Serie A 2019/2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Splendora
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
На Интер добро му тргна, играа против боранија во Италија и Лацио.

Конте како тренер нема план Б, ако му излезе некој со висок пресинг и темпо незнае да направи промена и да ја реши утакмицата, сега колку тима ја имаат таа игра во Италија сите знаеме.

Нормално дека нема план Б, кога беше во Јувентус го научивте дека кога не му оди на тимот, ги имаш судиите.

П.С. Интер играше против боранија, Јувентус се судри со моќните СПАЛ, Бреша, Верона, Фиорентина и Парма. Well said.
 
Овие па изгорениве за скудето што не виделе 9 години ,ок е олабавете шесто коло е.
 
Овие па изгорениве за скудето што не виделе 9 години ,ок е олабавете шесто коло е.

Разберине..толку години Интер е мизерија и нормално е после вакви изданија на нашиот омилен клуб да има ваков ентузијазам во нас :D
 
А и зошто би навивал ако нема ентузијазам во вакви моменти.

Кога ќе ми текне 2011/2012 кога ја земавме првата со Конте :vozbud:
 
Реално 6 од 6 победи имаат Интер, и тоа не против лесни противници, ги изгазија Милан, победа со Лацио, ги добија двете дерби без примен гол, победа на гости кај Сампдорија со играч помалце, да беше Спалети вчера ќе им ја свртеа Сампа, имаат добар и искусен тренер, го појачаа тимот, одбраната им е коска, ова ако не се причини за ентузијазам тогаш не знам шо треба.
Сега му следуваат два битни меча, против Барса на Камп Ноу и против Јувентус на домашен терен, со оглед на тоа дека ке ги фрлат сите карти за скудето, мислам дека со Барса нема да се замараат толку, ако успеат до позитивен резултат екстра ако не никому ништо, затоа што по неколку дена е најважниот натпревар за нив сезонава, дербито со Јувентус.
 
затоа што по неколку дена е најважниот натпревар за нив сезонава, дербито со Јувентус.
Како бе вака уште 7мо коло веќе е најважниот натпревар ?
 
Како бе вака уште 7мо коло веќе е најважниот натпревар ?

Станале провинциска екипа ко Наполи,Рома,Фиорентина.. не смееле да изгубат од Јуве а седмо коло е, вов еден бод ќе заостануваат после 8 коло хаос, крај на светот. Па и да тепаат големо чудо,пет бода предност. Ене ги Ливерпул имаат пет бода предност пред Сити па не зборат за титула секое коло.

Ќе праиме муабет ако се во ваква форма во 20-25 коло сега е нонсенс да се збори,сите големи екипи темпираат форма овој период,нема ниеден тим што е совршен овој период ама ок есенскиве шампиони имале 6 од 6, почнаа да се курчат уште сега :D
 
Како бе вака уште 7мо коло веќе е најважниот натпревар ?
Така шарено, пораз од Јуве ќе значи за џабе тие 6 победи со ред ако Јувентус викендот го заврши пред нив на табела, да не прајме муабет и каков ветер во грб ќе биди за нив ако го добијат тој натпревар и им избегаат 5 бода на најголемиот конкурент за титула. Не гледате од вчера фудбал па да не знаете како стојат работите.
 
Vetar vo grb da, no seuste e rano vo sezonata za 5 boda da znacat bogznae sto. Pet boda prednost ni vo Mart nema da znacat mnogu, ne pa sega...
 
Vetar vo grb da, no seuste e rano vo sezonata za 5 boda da znacat bogznae sto. Pet boda prednost ni vo Mart nema da znacat mnogu, ne pa sega...
Фала богу дека е рано, јас не реков дека шампиони ќе бидат ако го победат Јувентус, ама тој натпревар е многу битен за нив.
Инаку не значат ништо и 5 бода да бегаат, чист пример лани Дортмунд, кога го победија Баерн избегаа 8 или 9 ако не се лажам, па видовме на крај шо се случи
 
Па никој не вика дека ќе се шампиони ако ги тепаат Јуве, ниту дека нема да освојат лига ако изгубат. Јас се фатив за делот што кажа дека ова е Најважен натпревар за нив, што е чиста глупост зошто е сам почеток на сезона.
 
Добро, натпревар од големо значење, ете, сега задоволен ? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom