Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И секако Рома, најголемата опасност во Калчото. Интер и Рома се друго е мачкина кашлицаАбе каков Јуве.. Со Алегри точен резултат 1 : 0 ништо не прават.. Они се мачкина кашлица.. Интер е опасноста ако игра оној стар Лукаку нема кој да го допре од оние боза екипине.
Aпсолутно никој тим од италија на пазарот н е направи нешто wow сега за сега. Сите се океј трансфери ама ништо спектакуларно. Точно Рома зема играчи за 0 евра ајде да ги раздлабочиме тие играч. Матич на 34 години што е океј ама ништо посебно и нема нешто драстично да смени. Дибала има причина зашто заврши во Рома и зашто ниту еден посериозен европски клуб не му понуди ништо. Е сега ова може да заврши 2 начина или да биде фантастично за Рома Дибала да не се мачи со повреди и го крене тимот на едно повисоко ниво или да биде просечен. Дибала воошто нема некој карактер што би насочувало на првото ама не се знае. Белоти има причина зашто исто никој не го бара и сеуште во август е без тим. Точно е дека Милан даваше 60 милиони за него ама во период кога Белоти беше во форма. Од тогаш поминати се години и што е паднат во форма што повреди се мачи па е во ваква ситуација.Стрпите се миланези уште малку.. Ќе ви дојде и на вас редот да ве сомелемо..
Шала на страна кому смета јака Рома?
Ајде бе оцените кој најубаво испазари летово од Италија?
Рома зема 4 играчи за 0 евра а најверојатно и 5тиот е Белоти исто така за 0 евра..
За тој Белоти, Милан даваше 60мил и сеа као не чинел?
По подолго време Рома е покриена на сите позиции..
Да одбраната шкрипи не викам не ама вие што направивте ка да ги имате 4ца Шкринијари во одбрана..
Сенеси ако го доведат и со добар почеток имаме шанси.. Чудна ќе биде оваа сезона со светсково... Ќе има пресврти да оставиме да видиме на кому до каде му е силата.. И да кај Рома е моментумот од трофејот, засилувањата и навивачите кој ќе бидат ветер во грбот..
И едиствено ради тоа Рома не ја гледам како конкурент за титула, што не значи дека не може да изненади топка е на крај краева.
Види само некој кој не ги гледал Милан тоа може да биде изненадување дека се шампиони. Милан 3 сезони по ред игра на високо ниво. И прошла сезона доста време беше во борба за титула така да не знам како може да е изненадување. За разлика од тоа Рома сеуште го нема фатено тој ритам Милан што го тера 3 сезони. Нема континуитет. Едноставно треба да го докажат тоа на терен нешто што Милан 3 сезони го докажува и ете сеуште на луѓето им е изненадување , а зашто изненадување не знаат ни сами.Баш такво изненадување бевте вие последната сезона
Зависи од која страна ги гледаш засилувањата на Рома, во твојот случај ти ги гледаш песимистички, ама не викам дека не е можно тоа што го велиш да се оствари.
Јас пак нормално оптимистички гледам и ќе ти кажам како.
Лани игравме со средина Кристанте, Верету, Оливеира и кога немаше кој Мхтаријан го повлече назад да игра СМ и добро му одеше. За оваа година што претстојува во средниот ред ги немаме Мхтаријан и Верету(кој освен првиот месец, цела сезона беше очаен), ама ги имаме Матич и Вајналдум сега за сега, можно е да се донесе уште еден(Фратези).
Од моја гледна точка тоа е апгрејт, лани Кристанте беше прва виолина што е поразително, сега имаме два средњаци кои се за класи подобри од него. Матич јесте да е стар Али на подготвителните покажал најдобра физичка спремност и е далеку покомплетен и поквалитетен од Кристанте, во секој поглед. Вајналдум вајда повеќе од солидно ќе го замени Мхтаријан, мислам дека ќе има далеку подобар учинок, на таа неприродната позиција за Мхтаријан што ја играше.
Одбраната, конкретно централните бекови се истите, ама треба да дојде уште еден стопер, плус неможат да бидат полоши од лани, можат само да напреднат, пошо Манчини, Ибањез и Кумбула се млади.
За крилните бекови кај кај сме подобрени, Жалевски лани беше откровение на сезоната, неможам да си поверувам колку е добар и колку добар и интелегентен фудбал игра, во прашање е екстра талент кој дојде до израз од како Мурињо го стави како офанзивен бек во втората половина на сезоната. А тука е и Спинацола, кој во финалето а и на подготвителните покажал дека е вратен во топ форма, лани го немавме.
И нападот ни е подобар од лани, го имаме сега Дибала, ако е здрав таман да ја потполни дупката во офанзива, играч покрај Абрахам што ќе даде барем 10-15 гола и 5-10 асистенции, играч кој до сега беше Пелегрини, кој по доаѓањето на Дибала нема да мора сам да импровизира у напад и да форсира. Ако дојде Белоти и Абрахам нема да биде исцеден како лани кога играше на секоја утакмица од што Шомуродов покажа дека не е квалитетен да го мења и да игра за Рома, а оној каљунгата Афена е многу млад и недокажан. Со Белоти и на Абрахам ќе му олесне.
Ете така гледам јас на работите, не викам дека сме кадарни за титула, ама дека се засиливме за разлика од лани, тоа факт, можеби не е wow, ама доста сме покажани. Останува на Мурињо да ги склопи коцките и да видиме како ќе функционираме и дали ќе земат уште еден штопер и средњак е мн битно.
Баш такво изненадување бевте вие последната сезона![]()
Знаеш дека пред 3 сезони Милан заврши 6то место или ќе продолжиме да се лажеме за некојси континуитет на добри сезони и резултати?Види само некој кој не ги гледал Милан тоа може да биде изненадување дека се шампиони. Милан 3 сезони по ред игра на високо ниво. И прошла сезона доста време беше во борба за титула така да не знам како може да е изненадување. За разлика од тоа Рома сеуште го нема фатено тој ритам Милан што го тера 3 сезони. Нема континуитет. Едноставно треба да го докажат тоа на терен нешто што Милан 3 сезони го докажува и ете сеуште на луѓето им е изненадување , а зашто изненадување не знаат ни сами.
Добро не се 3 2ипол сезони се како Милан игра во одличен ритам. Тоа што таа сезона завршија 6то беше ради очаен почеток со Џампаоло. Ама после тоа е друг приказна. Така да не е мал период па изненадување дека Милан освоил титула. Не е како Интер да имаше 10 добри сезони пред да стане шампион. Не знам зашто без везе за глупости се инатите.Знаеш дека пред 3 сезони Милан заврши 6то место или ќе продолжиме да се лажеме за некојси континуитет на добри сезони и резултати?
1 добра сезона имаше Милан пред да стане шампион, лани кога Интер освои.
Со исклучок на овие 2 сезони последен пат кога Милан завршил во места што водат во ЛШ било 12/13та сезона коа беа 3то место и отидоа у квалификации за ЛШ пласман.
А ова ИПОЛ уствари се 2 месеца у корона летото кога се завршуваше сезоната која ја завршивте на 6то место и имавте една серија од добри резултати со што успеавте да скокнете 1 место на табелата.Милан две ипол години има прогрес.
Не се инатиме него вие се преценувате малце а еве ви ја реалноста.Добро не се 3 2ипол сезони се како Милан игра во одличен ритам. Тоа што таа сезона завршија 6то беше ради очаен почеток со Џампаоло. Ама после тоа е друг приказна. Така да не е мал период па изненадување дека Милан освоил титула. Не е како Интер да имаше 10 добри сезони пред да стане шампион. Не знам зашто без везе за глупости се инатите.
Па 2 ипол сезони се вкупно со сезоната за скудето. Така да не знам како може да е било какво изненадување тим што завршил втор сезона предходно освоил титула наредна.А ова ИПОЛ уствари се 2 месеца у корона летото кога се завршуваше сезоната која ја завршивте на 6то место и имавте една серија од добри резултати со што успеавте да скокнете 1 место на табелата.
Автоматски споено мислење:
Не се инатиме него вие се преценувате малце а еве ви ја реалноста.
Прочитај погоре, не се ни 2 ипол сезони.
Што има врска Интер у муабетов, збориме за Рома и континуитетот на Милан.
Без намера да ги намалувам шансите на Рома, а посебно да ве убедувам дека ги немате, тоа што сте оптимистични и еуфорични е топ работа, а и секако дека Рома е подобра од лани.
Но, сепак би се повторил уште еднаш за нешто кога Милан е во прашање.
Милан пред да освои титула, во сезоната 2020/21 беше втор. Не е дека така од никаде почнале со добри резултати во 2021/22 и освоиле титула. Милан две ипол години има прогрес.
Види искрено ја може бев единствен од почеток до крај што мислев дека Милан може до титула. Целта на клубот беше ЛШ да ама јас од почеток верував дека можат. И стојам дека и сезоната пред тоа можеа само да имаа подобар шпиц од Манџукич кој искрено страшно разочара.Оптимистичен сум дека ќе имаме добра сезона, подобра од ланската, еуфоричен да се трускам од земја дека ќе се умешаме за Скудето, не сум, можеби ќе ме фати еуфорија ако ја видам Рома прва или втора после 15-20 кола. Свесен сум јас и за негативните работи на Рома што можат да и се десат, дури повеќе сум свесен и од тебе и од Кастиел
Тоа што ти и @Castiel го зборите дека Милан игра веќе две години одлично не ми го мења мислењето дека сте изненадување што освоивте титула, бидејќи на хартија имаше појаки екипи од вас. Изненадивте полани што ја продолживте низата на добри игри и завршивте второ. Кога почна ланската сезона искрено мислев дека во лет ја истеравте претходната сезона и очекував да паднете, напротив вие повеќе ме изненадивте и освоивте титула. Дури и вие бевте изненадени, иако сега полека не сакате да признаете, демек врз основа на добрите игри година и пол, оваа година не се изненадивте што освоивте, а сами викавте дека ќе сте задоволни со пласман во ЛШ.
Рома да освои оваа година ќе биде и уште поголемо изненадување од оваа година на Милан. Ама тоа што Рома нема некоја екстра сезона позади себе и не е некој си репер. А тоа што вие веќе имавте година и пол добра сезона пред да ја освоите оваа сезона титулата, горе доле не ми го мења мислењето дека ме изненадивте што освоивте. Ете можеби не исто изненадување како што пишав, ама ипак беше изненадување, а Рома би било уште поголемо и од тоа на Милан ако бидат шампиони.
Нема веза си правиме муабет, јас после 10-15 кола давам мислења за тоа кои екипи ми изгледаат за кандидати за Скудето, а исто формирам некое си мислење и за Рома.
Успех ќе биде ако фатиме ЛШ, големо изненадување ќе биде да освоиме што за мене се минимални шансите, а големо ќе биде разочарувањето ако не фатиме ЛШ
А ова ИПОЛ уствари се 2 месеца у корона летото кога се завршуваше сезоната која ја завршивте на 6то место и имавте една серија од добри резултати со што успеавте да скокнете 1 место на табелата.