Serie A 2021/2023

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 септември 2014
Мислења
948
Поени од реакции
1.313
Јувентус да ти бил на 9 бода од зона за испаѓање, а на 14 од Милан и Наполи.

А јас се залажав за форца нерешено.

Не знам зошто, ама некако се мислам дека Милан не може до титула. Колку и да имаат многу бодови, колку и досега со леснотија да ја истуркаа сезонава, едноставно го гледам Пиоли на клупа и чекам да почнат да вадат лоши резултати.

Наполи ги немам гледано, навидум имаат одлични бројки, ама и објективно најлесен распоред досега, каде што допрва за краток период го очекуваат доста тешки мечеви.

Реков после мечот со Јувентус, мислам дека Инзаги потфрла со тимов. 7 бодови не се многу, особено не позади двата тима пред нив, но сепак. Аталанта очекувам стандард борба за ЛШ, без вклучување во борбата за Скудето.

Лацио ќе се движи тука некаде, од Рома освен нови бламажи, друго не очекувам. Јувентус си е приказна за себе, според изгубените бодови досега, премија ќе биде и пласман во ЛШ.
ако ја следиме твојава логика интер со инзаги сосема реално е да се бори за 6то место сезонава
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
Јувентус да ти бил на 9 бода од зона за испаѓање, а на 14 од Милан и Наполи.

А јас се залажав за форца нерешено.

Не знам зошто, ама некако се мислам дека Милан не може до титула. Колку и да имаат многу бодови, колку и досега со леснотија да ја истуркаа сезонава, едноставно го гледам Пиоли на клупа и чекам да почнат да вадат лоши резултати.

Наполи ги немам гледано, навидум имаат одлични бројки, ама и објективно најлесен распоред досега, каде што допрва за краток период го очекуваат доста тешки мечеви.

Реков после мечот со Јувентус, мислам дека Инзаги потфрла со тимов. 7 бодови не се многу, особено не позади двата тима пред нив, но сепак. Аталанта очекувам стандард борба за ЛШ, без вклучување во борбата за Скудето.

Лацио ќе се движи тука некаде, од Рома освен нови бламажи, друго не очекувам. Јувентус си е приказна за себе, според изгубените бодови досега, премија ќе биде и пласман во ЛШ.
Работата е што за оваа сезона колку и да важи тоа што го пиша за Милан сепак нема некој изразито поквалитетен тим што апла двои со квалитет. Стои тоа дека Интер се уште има најјак тим ама ете ко што гледаш до сега губат бодови и кога не треба, а Милан не.

Муабетот е дека колку и да очекуваме да падне Милан во одреден момент од сезоната нема тим што ќе го наплати тоа и ќе тера без да кикса. Е сеа колку ќе кикса Милан и колку помалку ќе киксаат конкурентите останува да видиме, али у глобала сезонава ќе се сведе на тоа кој помалце ќе се глупира од другиот. Паднат е каде каде квалитетот на цела лига, пример лани и врапчињата на гранка знаеа дека ќе падне Милан со форма и дека Интер е далеку поквалитетен тим, ама сезонава не е баш така без оглед на тоа што Интер и натаму на хартија е најсилен тим.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829

Класа корео и од Курва суд морам да напоменам, најбитната кореографија сезонава им ја посветија на оние кои 2 години се борат против коронава.
Многу јаки корео од двете навивачки групи...уште појако ќе беше да се договореа двете навивачки групи да извадеа иста каде ќе имаше два доктори од страна со дресојте на Интер и Милан и на средина обичен доктор.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.784
Поени од реакции
8.848
Многу јаки корео од двете навивачки групи...уште појако ќе беше да се договореа двете навивачки групи да извадеа иста каде ќе имаше два доктори од страна со дресојте на Интер и Милан и на средина обичен доктор.
Може тој на средина у дрес на јуве, фатен со мито у рука. Најјако.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.359
Многу јаки корео од двете навивачки групи...уште појако ќе беше да се договореа двете навивачки групи да извадеа иста каде ќе имаше два доктори од страна со дресојте на Интер и Милан и на средина обичен доктор.
Специјализант некој :D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.660
Поени од реакции
13.159
Кога ќе дојде стани-падни битно е и искуството. Интер е поискусна екипа. Кај Милан имаш млади и тоа кои сезонава првпат во своја кариера се првотимци, мислам на Леао, Диаз и Томори. Салемакерс е искусен за нив со сезона плус. :)

И за дерби натпревари битно е искуството. Еве Јуве да ги земеме. Какви и да се, не можеш да сметаш однапред на 3 бода против нив. Ако немаат проблем со повреди има големи шанси да те победат и тоа оној тим на победи, кога после натпревар се прашуваш како и зошто.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
Не знам зашто ти е Пиоли таргет кога човекот дефинитивно вади максимум од тимот небитно кои играчи му се на располагање... И во Лига Шампиони добро изиграа со Ливерпул со Атлетико беа осакатени од судијата едино со Порто кикснаа...

Инзаги дефинитивно потфрла со тимот што го има на располагање...

Еве според тебе како ја гледаш табелата Наполи се прв фаворит или Милан? Интер и Јувентус на кое место ќе завршат?
Ако ме прашаш од денешна перспектива, Наполи и Интер имаат најголеми и еднакви шанси за Скудето. После нив е Милан. Друг тим мислам дека нема.

Аталанта со тој мајндсет и ура пристап не може да бидат први, иако имаат квалитет и супер игра со која растураат се пред себе, Јувентус игра ужасно и што е најбитно има порази од Емполи, Сасуоло и Верона кои никако не може да бидат надокнадени, Рома и Лацио исто имаат многу испуштени бодови и објективно немаат квалитет да припарат до прво место.

Прерано е да зборуваме сега, но топ 5 ми изгледа Наполи, Интер, Милан, Аталанта и Јувентус, со тоа што мислам дека ни фалат уште 10 натпревари да издвоиме кои 2 екипи ќе се борат за прво место. Како што реков Аталанта и Јуве немаат шанси, една од трите ќе биде далеку и ќе останат две.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785

Се согласувам дека е прерано ама многу ме интересира што тоа Наполи го има за да биде пред Милан ко фаворит за скудето, сериозно немам намера да провоцирам или било што ама сериозно сакам да знам кои се причините.

Милан има изиграно со сите од топ6 екипите освен со Наполи, а Наполи ако не се лажам oсвен со нас, допрва ги чека дуел и со Лацио, Интер и Аталанта.

Милан игра со половичен тим цела сезона досега, нема утакмица а да сме комплетни и резултатите се гледаат, не гледам зошто и како би паднале доколку овој проблем со повреди и корона биде избегнат за вториот дел од сезоната.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434

Ќе се согласев ама да тепаа вчера Интер во дербито, вака Милан изгледаат како да имаат контрола на ситуација, така да 3 тима се во игра за скудето и од оваа перспектива Милан фаворит, иако како навивач сеуште тврдам дека Интер осваја колку и да е Инзаги тренер за трето место па макар и во Баерн Минхен да отиде.

Аталанта нема капацитет за скудето повеќе би ги вклучил Јувентус во битка (колку и да ве тролам со мерак) ако земат на полусезона бар еден стабилен играч за врска иако премногу бодови испуштија...
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
Се согласувам дека е прерано ама многу ме интересира што тоа Наполи го има за да биде пред Милан ко фаворит за скудето, сериозно немам намера да провоцирам или било што ама сериозно сакам да знам кои се причините.

Милан има изиграно со сите од топ6 екипите освен со Наполи, а Наполи ако не се лажам oсвен со нас, допрва ги чека дуел и со Лацио, Интер и Аталанта.

Милан игра со половичен тим цела сезона досега, нема утакмица а да сме комплетни и резултатите се гледаат, не гледам зошто и како би паднале доколку овој проблем со повреди и корона биде избегнат за вториот дел од сезоната.
Играта во одбрана.

4 гола имаат примено, научија да се бранат и имаат убиствен пристап со малите екипи. Милан мислам дека го нема тоа. А за дерби мечевите се согласувам дека Наполи има потежок распоред, ама верувај дека тие многу полесно може да се справат на дерби меч во споредба со Милан. И мое лично мислење е дека имаат поквалитетен ростер.

Сепак, за Милан благослов ќе биде да завршат 4то место во групата ЛШ и да немаат европски утакмици пролетта. За нив ќе биде лошо да одат во ЛЕ, џабе само ќе ги троши.

Всушност кај сите екипи според мене тренерите претставуваат пречка, сите имаат доста негативни страни и можеби тоа се израмнува. Стојам на ставот дека да останеше Конте во Интер, подот ќе го збришеше сезонава со Спалети, Пиоли, Сари, Гасперини, Алегри и Мурињо како конкуренти. Првите 4ца, плашливи и неискусни во водење тим кој ќе брка Скудето, другите заглавени во сопствениот инает.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.603
Поени од реакции
5.571
Една работа вчера се потврди, а тоа колку комплекси влече копилето Хакан. Дно од човек. Затоа и жена му го вара цело време и никад нема да биде повеќе од резервен играч. Пошто карактер и менталитет има 0.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.660
Поени од реакции
13.159
Хакан вчера изигра така и затоа што на Пиоли приоритет му беа Брозовиќ и Барела.

Круниќ како со лисици да беше врзан за Броз.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Многу јаки корео од двете навивачки групи...уште појако ќе беше да се договореа двете навивачки групи да извадеа иста каде ќе имаше два доктори од страна со дресојте на Интер и Милан и на средина обичен доктор.
Од една страна Али Ахмети од друга Заев како најверни фанови и во средина Венко.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom