Да му се фатите на Кајло Рен свите
Иначе Стефчо кој би бил хрват фејсбук едишн колорајзд
(Објавата е за Тео иначе)
Ок Марли намали малку со сарказам, барем ти треба да си свесен што значи буквално истите играчи да го јадат од Аталанта 5-0 и после некое време да имаат скоро перфектен скор во 35 натпревари... Значи стигнавте од пцуење на Бенасер како најголема превара од играч за сега да биде еден од најдобрите млади играчи во Италија, за Кеси исто се збореше а сега е повеќе од солиден а за Чалаханоглу па да не зборам што се пишувавте.
Истиот тим на Милан сега уигран си гази, значи имало и други работи во позадина, Ибра придонесе за тимот ама не толку колку што почнаа да го слушаат Пиоли. Со Парма можеа да тепаат 4-1, 4 пречки по ред имаа и јас сметам дека првиот тим на Милан, кога играат сите играчи е еднаков на тој со Јувентус и Интер, скоро и да нема фаворит меѓу трите клубови ама не е се до играчите, битна е атмосферата, нешто што Интер не го краси но и покрај тоа имаше финале ЛЕ и заврши второ место а сега е само една победа позади Милан.
Чудо треба да се случи Конте да направи позитивна атмсофера, да прекине да се става пред клубот и во тимот да се направи единство како во Милан, тогаш Интер 99 посто освојува титула... Мислам дека и во Јувентус има некој раздор и нема позитивна атмосфера па затоа може и Милан има изгледни шанси за скудето иако има послаба клупа.