Италија и официјално има повеќе од 1000 потврдени случаи. Очигледно дека ситуацијата е комплетно надвор од контрола.
Мислам дека треба целосно да го прекинат првенството, многу е сериозна состојбата. А не да дозволуваат цели групи по илјадници луѓе да им се шетаат по државата секој викенд.
Не ја разбирам индолентноста на нивните власти, им експлодира епидемија во најбогатиот и економски најбитниот регион, која е прашање дали воопшто ќе можат да ја контролираат во иднина, они се грижат за имиџот на нивниот фудбал во светот.

Кој е шампион и колку пари ќе загубат клубовите е секундарно прашање во моментов, нема сектор кој не трпи штети моментално.