Брее што човек ќе беше, 200 луѓе да му викаат не е во право тој ќе си тера по свое, али како само ги заобиколува работите, секоја му чест, му нема рамен во тоа, ама кај мене таквите работи не поминуваат.
За Сантон било смешно за Заниоло не било смешно хахахаха и кога го прашаш зошто ќе ти наведе еден куп работи, ќе си ги поврзе како што на него му одговараат.
Што не ти е јасно незнам? Збориме конкретно за трансферот, што има да спомнуваш Рома што изгубиле со Раџа, ако се базираме на тоа што го игра оваа година и какви глупости прави, перфектно ќе се вклопеше во сивилото на клубот, а ти ми кажуваш факти со него подобри ќе сме биле, како тоа?? Ти наведов како тој стои со ЕДФ така да во Рома можеше да се случи да биде полоша ситуацијата. Сега од една страна кажуваш дека е лош во Интер, а од друга страна ми кажуваш Рома многу изгубиле што им го нема во тимот, апсурди кажуваш, кои ти се дрзнуваш да ги наречеш факти

а од друга страна го занемаруваш фактот што во Рома покрај Раџа си отиде и Алисон па сега прима смешни голови Олсен, плус Стротман, Фазио и Џеко играат катастрофално, Де Роси после 20 години кариера прв пат одсуствуваше 3-4 месеци, ЕДФ изгуби компас итн .. епа друже не е така како ти што претставуваш, проблематичен карактер како Раџа немаше нешто посебно да придонесе за подобрување на оваа ситуација, тој лани имаше најслаба сезона во последните години, се повеќе глупости правеше, а импактот во играта му беше се помал и помал,на Ливерпул во полуфиналето им 'асистираше' за два гола во двата меча со погрешни додавања, каде ЕДФ директно ги посочи ситуациите.
Ми кажуваш како Заниоло секако немало да биде во Интер, па и јас ти кажувам дека и Раџа секако ќе леташе од Рома, ради еден куп причини кои ти ги набројав, плус човекот во неколку наврати имаше изјавено дека ќе си прави како му одговара и дека не планира да игра фудбал уште многу време, а ти тука ми го спомнуваш Пирло како се препородил на 32 години, а овој нема 31 а веќе зборува за пензија, што натака да ти расправам?
И знаеш што е разликата кога велиш Заниоло секако немало да игра во Сасуоло, факт кој ти вешто го избегнуваш, што вие Заниоло никад немаше перманентно да го продадете на Сасуоло за 4.5мил евра, како прво цената ќе му беше поголема, бидејќи земавте поголеми пари за други младинци а не па за Заниоло како второ бај бек клауза обавезно ќе имаше. А детето ако во овој растур систем во Рома одрипува со игрите, големи беа шансите да се покаже и во Сасуоло како Рома што направи со Лоренцо Пелегрини, го зедоа Сасуоло за 5-6мил евра, изигра одлична сезона, го вративме за 10мил и сега имаме играч кој вреди 30-40мил евра, а како што стојат работите многу големи беа шансите и со Заниоло така да испаднеше работата.
Фактот дека Најголан игра слабо и направи триста глупости, покажува дека управата на Рома имала право што сакала да го продаде, останатите причини веќе ти ги набројав.
Гледаш дека основа за дупење не е само лошото играње на Раџа во Интер. Првично финансиски поминавме добро со тоа што на Заниоло му рипна цената, играчки ослабени ради Раџа, ама не за долг временски период. Како што гледаш управата во вистински момент се откачи од потенцијален пензионер за година две кој ќе го оптеретуваше буџетот со 5мил евра годишно, а ќе беше се послаб и послаб, а башка на сметка на тоа добија 24мил евра, плус бек кој вреди 5-6мил евра и млад талент на кој цената вртоглаво му се качи. И кога ќе се собере се и те како сум задоволен од овој трансфер каде за играч кој вреди 30мил моментално, добивме капитал од некои 50-60мил евра што во пари што во играчи кои зимаат екстремно мали плати. Нормално јас бев против продажба и на Алисон и на Раџа и на Стротман, бидејќи не ми се свиѓа политиката што секоја година мењаме по 3-4 клучни играчи од прва постава и цело време зборевме како некој ден тоа ќе ни се удри од глава, не можеш ти секоја години да правиш такви рискантни потези. Али од се што продавме во категоријата на јаки играчи, трансферот на Раџа испаѓа најоправдан од секој сегмент, а најповеќе финансиски и тајмингот што беше одбран, бидејќи да останеше уште една сезона на позицијата(по дефанзивно) која го игра едф и ако ја земеме неговата форма од оваа година и глупостите што ги правеше, ние ова лето од него немаше да извадеме 20мил евра, а играчки дека Раџа е толку способен индивидуално да не вади оваа година од гомната мало морген, лани не беше ни во конкренција за најдобар играч во Рома, туку Џеко, Алисон и Де Роси. Алисон си замина, Де Роси три месеци повреден, Џеко е лош, башка и тој паузираше два и пол месеци, подолга пауза и тој не е имал во кариерата. Мислам дека доволно кажав, пробав на неколку начини да ти објаснам, одев и по твој терк на работите, незнам веќе како на друг начин човек да ти објасни. Твојата експертиза со претпоставки кои ги правиш факти не ти играат улога кај мене, џабе правиш огромни обиколници за да ја избегнеш суштината на муабетот и кажуваш само тоа што ти одговара, тоа кај мене не пали, а како што гледаш цел форум те научик како буквар како функционираш
