Послаб јуве немам видено. Нека им е на здравје.
Не треба да се потценат Интер и Инзаги.
Мене ми се допаѓаат ротациите што ги има Интер под Инзаги, заедно со дијагонали, добро, за тоа треба и такви фудбалери, тоа брзо префрлање на тежиште многу ми се допаѓа овие две години и онаа ризично отварање на прва. Но кога нема да оди добро или ќе се најде екипа што знае да се се спротистави, тогаш и тоа покривање на терен при ротации веќе не изгледа толку добро, се греши со тие ризични пасови или со добра поставеност и читање се попречуваат.
Колку и да е ограничен во некои работи и тешко му е да смени и некои микропринципи на игра, по мене е меѓу подобрите тренери во италијанско првенство. Интер има полош резултат од игра, статистички, па и визуелно тоа што го прави не соодветствува со резултатите. Сезонава е полоша од претходната и тука повеќе до израз доаѓаат неговите слабости, но особено ако не избори ЛШ, неправедно ќе биде запаметен полошо од што треба, а не верувам дека без него, Интер следната година би изгледал подобро.
И во ЛШ, освен со Баерн, со другите клубови Интер знаеше да се носи, можеби 1/8 финалето со Порто беше полошо од очекувањата за Инзаги и Интер.
За тоа што Интер нема континуитет, сигурно сноси најголема вина Инзаги, но нешто е и до фудбалерите.
Последно уредено: