Накратко...
Јувентус - Направија одлични трансфери со кои верувам дека ќе ги покријат оние играчи што заминаа од тимот, а мислам дека до крај ќе се донесат уште 2 засилувања. Главниот проблем останува Алегри и само Алегри, човекот кој милува 1:0 2:0 резултати. Да имавме некој тренер кој љуби напаѓачки фудбал, рецимо Конте или Сари, јас со сигурност ќе кажев дека Скудетото оди во Торино, вака со морбидниот на клупа се е отворено.
Интер - ОК засилувања, и ништо квалитетно не продадоа (досега hehehe)...голема улога ќе има и состојата во клубот која не им е најсјајна со спонзорите, газдите и финансиите. Инзаги сеуште не ми е тренер кој може да ги потурне еден чекор понапред, сепак прошлата сезона успеа да изгуби титула од Милан со Пиоли со кој не се истакнуваа со нешто посебен квалитет.
Милан - Не донесоа некои WOW засилувања, штознам...тешко дека ќе ја повторат прошлата сезона каде го освоија скудетото на УРА. Мислам дека ќе ги стигне заморот играјќи секој трет ден што дома, што во Европа. Клупата сеуште им е тенка... Топ 4 у најмала рака
Наполи - И овие купија нешто, ама им замина костурот на тимот Мертенс, Инсиње и Кулибали. Можно е да изненадат не велам не, Спалети колку и да е руган, секогаш водел тимови кои завршувале на горен дел од табелата. Битка за топ 4 за нив, не верувам дека ќе се вклучат во трката за Скудетото.
Рома - Овие најквалитетно се засилија од сите, и нормално е очекувањата да им се високи. Али проблемот е Мурињо, не се знае кога ќе пукне тиквата со него...1 или 2 порази и отиде сезоната у курац. Ако успее да ја истера сезоната без некои поголеми скандали, може да се надеваат на топ 4, па зошто не и трка за Скудетото
Лацио - Ништо не купија, сем Ромањоли од Милан, му ја исполнија желбата да игра во тимот од детството. Ќе се борат да фатат пласман во ЛШ, ама Лига Европа ми изгледа пореално, се зависи и од Имобиле каква сезона ќе има. Тажно лето за нив во секој случај....
Фиорентина - ОК тим и тренер, ама сепак лимитот им е борба за место во ЛЕ. Треба да се надминат себеси за да се приклучат во борба за ЛШ.
Изненадување на сезоната мислам дека ќе биде Монца, убаво се засилија, очекувам да се најдат на средина на табелата.
За опстанок ќе се борат: Лече, Кремонезе, Сампдорија, Салернитана и Специја