Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона

  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Посран клуб.
Од утакмица во утакмица се повеќе се докажува дека судиите го штитат.Не му даде картон на Бенатиа 20 секунди пред истекот на полувремето.ПОСРАН КЛУБ.

Абе, да не влезеше Калинич резултатот ќе беше 3-0...
 
А што требаше да им значи кореографијата? Освен тоа дека знаеле дека ќе добијат покер:P

Еве ти целосна слика.

Dcx4a57X0AEvlOd.jpg

Кореографијата значи дека за нас овој меч беше all-in, меч на сезоната, титула која ќе беше светла точка на оваа сезона со многу пресврти за нас ама се случи тоа што се случи, мечот го изгубивме исклучиво ради голманските грешки и едноставно невозможно беше да се вратат играчите од таков притисок.

Шала на страна воглавно очајна сезона за нас, сите очекувавме повеќе, заслужен сеир на наша сметка и воопшто не ми смета да читам кога нормално сме го заслужиле тоа ама искрено ова е премлад и пренеискусен тим за туку така категорично да се кажува дека никад ништо нема да напраат. (Секако на Мондо ќе му дозволам да си праи експертизи пошо он на 6 години го предвидел нападот на Кулите Близначки во САД, на 9 падот на кингерот на нашиот претседател а подоцна во пубертетските години и падот на Интер после тројната круна.)
Нормално има играчи што се океј но никогаш нема да бидат лидери во голем тим ко Милан и според изјави на управата, тренерот, капитенот Милан баш ова лето ќе проба да донесе 3-4 искусни кои ќе можат да го однесат Милан левел погоре кон топ4.

Милан вчера на утакмицата имаше просек од 22-23 години, тоа е сериозно премлад тим за да очекуваш да направат некаков магичен камбек против искусна екипа како Јуве.
Кај нас данокот си го земаа оние пар ужасни месеци со Монтела каде самите играчи кажуваат дека немале сериозен тренинг, нит исхрана нит нишо и тотално е сулудо да очекуваш да успеат на сред сезона сите тие работи да ги корегираат и да има некаков магичен напредок и завршеток на сезоната, плус да напоменам дека од сите Калчо екипи Милан има највеќе натпревари изиграно сезонава - преку 50 и тука ќе напоменам и дека имаме само 14-15 играчи цела сезона.

Апсолутно не барам алиби за срамот само искажувам пар факти кои мислам дека влијаат на ситуацијата и мислам дека Милан како тим има простор за напредок и тоа минатото лето кога се донесоа 15 играчи мораше да се случи за да се постават некакви темели кои само ќе се надоградуваат.

Секоја чест за Алегри, прв тренер со 4 дупли круни во Италија, уше еден од поклоните на Галијани и Берлускони кон Јуве но тие го превземаа ризикот и го искористија.

И секоја чест за Курва Суд и оние кои патуваат цела година со Милан и му даваат огромна поддршка во вакви лоши времиња, мене сериозно ми е смешно навивачи на Јуве да се смеат за кореографии а нивните личат како да им ги составувал Вори заедно со Сунѓерот Боб.

Колку е Милан слаб, беден, очаен, ужасен... you name it понатаму сигурно оште еден тон придавки има.

Со какви полуфудбалери се на теренот, што е ова бе. Не гледам светло во тунелот за нив, треба некое чудо да се случи, а во денешниот фудбал малку потешки се чудата.

Ејј претеруваш малку. Точно тимот е лош, ама зашо да не гледаш светло во тунелот? Таква им беше ситуацијата пред новите газди кога купуваа слободни агенти и им даваа повеќе годишни договори со прилично големи плати, па се напунија со ѓубре од кое едвај полека се очистија.

Проблемот кај Милан сега е микс на лошо купување и ЛОША СЕЗОНА ОД ОНИЕ ОД КОИ НАЈВЕЌЕ СЕ ОЧЕКУВАШЕ.
Милан требаше да има многу добра дефанзива, го зимаш Бонучи(реално беше топ 3 или топ 5 дефанзивец во светот), во Ромањоли го имаш еден од понадежните ммлади дефанзивци со веќе 3-4 години искуство направено во сериа а, на кого му требало е само искусен добар дефанзивец за да го надополни и имаат страшна одбрана. А тој покрај Бонучи, го доби и Мусачо, пристоен дефанзивец во одлична форма и години. Како шлаг на се, за подобра одбрана требаше да биде Донарума. И што се случи, Донарума добро брани, ама не ја повтори ланската година во која беше страшен. Бонучи наместо да ги стабилизира останатите, тој се вклопи во сивилото и беше прв кој не беше стабилен и знаеше да кикса. Значи потфрли главниот адут кој требаше да биде на Милан одбраната, не само Бонучи туку и останатите играчи, додади на ова повредата на Конти, за Родригез се знаеше дека е коцка бидејќи последната сезона во Волвсбург не беше на ниво како претходната. Покрај него тотална утка испаднаа шпицовите, посебно Калинич, ај за португалецот сите беа свесни, јас дури на почетокот на сезоната пишав дека играчот е жива превара, али па грешив за Калинич за кого мислев дека ќе се истури од голови па и асистенции и дека Силва нема да фати место од него.

Да се вратиме на суштината на дискусијата, излес од тунелот има. Тоа е добар тренер кој ќе ја консолидира одбраната која има голем капацитет а не се вади ни 50% од тие играчи. И исправка во навалната линија каде штетата е направена. Продажба на Калинич, колку му се земе толку, а и продажба на Андре Силва под услов некој да се излаже да плати барем 25мил. А потоа со сите финансиски можности во потрага по одличен шпиц, нешто што лани можеа да го направат со 65мил пари дадени за Силва и Калинич, а сега од нивна продажба дали ќе соберат 40мил, е тука е штетата, поготово дополнителен проблем сега ќе биде фифа фер плеј правилото што ќе мораат да продаваат(али имаат златна кокошка што ќе ја затвори таа дупка во Џиџио). Чекор на назад во секој случај, али не и безизлезна ситуација. Ипак Бонучи, Ромањоли, Мусачо, Кесие, Кутроне, Сусо, Чаканоглу, Бонавентура се доволни да влеваат надеж во овој тим, со корекциите што ги споменав.
Донарума сеуште можат да му извадат околу 40-50мил, од двата шпица ако некако успеат 40мил да извадат арно, тоа ти се некаде 80-90мил. Со тоа би покриле 30мил обврска спрема ффп(ако е 30мил) и ќе им останат пари за еден солиден шпиц. За другите позиции ќе комбинираат заедно со тренерот, зборам за Биглиа, Локатели, Калабриа, Борини, Монтоливо па и Мусачо ај тука да го ставам, ќе ги продаваат, трампаат без разлика..

Али мое мислење е дека повторно направија грешка со трнерската позиција(можеби грешам). Се гледа дека се ставени во ред, дисциплинирано играат, многу се залагаат, за разлика од кога беа со Монтела кога трчаа како претепани кучиња и се влечеа по терен безнадежно. Али се приметува недостатокот на замисла и визија во играта што во напад, што назад, ограничена им е играта, играат компјитерски точно, ама нема некоја хемија. Таа неспособност или ај да нњ бидам толку ригорозен, да кажам како за почеток неискуство на Гатузо ќе дојде до израз, нема да бидат доволни само дисциплината и големото залагање.

И едно не ми е јасно, зошто Чаканоглу е лево крило, а Бонавентура повеќе во средина? Океј, се гледа дека имаат слобода во играта и двајцата, ама зошто не е обратно, бидејќи Бонавентура странично по може да пробие отколку Чаканоглу, а и некако двајцата се многу збиени еден до друг, тој што е ставен во средина треба да има ефект и на другата страна кај Сусо, бидејќи е олраунд играч. На сметка на тоа приметивте како Сусо се мачи да создаде акција и пробиви со офанзивно лимитираниот Кесие(на кој му е кажано да помага али толку може во напад) и не толку капацитетен десен бек. Тоа ти се вика промашена тактика, Кесие и Локатели треба средишно поназад да си останат, а на сметка на тоа Бонавентура или Чаканоглу кој и да е во средина офанзивно да помага и на двете страни во зависност од каде се напаѓа.
 
Види откако дојде гатузо одбраната не е ич проблем. Одлично си играа. Јбг едино колапс вчера што им се случи ама сепак во главно ги стегна назад. Е сеа проблемот е што Гатузо е тактички лимитиран тренер. А и друг проблем освен напаѓачите кој сите се очајни, е средината. Огромен проблем е средината. Фали 1 креативен играч што знае да задржи топка да игра покрај Кеси и Биља. И Кеси не е крив само го прегорија 50+ натпревари стигна да изигра во една сезона и издишан е. Нема замена за него, грешката што ја направија со продажба на Кучка. Друга работа премногу избрзаа со договорот на Гатузо. Требаше се почека до крај на сезона. Ја реков едино ќе заслужеше нов договор само доколку обезбедеше ЛШ место. Ама не успеа. И сеа заглавени се со него. Друга работа 20 натпревари Бонавентура и Сусо се тежок очај. Тежок очај и можеби најголем проблем за тимот. Сусо е добар играч ама премногу индивидуален и една финта само за дриблинг има и лесно го читаат. Премногу ѓубре има во тимот што треба се исчисти. За основа има каква таква. Млад тим се само потребни се доста играчи за стабилизација. А еве заинтересирани за Политано се. Ако продолжат со таков тип на трансфери ни наредна сезона нема да се ништо боље.
 
Сезонава е доволен показател колку се (не)квалитетни Сусо и Бонавентура, во случај Милан да сака да се врати на старите патеки.
 
@Клипче
"Ова е премлад и пренеискусен тим" и мора да ти се надоврзам тим со премал квалитет. Знаеш дека просекот честопати е многу првртлива категорија, па така и просекот на годините на тимот на Милан ама апсолутно ништо не значи. Едно е да имаш млад и полетен тим, друго е тој просек да не ти го креваат главните играчи, кои што се по 24-25 години (Чалханоглу, Сусо), во кои што реално нема никаква иднина, освен онаа која се манифестира во сегашноста, а тоа е 6-7 место, со некои натчовечки напори евентуален пласман во ЛШ.

Млади играчи во Милан, од кои реално не може да се очекува повеќе и не е фер да бидат осудени на пропаст поради сезонава на Милан, се Кеси, Калабрија, Локатели па и Ромањоли. Кутроне можеби е млад, ама реално што од тоа. Дечкото е чекач, може да направи просечна кариера, ама повеќе од тоа :toe: Но, тоа се само неколку фудбалери. Костурот на тимот и натаму е застапен од просечни фудбалери, на некои си средни години со кои нема начин да се напредне.Па главни играчи на Милан сезонава со најмногу настапи се Бонавентура, Чалханоглу, Биља, Сусо, Родригез, Бонучи и уште неколку. Ај кажи ми ти мене каде со овие, (освен Бонучи кој си е докажан фудбалер) каде треба неутралец да гледа некакво светло во тунелот. Па ова ти е збирштина од просеци, кои што на 24-25-30 години го имаат достигнато максимумот, плафонот, а тоа гледаме каде е.

Немој да ме заебаваш и да ми глумиш навреден нешто, искрено и јас се прелажав на почетокот, ама кога ќе погледнам дека играчи како Борини :pos:, Калиноќ и дедото Монтоливо се прва замена од клупата, честопати и стартери, што друго да мислам?

@Boom Shaka Lakka искрено и да претерувам малку, под впечаток од срамната утакмица што ја изиграа вчера (замисли финале на куп) не сум далеку од реалноста. Другите екипи се далеку над нив, Милан што се вели треба да се обиде од Наполи и Рома да испазари нешто, за да им се приближи на квалитет, оти тешка е работата. На крај краева не може да се занемари табелата и бодовите на Милан, како и начинот на кој испаднаа глатко и лесно во Лига Европа од Арсенал. Арсенал кој е исто очаен и мизерен, против нив без да се испоти ги победи бе, во сред Милано на домашен терен Милан не можеше една шанса да створи.
 
Види откако дојде гатузо одбраната не е ич проблем. Одлично си играа. Јбг едино колапс вчера што им се случи ама сепак во главно ги стегна назад. Е сеа проблемот е што Гатузо е тактички лимитиран тренер. А и друг проблем освен напаѓачите кој сите се очајни, е средината. Огромен проблем е средината. Фали 1 креативен играч што знае да задржи топка да игра покрај Кеси и Биља. И Кеси не е крив само го прегорија 50+ натпревари стигна да изигра во една сезона и издишан е. Нема замена за него, грешката што ја направија со продажба на Кучка. Друга работа премногу избрзаа со договорот на Гатузо. Требаше се почека до крај на сезона. Ја реков едино ќе заслужеше нов договор само доколку обезбедеше ЛШ место. Ама не успеа. И сеа заглавени се со него. Друга работа 20 натпревари Бонавентура и Сусо се тежок очај. Тежок очај и можеби најголем проблем за тимот. Сусо е добар играч ама премногу индивидуален и една финта само за дриблинг има и лесно го читаат. Премногу ѓубре има во тимот што треба се исчисти. За основа има каква таква. Млад тим се само потребни се доста играчи за стабилизација. А еве заинтересирани за Политано се. Ако продолжат со таков тип на трансфери ни наредна сезона нема да се ништо боље.

Добар е Кеси за таа работа(за позицијата што ја игра е баш модерен регистра), башка кога е во прашање креативност, можеш да импровизираш во склоп на ростерот и можностите на играчите. Затоа велам промашена е визијата на играта и тактиката. Треба да знаеш да се приспособиш и да извадиш максимум.
Еве ти пример Рома, после Пјанич, трета(или втора) година тера без креативец во средина, кај Рома дури фали креативност и технички поткован играч и на крилата. Не викам дека не е недостаток, некогаш испаѓа на виделина таа не креативност, али мораш ја приспособиш тактиката врз основа на тоа што го имаш. Кај нас Џеко и Коларов го надополнуваат тоа, понекогаш Раџа и Де Роси(колку што можат).

Е сега кај вас е друга приказната, не можеш да кажеш дека фали креативец а ги имаш Чаканоглу, Бонавентура и Сусо. Проблемот е во промашената тактика, вашиот тим на друг начин може да функционира. Во модерниот фудбал не значи ако немаш креативен задњи везни дека се отишло во вода. Кажав и во претходниот пост, еден од турчинот и Бонавентура(повеќе турчинот) треба да играат во средина понапред од Локатели/Биглија(така си го викам) и Кеси, не смее Кеси да помага на десната страна во офанзива, може да се погоди ситуација да се втрча и уфрли од втор план, тоа е до ситуација, ама најголем дел треба да го игра она што го знае, ем повеќе ќе биде корисен, ем нема БЕЗПОТРЕБНО да се мори на десната страна да 'помага' во офанзива, ем ќе биде во ситуација да помогне во дефанзива во ситуација кога ја губите топката во напад, а не како вчера, се гужваат и плеткаат со Сусо, ја губат топката, па се отвара простор за полуконтра. На сметка на ова, тој што игра полушпиц, еве да речеме Чаканоглу ќе комбинира и со левото крило и со десното, ќе помага на двете страни во зависност од која напаѓате. Кај вас не само што не фали кративни и добро потковани играчи, кај вас ги има дури и повеќе за во прва постава отколку што треба. Ниту Сусо е, класично крило, ни па Чаканоглу и Бонавентура, сите тројца не се некои тркачи и пробивни, тие сакаат да ја имат топката во нив, да ги разигруваат другите кои треба да втрчуваат и се отвараат, тоа е како што гледаш додатен проблем. Мене и ми беше чудно кога го земавте Чаканоглу, си викав го имаат Бонавентура кој е доста сличен и двајцата оперираат на ист дел од теренот, зошто не дадоа пари за брзо пробивно крило, кое ќе минува играчи и кое ќе се уфрла?
На крај краеви кога веќе собравте таков тип на играчи, требаше да најдете тренер кој нема да користи класични крила, односно тренер кој знае да користи, полушпиц и два шпица или еден шпиц и два полушица кои нема толку да се движат по аут линијата туку ќе оперираат повеќе средишно, блиску до шпицот, тоа се само примери.

