Serie A 2020/21

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
P.S. Кога сме кај Калварезе, истиот тој на мечот Каљари-Јувентус не виде црвен кога Роналдо му ја разнесе фацата на Крањо.

Значи, едноставно изнуди контакт Португалецот, недоволно за пенал, да, ама каков црвен картон ти се молам, шо е крив Роналдо шо фацата на Крањо излезе пред неговата копачка.

Едноставно можеше да ја тргне фацата настрана и немаше да му биде разнесена.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726

Изнуди контакт плус додека беше во скок викна извини со што ја поништи својата лоша акција. Од страна на крањо не слушнавме извинување, така што може да се заклучи дека јуве беше оштетен во оваа ситуација.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Дел Пиеро во изјавата вели дека нитуеден од трите досудени пенали, не е пенал.

На првите два едноставно се води поради тоа што се ВАР пенали
, тешко го прифаќаат тоа постарите фудбалери.
Јас го прашав вчера по телефон, ми вика Ио не заебавај каков ВАР каков МАР, не е пенал значи дека не е пенал. И кажи му на Мондо дека појма си нема тој од што сум се водел кога не му правам муабет. Не е пенал значи дека не е пенал, просто е.

Негови зборови, не мои.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.738
@SK-92 пак ќе ти повторам, ова е вашиот проблем:

Тоа ви велам, од меч каде што имаше крајно непостоечки пенал за Јувентус кој го потврди апсолутно секој нормален човек, вие ја дополнувате работата со:

- Црвен за Кулушевски (апсолутно нема, чист жолт картон)
- Неправилно поништен гол на Мартинез (беше фаул, Лукаку го турна Киелини во скок)
- Непостоечки прв пенал за Јувентус (чист пенал, Дармијан го спречи Киелини да игра со глава, без да се фокусира на топката си го собори во шеснаесетникот)

Да не зборуваме дека вториот жолт на Бентанткур беше мека ситуација, досудена со задоцнување, ми изигравате објективни, а пред 2 години за оној вториот жолт на Џенова (кој беше влечење од зад грб, многу повеќе за жолт во споредба со она вчера) го кренавте форумот како и секогаш, со квалификации дека е непостоечки.
Еве реално те сметам за разумен, кажи ми која ќе беше твојата/вашата реакција ако Гаљардини во 55та минута добиеше втор жолт како оној на Бентанкур?

Не зборувам толку за стартот, кој за мене е апсолутно прифатливо да биде втор жолт, туку за несигурниот начин на кој го направи тоа. Не ја ни запре играта веднаш, не ни свиреше фаул, се збуни целосно и после тоа му се врати филмот, свирна фаул и додели втор жолт. Како некој по слушалки да го насочи да го направи тоа.

Абе колективно плачење ќе имаше по форумот, немаше ниту да ги гледате ситауциите после црвениот во тој момент ќе беше завршена приказната.

Тоа ми е мене проблемот тука генерално, небо и земја ги третирате ситуациите кога се за Јуве и обратно.

Од една страна го цитирате Дел Пиеро, велите дека немало пенал над Киелини, а истиот Дел Пиеро вели дека немало пенал и за Интер, цитирам: I think all the penalty calls were wrong

Не знам како може над Киелини да не е пенал, кога Дармијан беше комплетно фокусиран на играчот, не ја ни гледаше топката, туку само како да го спречи Киелини да се движи и да ја нападне нафрлената топка. Овде не е толку дали интензитетот е силен, туку тоа што го опструираше противничкиот фудбалер да заземе подобра позиција. Рацете на Дармијан се на неправилно место, едноставно е, така не се брани прекин.

Сериозно, последен пост ми е за оваа дискусија, преку курац од верглање се едно исто.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
Не знам како може над Киелини да не е пенал, кога Дармијан беше комплетно фокусиран на играчот, не ја ни гледаше топката, туку само како да го спречи Киелини да се движи и да ја нападне нафрлената топка.
Како Дармијан го спречувал Киелини да се движи и да ја нападне топката ако Дармијан не ја ни гледал топката? :unsure::cautious:

:icon_lol:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.335
@Mondonico
Упорно лажеш за црвениот со Џенова, не беше тоа толку голем проблем колку што беше фактот што Бентакур ако не се лажам иако небитно кој играч е во прашање, подоцна, откако Јуве веќе заслужено добија црвен картон, направи далеку посјебан старт од тој играч на Џенова, а притоа имаше жолт, плус доцна фаза од меч, некаде при крај беше задњи 10 мин, и судијата го изигнорира тоа и не му даде втор жолт. Додека пак за Џенова точно 0.1 секунда размислуваше за да даде втор жолт у 50та минута, можда беше и порано.

Тука е твојот спин што цело време се обидуваш да го протнеш, како да сме фрлале со дрва и камења за судијата ради црвениот на Џенова, дека имаше полемики и за тоа имаше и истото никој не го негира, ама хајлајтот тука не беше тој момент, туку фактот дека судијата немаше ист критериум за иста ситуација, да имаше, ќе дадеше уште еден црвен за Јуве и они ќе беа тимот со играч помалце на терен, тоа не се деси, и Јуве на крајот победи со пенал во 93та кој беше оправдано досуден, али прашање е дали ќе стигнеа до победа ако беа со 9 играчи на терен.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442
9 факинг бода подарени на тацна и пак се 5 место... Моќниот Јувентус со слабиот тренер според Монде, Шиканариа, Тркачот на средни патеки и Уништувачот на сперма (последните двајца се преведени на Македонски)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.402
@SK-92 пак ќе ти повторам, ова е вашиот проблем:

Еве реално те сметам за разумен, кажи ми која ќе беше твојата/вашата реакција ако Гаљардини во 55та минута добиеше втор жолт како оној на Бентанкур?

Не зборувам толку за стартот, кој за мене е апсолутно прифатливо да биде втор жолт, туку за несигурниот начин на кој го направи тоа. Не ја ни запре играта веднаш, не ни свиреше фаул, се збуни целосно и после тоа му се врати филмот, свирна фаул и додели втор жолт. Како некој по слушалки да го насочи да го направи тоа.

Абе колективно плачење ќе имаше по форумот, немаше ниту да ги гледате ситауциите после црвениот во тој момент ќе беше завршена приказната.

Тоа ми е мене проблемот тука генерално, небо и земја ги третирате ситуациите кога се за Јуве и обратно.

Од една страна го цитирате Дел Пиеро, велите дека немало пенал над Киелини, а истиот Дел Пиеро вели дека немало пенал и за Интер, цитирам: I think all the penalty calls were wrong

Не знам како може над Киелини да не е пенал, кога Дармијан беше комплетно фокусиран на играчот, не ја ни гледаше топката, туку само како да го спречи Киелини да се движи и да ја нападне нафрлената топка. Овде не е толку дали интензитетот е силен, туку тоа што го опструираше противничкиот фудбалер да заземе подобра позиција. Рацете на Дармијан се на неправилно место, едноставно е, така не се брани прекин.

Сериозно, последен пост ми е за оваа дискусија, преку курац од верглање се едно исто.
Значи ти од мене бараш да кажам каква би била реакцијата на фановите на Интер од форумов за нешто што не се случило.
Како да ти одговорам на ова?

Ете, и ти самиот викаш дека е втор жолт и тука треба да прекине секоја дискусија за тој момент. Не знам зашто упорно се браните со тој момент и барате некаква израмнетост кога завчера судијата апла ви помогна до трите бодови. И мислам дека дискусијата ќе беше многу пократка доколку го немаше тој пенал за 3-2. Тоа беше моментот за што уште се дискутира. Веруј, да беше 3-2 регуларно, интерашите ќе се заебаваа овие два дена на сметка на Милан. Секако кур не боли, и секако сме шампиони. Фрустрацијата доаѓа од начинот на кој е издвојувана таа победа...нешто што го гледаме секоја година. Нормално, за тебе ова е глупост, ама ете и на линкот кој го поставив на претходната страна, фан на Лидс го постирал видеото од Роналдо со Крањо што посочува дека не сме само ние кои мислиме така за Јуве.

Дел Пиеро супер што посочил дека сите три пенали биле погрешни, ама заборавате дека вие шутиравте два од тие три пенали, а оној на Интер ми личеше повеќе на компензација. Буквално судијата нејќеше да чуе за фаул иако беше многу блиску до Лаутаро.
Ете за тоа, и за вториот гол на Интер, ВАР мора да постои.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.402
Како за фанови кои го слават Скудетото,некако многу ми се замарате со некој небитен тим на 5 место...

:kafence:
Го прославивме веќе. Скоро месец дена сме шампиони.
Сега фокусот е да останете небитен тим и да останете 5то место.

Forza Milan!
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442
Јако ќе биде Калварезе случајно да биде делегиран на некој од Милан или Наполи... Да не се остави на случајност...
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
Јако ќе биде Калварезе случајно да биде делегиран на некој од Милан или Наполи... Да не се остави на случајност...
Не бе сеа Калварезе ќе го делегираат последно коло да суди 3та лига и следната сезона прво коло нема да суди и да почнат розевите весници да спинуваат како правдата е задоволена и како системот работи и функционира. :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom