Отидовме со другари, половина од нив миланези. Цел стадион пука Албанци. Моиве, абер немаа да го слават голот, нешто резервирани, демек да не предизвикаат некаква реакција.
Од друга страна пак, двајца браќа каури ред пред нас, на телефон гледаат Фенербахче - Вардар. Вардар дава гол, тие стануваат и се радуваат како Гросо во Берлин. Со прегратки со урлици со чуда.
Освен остри погледи, не бидна ништо. Е затоа пред мечот и на полувреме, шоу.
Keesssiii keeeeesiii eeejjj ejjjj, тој ги отпоздрави овие презадоволни.
Викаат после исто, по Сусо: Susoooo Susooooo Susoooooooooo, тој ги игнорира максимално. Веднаш потоа рафали од ta cifsha Suso ta chifsha motren cigani ta cifsha.
Големиот Ферхан Буба Хасани, ако ме држи памет, на сам старт имаше зицер ситуација и се сплетка пред гол. Леле леле, какви пцовки излетаа, какви клетви. Почнаа да плукаат, буквално. Мислам дека не беа свесни дека нема да стигне до Хасани, од 16-ти ред на северна трибина.
Дефинитивно, едно од полошите искуства во животот, а сум се нашол случајно на геј-парада во Барселона и сум слушнал две песни од PMG Kolektiv.