Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Глупа е споредбата со Скопје пошто Скопје е ужасно неплански граден, збиен.
Те боли кур тебе, не си од Скопје. :icon_lol:

Едит: ок веќе те одрале, све да си ебам што брзам.
 
Да не е многу ова? Стадионот на Тотенхем чинеше само 200 милиони повеќе, а го градеа од нула.
Многу пари.

The stadium building work will cost a total of 800-900 million euros, but the club expects to bring in increased income to pay off the costs.

Помал стадион е поефтин за изградба и одржување...а колку помалце места а голем интерес за карта толку поскапа карта, на крај пари од влезници и у плус ќе влезат :icon_lol:

Да али твојата логика може да им испадне тотална утка, прашај ги Јувентус со скапите карти што им се деси... Неможе Интер и Милан да изградат мал стадион, просто нема логика тоа да се случи, мислам дека и 60к е премала бројка, треба најмалце 70к.

Здрава логика вика, подобро повеќе навивачи и поефтини карти, отколку скапи карти а мал број на навивачи...

За тебе и мене тоа е никаков проблем, бидејќи еднаш годишно дали одиме или не, но за некој што минимум 20 пати годишно е на стадион и те како ќе им значи ефтини карти...
 
Освен ако Рома има план да изгради стадион на местото на Колосеумот не гледам зашто градот не би им дал земјиште/дозвола за модерен стадион кој ќе биде само од бенефит за сите страни вклучени. Не е Рим некое мало гратче па да нема каде да се гради. Ок, нема веќе место во центарот ама на локацијата каде претходно планираа не гледам друга причина освен немање пари. Тие муабети бирократи и не давале земјиште се намерно пуштени за да се лаже народ. Демек еве имаме ние пари ама градот не јебе па мора да плаќаме на Олимписки комитет (или кој и да е сопственик на Олимпико) за да играме домашни натпревари. Општо познато е дека Италија е една од покорумпираните држави во Европа и ако еден тим има кеш за стадион, ќе изгради без никакви проблеми. Реалноста е дека немаат пари клубовите. Кој имаше, изгради. Сега ја плаќа цената за тој стадион и веќе неколку години не само они (Јуве) туку и другите поголеми клубови работат со загуба и финансиски се неспособни за нов модерен стадион.
Милан и Интер два клуба со години глумат дека се заинтересирани за нов стадион, а на крај ќе испадне да реновираат малку покривот од кај што протекува, ќе залепат некои плакати од надвор да не изгледаат толку старо тие бетонските столбови, ќе осветлат во црвено-плаво-црни бои да не се гледа сивилото и ќе тераат уште 20 години на столчиња од пред 30 години.

Од друга страна го имаш Евертон кој на вода гради супер модерен стадион со капацитет од 53к иако го имаат Гудисон Парк, стадион кој во Италија би бил еден од помодерните ако се види во каква состојба се стадиони како Артемио Франки, Ренцо Барбера, Сан Паоло, Сан Никола, Олимпискиот во Торино, оној на Џенова и Самп, тој во Верона, Болоња.
Евертон во 2017та најавуваат дека ќе го градат новиот стадион, 2021 почнуваат со работа, 2024 ќе го отворат. Рома од 2014та само со бирократи се бори.

А и да не заборавиме дека Рома до пред сезона ипол имаше по 20-25к гледачи во просек на домашен терен.

Многу е просто и едноставно, градот ќе ја изгуби киријата што ја зима од Рома што го користи Олимпико, а исто и од Лацио, доколку и тие би направиле свој стадион.

Друга работа околу земјиштето, знаеш дека во Рим каде и да копнеш во било кое земјиште можеш да наидеш на археолошко наоѓалиште и не секој така лесно ти продава земјиште во Рим, за да направиш стадион.

Палета претходниот газда има потрошено 80мил евра за папирологија и уште 80мил беа спремни за преместување на линијата на метро која би одела до новиот стадион.

Да не збориме за тоа дека италијаните посебно подолу од северна Италија на менталитет се слични на Балканците, митото и корупцијата се реалноста и таму, а тоа дополнително ги отежнува работите околу нов стадион, Палета тогаш чекаше да се смени градоначалникот за да добие зелено светло за стадион, чекаше да поминат изборите :)

Овои новите газди се уште повеќе сериозни за нов стадион, па ќе видиме што ќе биде.

И да, Рома и кога е била најслаба, просечна посетеност е имала околу 33к на стадион, во времето на Палота кога неколку години Курва Суд и бојкотираше со неидење на стадион.
 
Многу е просто и едноставно, градот ќе ја изгуби киријата што ја зима од Рома што го користи Олимпико, а исто и од Лацио, доколку и тие би направиле свој стадион.

Да, многу е просто и едноставно. Градот не е сопственик на Олимпико. Пишав вчера ама не бев сигурен али сега отворив да потврдам и сопственик на Олимпико е националниот олимписки комитет.

Друга работа околу земјиштето, знаеш дека во Рим каде и да копнеш во било кое земјиште можеш да наидеш на археолошко наоѓалиште и не секој така лесно ти продава земјиште во Рим, за да направиш стадион.

Си бил ли во Рим? Градот има многу нови објекти, изградиле и метро во центарот а кога бев пред некоја година копаа за продолжување на една од линиите на метрото. Не знам дали е сега комплетирана ама таа линија поминува кај катакомбите и Колосеумот. Ако овде можат да копаат толку длабоко за да изградат нови станици за метрото, не знам како и зашто би било проблем за стадион на Рома па макар и малку одалечен од центарот.
Друга работа е што Стадио Фламинио во Рим зјае празен. Ако се толку финансиски способни Рома, има да го откупат овој стадион и да го реновираат или да го урнат и градат од почеток. Или и за ова градоначалникот не дозволува и преферира да му седи празен објектот и само трошкови да се собираат отколку да им го даде на Рома или Лацио?

Не знам како можете да верувате во тие приказни дека некој тим во Италија е финансиски способен ама заради икс причини не успеал да изгради стадион. Државата, градот, федерацијата се би дале да имаат стадиони како тие во Германија, Англија па и Франција. Во овој момент една Турција има многу подобра фудбалска инфраструктура од Италија. Какви се стадиони изградија турците, Италија може само да сонува за истите.
Погледнете ги само стадионите на Анталија, Бурсаспор, Кочаелиспор (трета лига тим), Сакаријаспор (истотака трета лига тим) и споредете ги со оние на Каљари, Верона, Лече, Болоња и ќе сфатите дека не е проблем мито корупција бирократија, туку немањето пари.
 
Тврдењето дека лошата економска состојба во Италија е виновник, или ако сакате единствен виновник, за лошата инсфраструктура во Италија и состојбата на фудбалските тимови (вклучувајќи ја и оваа со стадионите), е мрзелива во најмала рака. Да не употребам друг термин.

Во пикот на италијанскиот клупски фудбал, стартот на новиот милениум, кога италијанските клубови трошат огромни суми за засилувања (скоро па пандан како Англичаните денес, нели, околностите се променети, не се фаќајте за ситници), Италија како држава се наоѓа во тешка и незавидна ситуација, слично како и денес.
Италијаните откако знам за себе, имаат нестабилни влади, куп корупција, големи неработници се и чекаат трета страна да им го извади задникот.

Затоа и не сум убеден дека тоа е главната причина. И кога немале толку пари, знаеле да работат добро, плански и организациски.
После Калчополи, отидоа работите по ѓаволите.
Затоа и верувам дека XX доколку сака да вложи, ќе се соочи со низа пречки бирократски, корумпираност и сл.

Патем, имајте ја предвид гордоста на Италијанците во однос на овие прашања. Ако треба ќе тонам, ама Американец/Англичанец/Кинез/било кој, нема што да бара тука и да ме спасува.
Ќути малку мрднаа мртва точка со Рома, Интер и Милан сега, на тоа поле.
 
Последно уредено:
Затоа и не сум убеден дека тоа е главната причина. И кога немале толку пари, знаеле да работат добро, плански и организациски.
После Калчополи, отидоа работите по ѓаволите.

Напротив, не знаеле, тоа беше типично мерење на к.... помеѓу италијанските богаташи, пропратено со љубов спрема клубовите. Притоа повеќето тие "донови" на проблематичен начин дошле до богатство и го зголемување или одржувале.

Лацио, Фиорентина, Парма, Рома, Милан, Интер, па ако се вратиме поназад може да се додат Сампдорија и Наполи, се пример за незнање, недостаток на план за долгорочно стабилно функционирање на клубовите. Се е сведено на можностите и желбите на сопствениците.

Јувентус (убедливо најмоќен сопственик стои позади него), кој најмногу директно настрада од Калчополи, успеа на крај за брзо време да биде пак далеку пред Интер. Делуваше дека е еден од ретките клубови во Италија, кој знае што прави, има добра основа за раст и тешко некој дека ќе може да му се приближи. Сепак и тие засраа.
 
Да, но во таа смисла и споредбено со денес, особено ако се земе предвид крајниот исход - нешто знаеле. За тој Милан баш немам впечаток дека Берлускони не знаел каде тера. Изгледало шашаво (како Челзи со Роман), ама имало некој терк.
За Парма знаеме добро каде е проблемот, за Лацио и Фиорентина веројатно се согласувам. Наполи и Сампдорија не биле некаков фактор во '00-ти, па и не се релевантни во дискусијава.

Дури и мерење на полови органи е нешто, некој мотив, што ќе вроди со плод (а вродил) барем во следни пет години.
Сега е тотален хаос. Не сум упатен претерано, зборува некој во Италија на темава? Поранешни играчи, тренери, спортски работници, фудбалската јавност? Некој референтен, ги предочил проблемите, предложил решенија?
 
Дека не знаел каде тера, најдобро се гледа од 2007 година, а по мене уште од 2005. Исто и за Интер, само што Морати мораше да продолжи неколку години, да искористиме немање конкуренција, а и коначно да освои ЛШ. Чудно што на таков малер за спорт, му успеа да освои ЛШ пред да го напушти клубот.

Откако им дојде конкуренција подготвена да троши во други европски клубови, а притоа другите големи клубови во Европа да знаат да прават и пари, не им остана ништо друго освен да се повлечат, притоа оставајќи ги клубовите во лоша состојба. Не беа способни уште таму во 2007 да почнат да ги трансформираат клубовите, има некои смешни обиди после 2012 година.

Дури и мерење на полови органи е нешто, некој мотив, што ќе вроди со плод (а вродил) барем во следни пет години.

Збориме за нешто одржливо, нешто што ќе трае подолг период. А не краток блесок и потоа клубот да биде и во поголеми проблеми.

Само да не се разбереме погрешно, кога се работи за Милан, не мислам дека Берлускони е негативен лик во историјата на Милан, напротив, ретко кој клуб имал таков сопственик. Но, кога веќе не можеше да функционира на стар начин, кога се променија околностите, Силвио и Галијани не беа способни да се прилагодат. Како и Морати...

Сега е тотален хаос. Не сум упатен претерано, зборува некој во Италија на темава? Поранешни играчи, тренери, спортски работници, фудбалската јавност? Некој референтен, ги предочил проблемите, предложил решенија?

Сега е обид да се излезе од тој хаос.

Одговорите повеќе им ги дадоа странците, а и нема некоја филозофија, прашање е кој ќе биде поспособен, а и кој почнал порано. Треба да се направи одржлив клуб, да не зависат од тоа дали сопствениците се спремни да фрлаат пари.

Да се намалат трошоците, да не се фрлаат пари на големи плати или за трансфери на фудбалери кои ќе губат вредност, но и да се најде начин да се зголемат приходите.

Тоа е тежок процес затоа што треба да си маркетиншки атрактивен, а за тоа требаат и некакви резултати, а притоа не смееш да трошиш.

За Милан знам најдобро како е. Голем проблем им беше ковид кризата, затоа што во тој процес на реструктуирање изгубија средства од посетеност. Работат на повеќе пазари да го направат клубот атрактивен, се работи на маркетинг, мултимедија... Веќе почнаа да се гледаат резултати преку спонзорски договори. Новите договори околу дресовите, тоа ќе го потврдат.

Треба целата лига да работи во тој правец, за да дојде до зголемување на средствата што доаѓаат од тв права, а тоа е огромна бројка. Италијанската лига има многу мала заработка.

И нормално, од каде што и почна овој муабет - стадиони. Треба да се направат нови стадиони, кои ќе донесат приходи. Од денот на натпреварот, пропратни објекти, спонзорски договор за име на стадион...
 
Да али твојата логика може да им испадне тотална утка, прашај ги Јувентус со скапите карти што им се деси... Неможе Интер и Милан да изградат мал стадион, просто нема логика тоа да се случи, мислам дека и 60к е премала бројка, треба најмалце 70к.

Здрава логика вика, подобро повеќе навивачи и поефтини карти, отколку скапи карти а мал број на навивачи...

За тебе и мене тоа е никаков проблем, бидејќи еднаш годишно дали одиме или не, но за некој што минимум 20 пати годишно е на стадион и те како ќе им значи ефтини карти...

Помал стадион е поефтин за изградба и одржување...а колку помалце места а голем интерес за карта толку поскапа карта, на крај пари од влезници и у плус ќе влезат :icon_lol:
20% ќе треба да ги подигнат сите билети за да ги заработат истите пари. А и не држи многу ова, затоа што можат да изградат и стадион за 75000 и пак да ги подигнат картите за 20%.

За мене е комплетно неразбирлив даунгрејд, ова се двата тима кои имаат најмногу публика во Италија и искрено се надевам дека нема ова да се случи. Да не збориме после во наредни 20 години: ех, што атмосфера беше на стариот стадион, ова денес е гола вода...

Многу ќе изгуби дербито ако се намали капацитетот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom