Интер ќе ги искрши Каљари бре, каков тежок меч, какви бакрачи. Катастрофа се островјаните, немаат квалитет да изиграат нешто со тим кој сепак е во солидна форма и пред се', се бори за титула.
Да не се повторуваме, Милан треба да гледа меч по меч, а наредна е Верона. Мора да ги победат нив, па потоа со Аталанта дефинитивно може да одат со калкулирање и пресметки, затоа што таму нерешено им врши работа.
За Јувентус што да кажеме, успеа да прими 2 гола од Џенова, на која последно тоа им успеало на 5ти ноември 2021 година против Емполи.