Сега ви пречи да се дискутира за чиста ситуација, во спротивно 5 страни вртите кога е за Јуве. Ама ај да не навлегувам и јас во глупите дискусии. Од она што го видов одлично судеше судијата, се по пропис.
Милан реално нема квалитет ни да припари до топ 4 камоли нешто повеќе. Нема како ни во контекст да се ставаат, буквално две скалила подолу се од првите четири екипи. Еве колку за приказ против првите пет на табелата (Интер, Јувентус, Лацио, Аталанта, Рома) имаат на рамно 0 освоени бодови сезонава на 6 меча.
Стварно ќе биде интересно, ако Сари не најде начин да ја среди одбраната која прима многу голови и ако не успее да го разигра цел тим, не само Роналдо, тогаш Јувентус ќе има сериозни проблеми. Меч за меч ќе биде сезонава и мислам дека шампионот нема да има премногу бодови. Моја проекција е дека со 85 поени ќе се освои лигата. Ќе губат бодови сите, многу тешко некој од преостанатите 15 кола да победи повеќе од 10.
Веќе кога имаме преглед, сметам дека сите имаат шанси да бидат први, макар и Лацио. Кај Интер предноста е Конте, неговото искуство со водење тим во тежок дел од сезоната под сериозен притисок. Недостаток секако е стравот и недоволната самодоверба кај играчите.
За Јуве предност е навиката за освојување, инаетот па дури би додал и тоа што двата меча против Интер и Лацио ги играат на домашен терен (иако не мора да значи нешто особено). Недостатоци еден тон, а пред се Сари и неговата неспособност да изнајде квалитетно решение за подобра игра.
Лацио може да го искористи тоа што играат без притисок и тоа што од нив никој не очекува ништо.
Во секој случај недостигаше вакво нешто на Серија А, премногу монотона стана лигава без вистинска борба за Скудето.