Serie A 2019/2020

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 јануари 2019
Мислења
1.158
Поени од реакции
1.569
Вчера на Сенси му играа со рака не свирна пенал, после Де Вриј исто така играше ама по реакција на Падели, исто не свирна пенал. Не знам ова одлукиве оставени на судииве што е пенал а што не е одат само во прилог на Јувентус. Пак ќе ве потсетам на ударот на Икарди пред некоја година што беше блокиран со рака па не беше пенал.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
14.448
Поени од реакции
11.336
Не се сеќавам за Атлетико со Реал ама срамно е воопшто да се дискутира дали она беше пенал..па ако сака и 1 милиметар нека има растојание...неможи како голман да влегваш и да браниш простор пред твојот гол на секој топка...ајде ако не одбранбените нека шират раце и нека се лепат до противничкиот играч кога ќе шутка на гол....нека бидат како втори голмани и ќе биди се во ред..нема тука дискусија..чист пенал.

А за ситуацијата со Квадрадо е дискутабилна...да е на средина е чист прекршок, во шеснаесетникот не е пенал...а кога ќе видиш секој прекршок во шеснаесетникот е пенал па не знам шо да речам..по правила и тоа е пенал..ама во живо тешко дека некој ќе го свирни.
Еве и др снимка од цела акција

 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.613
Поени од реакции
1.393
Пиоли имаше јака изјава:
На средбата со судиите, Ризоли ни објасни дека ако играчот е свртен на грб и ја фати топката со рака тоа не е пенал бидејќи играчот не е свесен за ситуацијата. Денес Валери дава пенал, не знам што да ви кажам повеќе ...

Иста таква изјава имаше и екс судијата Тициано Пиери...

Бонус Видео... :D
 
Член од
14 април 2012
Мислења
24.404
Поени од реакции
38.189
Пиоли имаше јака изјава:
На средбата со судиите, Ризоли ни објасни дека ако играчот е свртен на грб и ја фати топката со рака тоа не е пенал бидејќи играчот не е свесен за ситуацијата. Денес Валери дава пенал, не знам што да ви кажам повеќе ...

Иста таква изјава имаше и екс судијата Тициано Пиери...

Бонус Видео... :D
Па, ако ја ФАТИ, не знам како тоа нема да биде пенал. Друго што не кажуваш во постот, а е многу битно е каде е положбата на раката.

Во случајов од синоќа, раката е во неприродна положба, играчот свесно покрива поголем простор со истата, и затоа е пенал.

Да му беше раката до телото, можеби и ке му прогледаше низ прсти, ама братов ептен се размавта со рацете.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
14.448
Поени од реакции
11.336
Пиоли имаше јака изјава:
На средбата со судиите, Ризоли ни објасни дека ако играчот е свртен на грб и ја фати топката со рака тоа не е пенал бидејќи играчот не е свесен за ситуацијата. Денес Валери дава пенал, не знам што да ви кажам повеќе ...

Иста таква изјава имаше и екс судијата Тициано Пиери...

Бонус Видео... :D
Свесен си дека денес Валери не даде црвен на Кеси и имаше 2 ситуации (Ремзи, Куадрадо) каде што можеше слободно да свирни така? Ама сигурно не го гледаше натпреварот оти ако го гледаше а го коментираш ова ств тогаш....секоја чест.

Значи тоа што Ориали му се ака на судиите во фаца секоја втора утакмица им се црека до немај каде а држи функција во ФИГЦ значи дека сте најголеми местачи така ?


Автоматски споено мислење:

Па, ако ја ФАТИ, не знам како тоа нема да биде пенал. Друго што не кажуваш во постот, а е многу битно е каде е положбата на раката.

Во случајов од синоќа, раката е во неприродна положба, играчот свесно покрива поголем простор со истата, и затоа е пенал.

Да му беше раката до телото, можеби и ке му прогледаше низ прсти, ама братов ептен се размавта со рацете.
Џабе тие објаснување и се, разбирам јас сумливи ситуации ги имало и ќе ги има ама ова денес да велиш дека е подарок или дека не е пенал тогаш не знам зошто е објаснувањето воопшто.
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.066
Поени од реакции
7.469
За каков пад зборуваш ? Постои такво правило да, ама ако топкатаго удри кога е веќе играчот на сантиметри од земјата и со раката се потпира на тревникот што не е случај во оваа ситуација
За пад у неговата игра збори, дека со тек на времето се послаб и послаб
 
Член од
21 јули 2018
Мислења
1.474
Поени од реакции
2.489
Стариот добар Јувентус :D....таков гнасен статус си имаат ставено за и чисти пенали за нив кога ќе свирнат се сумливи и кога се оштетени пак да се форсирани :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
24.158
Поени од реакции
35.263
Мислам дека непотребно ги искомплицираа правилата за игра со рака, до тој степен да не се знае кој јаде кој пие. Пред некое време читав дека имале семинар на судии кои судат во ЛШ, и на некој од ситуациите кои им биле презентирани, половина од присутните имале спротивни мислења. Затоа не треба да ве чуди што на различни натпревари две исти ситуации се судат различно.

Кога почнував со гледање фудбал имаше една одлична 30 минутна емисија на МТВ, се викаше Телеспорт. 5 минути од емисијата беа наменети за прегледување спорни ситуации, во присуство на фудбалски судија. Најчесто гостуваше Гоце Попев кој беше најпознато судиско име од Македонија. Толкувањата за пенал при игра со рака тогаш беа многу едноставни. Ако топката те удри во рака, и притоа го промени правецот на движење - пенал. Исклучок само кога раката е прилепена до телото. Намерно, ненамерно, бил во пад, бил во скок, сакал да избегне ама немал време... пенал.

Имаше и едно друго едноставно толкување: се што се свири надвор се свири и внатре. Точка.

Се додека не ги упростат правилата ќе имаме вакви ситуации. Единствено решение е се да биде пенал, па нека ги прилепат рацете до тело и нека не мафтаат многу многу.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
2.744
Поени од реакции
2.337
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
30.021
Поени од реакции
67.925
Vidi gi pa ovie glupacive sport1.mk, ista bila situacijata na Napoli i Juve... :facepalm:

Bezveze se kreva prasina za spored mene cist penal. Ovie pa Juventus do tolku kriminal imaat natalozeno vo sebe sto pocnaa i za cisti situacii da gi zamaraat. :D
 
Член од
6 април 2014
Мислења
3.397
Поени од реакции
3.968
I jas se soglasuvam deka e cist penal toa no i deka ima penal od kvadrado, a zosto ne e suden toj treba nekoj da gi pojasni ili podednostavi pravilata za igranje so raka kako sto imase pisano nekoj predhodno. Da se izleze so jasen stav sto se sudi a sto ne se sudi koga e vo prasanje igranje so raka.
 

Нинович

Циник
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.749
Нема бољи експерти од навивачи на јувентус. Уште несвирнат пеналот идат и викаат: Што, и ова да не не беше пенал?! Тоа чисто да се амортизира кукањето кое сите знаат дека ќе следи после утакмицата.

Прво, не зборам јас, туку збори Никола Рицоли на состанок со тренери и капитени во ноември 2019 година, за иста ситуација (гледајте хајлајтс, многу е слична) на Каљари-Бреша: Ова не смееше да биде досуден пенал. Објаснувањето е: Играчот е во скок, а за скокање се користат и рацете, па невозможно да бидат залепени до телото. Дополнително е свртен со грб и не може да биде свесен. Таму биле присутни и судии и бивши судии и Пиоли и Сари и Бонучи и Паоло Валери. И покрај тоа, вчера пак се свирна пенал за Јувентус. Океј, заеби, ова од Рицоли ни јас не го знаев, најверојатно и јас ќе се бунев ако беше Милан во прашање и ќе бранев онаков пенал, АМА ако имало ваква насока за судиите од Рицоли, итоа ОВАА сезона тогаш никако не може да се збори за ЧИСТ пенал. Во најмала рака е дискутабилен. Ама кога вака експертски анализирате, дајте така анализирајте и за игрите со рака во шеснаесетник на Сандро лани при 0:0 во Торино со Милан, па и на трите игри со рака на Де Лихт сезонава на различни утакмици, ниедна санкционирана со пенал. Ај ни тоа нема врска.

Друго сакам да потенцирам јас. Баш за онаа пројувенташката културата на судење за која пишував пред некој ден. Вчера имаше милион спорни ситуации и знам дека експертите на јувентус можат сите една по една да ги анализираат и не ме занима тоа, ама КРАЈНИОТ резултат на утакмицата беше: 7(СЕДУМ) жолти картони за Милан, 1(еден) за Јувентус, 1 црвен картон и еден пенал против Милан. Сите што ја гледаа утакмицата знаат дека беше прљава да, имаше фаули, ама дека онолку треба да е разликата во картони?! Судијата влага на терен и знае кој е под закана за суспензија заради жолти картони. На прв фаул вади жолт за Ибра, за Кастиљехо и за Ернандез, сите тројца под закана за суспензија. Притоа, на Кастиљехо не му вади за фаулот туку за реакцијата, а на Ернандез му вади жолт откако секунда предтоа не свири чист фаул на Дибала над незнам кој беше затоа што БИЛ СВРТЕН СО ГРБ и не видел. И тоа не го спомнувате вие експертите, а тоа е директен фактор за суспензија и за црвениот картон кој ја смени утакмицата. Следно, тоа над Квадрадо било пенал? Иако му бегаше топката и немаше никад да ја стигне затоа што е удар со рака во глава? Тогаш, по таа логика и ударот со рака во глава над Ибрахимович на почетокот на акцијата која доведе до пеналот е фаул, не? Џабе е да збориме хипотетички, ама важно е да се биде доследен во критериумите.

Следно, дали ве молам сте приметиле, на секоја, буквално секоја утакмица на јувентс. Било која судиска одлука, дали е фаул надвор или во шеснаестерец, дали е игра со рака, дали е аут, дали е било каква сумљива ситуација, погрешно изведен аут, абе буквално било што, СИТЕ играчи на јувентус дигаат раце во секунда и сите одат околу судијата. Сите разговараат со него и се оправаат, не капитенот само. Абе буквално за све се реагира кај судијата. Ако не сте приметиле, гледајте следно дерби или иоле побитна утакмица на јувентус, ќе видите. И нормално дека тоа ќе створи некаков притисок и ќе изнуди бар една глупа одлука на судијата. Вчера Буфон прв го виде пеналот на Калабрија иако беше 200 метри оддалечен. Чак еднаш Валери заради дигање раце на Бонучи свирна игра со рака на Чалханоглу, а тоа Дибала играше, по дифолт си покажа топка за Јувентус и смени одлука после, ептен видливо беше.

Многу спорни ситуации имаше вчера и нема поента да се анализираат една по една. Факт е дека пак третманот не беше еднаков и резултатот е 7 жолти и 1 црвен картон за Милан, 1 жолт и 1 пенал за јувентус. Ако се согласувате дека тоа е еднаков третман на онаква копачка утакмица синоќа со онолку спорни ситуации на двете страни, уреду е, ваш проблем. За тие што ја гледале зборам. Тие што гледаат гифови и јутјуб хајлајтс и успат ги интересира Серие А, па онака паушално пратат што се дешава затоа што нивните тимови им се неинтересни во нивните лиги, тие исто така паушално и си коментираат, не ги сфаќам озбилно.

Пак ќе речам, не беа вчера судиите седнати пред утакмица и договорени да свират за Јувентус, едноставно, тоа им е влезено во менталитет, џабе. И се додека има слободни проценки на судии и милион нијанси во тоа што е пенал, што не е, што е фаул, што е лакт, кога се дава предност кога не, дали се вади одма жолт или не, секогаш ќе биде така во Италија, кога е оваа екипа во прашање.
 
Последно уредено:
На врв Bottom