети бродот што тоне и се повлече а со тоа автоматски стана привлечен за останатите европски клубови и отиде у Челзи кој беше у поход тоа време.

Иначе се согласувам дека најглуп потег на Инзаги моментално би бил да сака да се испроба у Премиер лига, ќе има премногу работа кај и да отиде а освен Манчестер Сити ниедна друга екипа не е средена за овој да превземе што би се рекло готова работа. И у Ливерпул има еден куп работа иако на прв поглед не изгледа така. Да не зборам за Манчестер или Челзи.

А и што ќе му е друг предизвик кога само што почна со овој првиот, не верувам дека е толку глуп и од сам старт да биде глорихантер ко Мурињо да сака да го освојува светот пошто само што почна со освојување титули, ова ќе му биде прва голема титула у кариерата и не е ни приближно до ситуацијата на Анчелоти кој 15 години беше тренер пред да напушти од Милан.
Па реално Анчелоти во 10 сезони во Италија и само 1 скудето не е и некоја репутација голема ако се земи во предвид дека имаше дрим тим во Милан а во Јуве го имаше Зидан во најдобрите години. Плус имаше изгубени титули во првенството и во Франција и Германија. Го вадат титулите во ЛШ и со Челзи ама во моментот кога ја напушти Италија не беше толку докажан.
 
Уште слабо со информации зошто како и што бараат, ама нема година да не е интересно калчово со скандали.
 
Па реално Анчелоти во 10 сезони во Италија и само 1 скудето не е и некоја репутација голема ако се земи во предвид дека имаше дрим тим во Милан а во Јуве го имаше Зидан во најдобрите години. Плус имаше изгубени титули во првенството и во Франција и Германија. Го вадат титулите во ЛШ и со Челзи ама во моментот кога ја напушти Италија не беше толку докажан.
Не ми се отвара таа тема пак. :D
 
И сеа колку останавме у европа, да се преброиме не е лошо :cool:
 
Ако ни се изнасмеавте на маката, 2 3 збора, реален муабет - За добро на калчото ќе беше барем еден од трите што поминаа во нокаут фазата да помине, за да се зацементира петтото место во ЛШ за серија А ама не било пишано јбг.
Настрана интер, се изнапишавме на фан клуб мислења, ама Наполи да беше стабилен годинава како лани, ќе ја мавнеше Барса од земја. Ја толку слаба Барса немам гледано никогаш, да се брани од наполи на камп ноу...
Добра работа е што поминаа сите италијани понатаму у Европа лига и конференции се надевам ќе земе некој од нив титула или барем финалиња. Следам фудбал и други лиги глеам по нешто ама барем по мој вкус калчово е најинтересно за гледање, добро ќе биде да се земе пара плус да продолжи да се развива. Грев ќе биде у година Гирона да мава ЛШ со Вест хем, а рома да седи дома или конференција да игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom