Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Рома и Дибала, си го потрошија џокерот за симпатична екипа, околу која ќе се прави еуфорија. Сега околу Наполи и Грузијецот ќе се врти муабетот. :D

Инаку колку е слаб сезонава Бастони. Не знам, цела одбрана им е проблем за уште сега да биде целата критика на негов грб.

Оној втор гол многу кажува за нивната одбрана. Шкриниар меѓу двајца, не знае на кај да тргне, Бастони излета од старт и за целосен впечаток автогол од Д'Амброзио.

Нереално игра одбраната сезонава, а после денешново невлегување на Барела во игра нема да ме чуди да е спукана работава и да го бојкотираат Инзаги.
 
Нереално игра одбраната сезонава, а после денешново невлегување на Барела во игра нема да ме чуди да е спукана работава и да го бојкотираат Инзаги.

Гледам во вашиот фан клуб го вртите истиот муабет. Почнаа такви шпекулации или вие претпоставувате?
 
Гледам во вашиот фан клуб го вртите истиот муабет. Почнаа такви шпекулации или вие претпоставувате?
Јас претпоставувам, пошо ми нема многу логика да го ставиш Гаљардини и да ги оставиш везњациве да умрат а да го имаш Барела на клупа.
 
тој Грузиецот Квартишкелија уште против нас кога играа го збореа дека бил неверојатен талент, и Наполи за 10м си го земаа, алал да им е у инвестицијата, ама не е само тоа и тој позади Кореецот Ким за 20м го украдоа, страшен играч и најдоа адекватна замена за Кулибали.
 
Јас ги потценив Наполи и предвидов дека нема да се топ 4 ама кој да знаеше дека Кварашкелиа уште сезонава ќе експлодира вака.
Али заслуги и за Спалети затоа што покрај сите крила кои ги има достапни он го играше прва од сам старт.

Цената која е платена за Кварашкелиа треба да биде поттик за италијанските екипи да почнат малце со скаутинг во тој дел од светот а не да трошат по 40-50 милиони на играчи од Бразил како Барбоса, Пакета и др. за кои ризикот е исти како оние од другиот крај на светот кои чинат многу помалку. Еве на пример во Шахтјор истотака има една млада ѕвезда Михаил Мудрук (познат ми е пред да експлодира сега против Лајпциг) за која допрва ќе се збори. Вредноста му е 15 мил. на Трансфермаркт и нема да ме чуди уште наредно лето некој да го стопи за 20-30. Само многу пореално е тоа да биде германска или некоја белгиско-холандска екипа отколку италијанска.
Влаховиќ истотака треба да биде пример за тоа како се прават пари. Донесен за 3, продаден за 80.
Еве мал осврт и на Динамо Загреб. Не знам колкав им е буџетот во споредба со италијанските тимови оние посиромашните, ама имаат одличен скаутинг.
Го гледав оној пуцвалот против Челзи, Љубиќиќ и изгледаше неколку нивоа подобро од оние просечни преплатени италијански везни играчи.
Динамо за него платиле 2.5 мил на Рапид Виена!!! Сигурен сум и во тие централно европски лиги има доста опции за ниски суми.
Муабетот ми е, не мора да чекаат арапски и амерички пари за да напредуваат на финансиски план.
Кога Бенфика и Ајакс во такви лиги можат да продаваат секое лето по 100-200 милиони за играчи платени 10-15 пати помалку, не знам што ги спречува италијанските екипи да работат според истиот модел.
 
Милан сакаа да го земат Квартишкелија лани али за нас тогаш беше цената околку 15-20 миљона :).

Не е само до скаутингот, цената е една за екипи како Милан, Интер а очигледно друга за екипи како Лацио или Наполи.
 
Нонсенс.
Цената е една за менаџмент кој знае да преговара и друга за менаџмент кој не знае. Играчи како Кварашкелиа се еднаш во 50 години за екипи како Динамо Батуми и не мислам дека они би дозволиле да има 5-10 милиони разлика затоа што е Наполи а не е Милан туку би барале најмногу колку што мислат дека можат да добијат. Како за еден Динамо Батуми многу да мења дали е тоа Наполи или Милан!?
Плус Кварашкелиа бил продаден во Март на Батуми од Рубин Казан за 8 милиони! Ако Милан биле стварно заинтересирани кога се дешавало тоа со руската лига и играчите, можеле без проблем да го лапнат.
 
Милан го бараше минатото лето додека уште беше во Рубин и точно е дека се збореше за сума околу 20сетина милиони, тоа беше период после завршена сезона 20/21 каде што изиграл доста солидно. Следната сезона во Рубин имал доста просечни бројки, неколку повреди и у март пукна конфликтот во Украина па се врати дома во Грузија на попуст колку да ја доврши сезоната. Сигурен сум дека Батуми коа ги платиле тие 8м имале гаранција од Наполи дека на крајот на сезоната ќе им платат 10м, иначе тешко дека тим од Грузија би лупнал таква сума у март.

Милан беше заинтересиран ама они на него повеќе гледаа као играч што ќе го замени Ребиќ, а Ребиќ не се мрда од Милан така да претпоставувам затоа никогаш асално не запнаа.

Како и да е, полн погодок е ова за Наполи, преголем потенцијал има ликов. Се согласувам и за Ким. Друг играч што од сенка гази у Наполи а не многу се збори за него е Замбо Ангиса лани што го донесоа од Фулам чинам, коска играч, вчера сол ги напраи Ливерпул. (И овој е играч што беше силно поврзуван со Милан ама Милан се одлучи да иде по тенџерето Бакајоко)

Искрено не разбирам како факинг Рома влагаше у топ 4 листи на место на Наполи, шанса нема да завршат пред нив.
 
Да и јас си го претпоставив тоа дека Динамо со гаранција од Наполи го има направено ова. Поентата ми беше дека периодот кога Рубин го продавале можеле Милан да го стопат за иста цена. Не верувам во тоа дека за екипи од Русија или Грузија значи дали е Милан или Наполи. Тие гледаат само да го продадат по замислена цена па дали било тоа ПСЖ, Ман Сити, Милан или Наполи, толку очекуваат. Тоа новинарите што пишувале е друго. Можеби тоа била почетната сума, али како што пишав и претходно имаш еден тип на преговарачи кои знаат да се исценкаат, и имаш Премиер Лига тип на преговарачи каде кур ги боли за парите.

Инаку немаше многу листи, јас и уште еден двајца само напишавме.
Крајната прогноза и не ми е толку лоша... :)

Наполи ми е енигма. Оној грузиецот Кварашкелиа мислам дека ќе биде еден од подобрите засилувања во лигата, ама изгубија играчи како Мертенс, Кулибали, Инсиње, Оспина и замените кои ги донесоа не ме убедуваат многу. Секако, голем клуб е Наполи, Спалети не е Гатузо, сегашните играчи не се на ниво на оние од Сампдорија и може без проблем да се зацементираат во топ 4 на сметка на Рома. Интер, Милан и Јуве не би требало да пропуштат ЛШ наредна сезона и би требало да се при врвот до последен ден.

Секако, има уште време и никад не се знае. Сепак Наполи киксна против Лече на домашен терен а познати се дека продаваат лесно вакви поени па може ова да биде одлучувачки на крај. Има време до крај на сезона...
Оној Ким ми беше непознат и не знаев како ќе се снајде ама засега делува сосема солидно.
 
Изгледа веќе не доминира наративот дека исправно водење на клуб е носење на искусни фудбалери со високи плати, по можност тоа искуство да е стекнато во италијанска лига, кои нели веднаш носеле и резултат, а не таму некоја дечурлана, со која клубовите покажувале дека немаат амбиции. Ние навивачите такво нешто не сме смееле да прифатиме.

Нормално дека е тешко италијанските клубови да бидат барем малку конкуренти и да направат некаква одржлива и успешна приказна без добар скаутинг. Искусните треба да бидат само додаток и тоа што може повеќе да се избегнуваат високи плати.

Има тука и други свети крави, што не смеат да бидат критикувани, како Марота, а поврзано е со ова. На него најголема грешка му е што не постави добар систем во Интер, кој ќе делува во тој правец. Ликот се навикна од Јуве да ја користи моќта во однос на другите во италијанско првенство и плус премногу да се ослонува на фудбалери кои се во залез на кариерата, а имаат високи плати.

Две сезони не смее да се напише нешто против "семоќното око", веднаш скокаат неговите фанатици, навивачи на Интер или Јуве. А ликот има грешки и уште си тера политика "купи ден - продај".
 
Зборено е и од наша страна дека Марота знае да го тупи со некои играчи и дека малце е лимитиран што се однесува на избор на странски играчи односно играчи од други лиги што не се толку многу познати.

Ликот вака или онака, знае да си ја работи работата, има нешто у него што го прави можеби и најдобар преговарач, али проблемот е што е малце ограничен во ова што го збориме.
Да има добар асистент, директор што ќе наоѓа нешто надвор од Италија, со добра скаутинг мрежа, а овој само да преговара и да верува на изборот има да биде без грешка. Така иде зборот.

И Марота не е крив толку, добро почна у Интер, он и сега добро работи и праи чуда со трансфер пазарот ама врзани му се рацете веќе 2-3 години и што се вика, работи на апарати.
Сигурно не се лично негови овие замисли и дела што ги пласира у вакви ненормални услови.

А има и разлика од директор до директор и нивниот стил на работа и како тоа треба да изгледа една екипа.
Не можеш на пример да го земеш Марота и од него да очекуваш да купува играчи испод радар и од нив да праи пари. Ко на пример што, еве, не можеш од Мончи да очекуваш големи работи и блокбастер трансфери.

Не дека едниот или другиот нема да знаат да работат така, ама едноставно не им е тој стилот. Мончи има друга мрежа, Марота има друга.

Сфаќаш што сакам да кажам.

У право сте што зборите погоре дека екипите треба да почнат да го менуваат моделот на работа пошто очигледно целокупната лига и федерација нема абер нешто да превземе околу маркетингот и издигнувањето на лигата, екипите немаат пари и се повеќе и повеќе ќе глават со играчи како Ачерби наместо да работат со Калулу.

Факт е дека за Интер, Милан и Јувентус важи една а за Наполи, Рома, Лацио, Виола друга, а трета за екипи под овие. Стварта е тајмингот и кога ќе прашаш за Х играч. Ако нема хајп ондак можеш да го земеш за некоја нормална цена.
Сигурно Наполи немало да го земат Кварацкелија ако у тој момент се убацел некој Интер, Јувентус или Милан... одма се влага у лицитација. Да не збориме па ако се убаци некој премиер лигаш од типот на Вест Хем или Нотингем.
 
Изгледа веќе не доминира наративот дека исправно водење на клуб е носење на искусни фудбалери со високи плати, по можност тоа искуство да е стекнато во италијанска лига, кои нели веднаш носеле и резултат, а не таму некоја дечурлана, со која клубовите покажувале дека немаат амбиции. Ние навивачите такво нешто не сме смееле да прифатиме.

Нормално дека е тешко италијанските клубови да бидат барем малку конкуренти и да направат некаква одржлива и успешна приказна без добар скаутинг. Искусните треба да бидат само додаток и тоа што може повеќе да се избегнуваат високи плати.

Има тука и други свети крави, што не смеат да бидат критикувани, како Марота, а поврзано е со ова. На него најголема грешка му е што не постави добар систем во Интер, кој ќе делува во тој правец. Ликот се навикна од Јуве да ја користи моќта во однос на другите во италијанско првенство и плус премногу да се ослонува на фудбалери кои се во залез на кариерата, а имаат високи плати.

Две сезони не смее да се напише нешто против "семоќното око", веднаш скокаат неговите фанатици, навивачи на Интер или Јуве. А ликот има грешки и уште си тера политика "купи ден - продај".
Неговата работа во Јуве беше далеку по олесната поради тоа што неговите лимитации беа покриени со Паратичи кој беше одличен скаут и ништо друго. Дел кој што на Марота му е слаба страна.

Кога се финансии во прашање Марота е магионичар. Паратичи беше и е одличен скаут, ужасен спортски директор и ужасно раководи со финанси и договори.

Е сега во Интер не знам кој е Паратичи за Марота..
 
Аусилио е спортски директор у Интер. Марота е ЦЕО за спортскиот дел. За финансискиот дел има друг ЦЕО.
Истотака Аусилио има свој асистент.

Интер ти е бетер од јавна администрација у СМКД. :D
 
Какви лешинари се новинарите. Сигурен сум дека во Интер ни на крај памет не им е сега да го менуваат Инзаги, но медиумите веќе почнаа да лицитираат со имиња.

Често знае јавноста, потикната од медиумите да има пресудна улога. А вчера веќе почна свиркање и предвремено напуштање на стадион.

Инзаги до некаде е жртва и на својот "успех". Под наводници, затоа што сите очекуваа Интер да има проблеми после минатиот трансфер рок, а тие изгледа многу добро под Инзаги, ги пребродија сите загуби, беа фалени, но не освоија титула. На крај, беше губитник, но со впечаток дека Интер треба да освои титула поради прикажаното.

И сега, дојде новата сезона, навивачите очекуваат Интер да игра и победува како минатата сезона, дури да биде подобар, поради Лукаку и клупата, а изгледа дека сега оваа криза е резултат на се претходно.

Треба да му се остави да ја преброди. Како прво, сеуште не е голема криза (минатата сезона вака да играа против БМ, ќе беа повеќето задоволни и немаше да има толку критика), второ, ако не е некој Тухел, нема што да добијат, освен уште повеќе да направат проблем.

Треба клубот да внесе мир сега, за нивно добро, но не повторно главен потег да им е тоа што Кореа ќе им пече месо, иако јас би сакал поинакво сценарио. :D

А медиумите и за Де Кетеларе почнаа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom