Јувентус да ти бил на 9 бода од зона за испаѓање, а на 14 од Милан и Наполи.
А јас се залажав за форца нерешено.
Не знам зошто, ама некако се мислам дека Милан не може до титула. Колку и да имаат многу бодови, колку и досега со леснотија да ја истуркаа сезонава, едноставно го гледам Пиоли на клупа и чекам да почнат да вадат лоши резултати.
Наполи ги немам гледано, навидум имаат одлични бројки, ама и објективно најлесен распоред досега, каде што допрва за краток период го очекуваат доста тешки мечеви.
Реков после мечот со Јувентус, мислам дека Инзаги потфрла со тимов. 7 бодови не се многу, особено не позади двата тима пред нив, но сепак. Аталанта очекувам стандард борба за ЛШ, без вклучување во борбата за Скудето.
Лацио ќе се движи тука некаде, од Рома освен нови бламажи, друго не очекувам. Јувентус си е приказна за себе, според изгубените бодови досега, премија ќе биде и пласман во ЛШ.