Јас кажав уште на почетокот на сезоната, целата каша попара и главни виновници за истата се оние шутраци Миралеби и Фасоне и треба да ја сносат целата одговорност. Значи на почеток на трансфер период имаш 200мил. за играчи и можност да решиш дали ќе продолжиш со истиот тренер или ќе донесеш друг, а тие ја усраа до немајкаде. Миксот на играчи што ги купија, во однос на она што го имаа, во однос на трнерот што го оставија и неговите можности да се прилагоди на тактика на играчите кои ги имаше, во однос на тоа што некои играчи беа купени ради тоа што им се укажа шанса да ги земат за прифатливи суми, односно да направат 'крабеж' а без да размислат дека таков тип на играчи имаат или не одговараат на тренерот, сето ова испадна една голема турли тава, голем неред што го створија. На сметка на тој лош микс на играчи и тренер, дури и оние играчи кои беа добри зделки и требаше добро да играт се вклопија во целиот неред.
Затоа тука некои викаат Милан испазарува лоши играчи или Милан нема иднина или не гледа светло гроз тунелот за Милан. Али проблемот не е конкретно во играчите, туку во целата таа замисла на двајцата шутраци кои цело лето се осеќаа како главни фаци и во текот на секој ден медиумски уживаа да бидат експонирани, фрчеа одважни изјави секојдневно, еднаш дури бев пишал за тоа тука на темата при крајот на август.
Сега нека си признаат дека појма немат да видат фудбалски клуб и сами нека си дадат откази, па нека кажуваат на внуците во иднина како од Јуве го купиле Бонучи и направиле 'крабеж' за 40мил евра, оти само тоа ќе им остане.
 
Сезонава е доволен показател колку се (не)квалитетни Сусо и Бонавентура, во случај Милан да сака да се врати на старите патеки.

@Марли да не те с'скам мене вака....
 
Во Сусо и Бонавентура има 0 креативност последниве 20 натпревари. Океј знае Сусо да извади некој индивидуален потег да даде гол или асистенција ама повеќе штети на тимот него ли што помага. За тоа дека можеби се гушат Хакан И Бонавентура по таа страна си во право. Ама сепак ни во Бонавентура нема ништо преголема креативност. Хакан е единствениот што може нешто да створи и се обидува ама џабе. Забораив да напоменам повеќе проблем е Родригез. Типот после калинич е најлош трансфер за милан Сезонава. ОЧАЈ е по таа лева страна ОЧАј. 0 во одбрана 0 во напад. Не знам не беше толку лош играч ама ете не го бива сега. 80% од нападите на противниците по кои прима Милан гол доаѓаат баш од таа лева страна кај што е он. А за управата уште сеа на клоци би ги исфрлил. Не е само трансферите. Башка што лупнаа 65 милиони за напаѓачи кој заедно немаат 10 гола дадено сезонава што е премалце, другите трансфери си имаа прилично реална цена. Јбг Конти немаше среќа ама останатите горе доле си ги оправдаа парите мада не се познава по пласманот на тимот ама не се они криви за тоа. Друга работа предолго го оставија Монтела на клупа. Го избркаа кога веќе Милан скроз изгуби чекор со топ 4. Таа 3 5 2 формација не кошташе премногу бодови. Друга работа пребрзо продолжување на договор на Гатузо уште една преголемо грешка. Го сакаме сите прменогу Гатузо ама се глеа дека сеуште го нема тој квалитет да води екипа како Милан. Затоа и имаше муабети дека Кинезите планираат отказ за Миралеби и се бара негова замена. Дај боже да го избркаат. Летово ќе треба многу многу паметно да постапат со играчи. Има премногу ѓубре да се исфрли и да се донесе квалитетни играчи. Не се потребни 10тина трансфери 3ца нека се ама да бидат квалитет. Колку има такви реални опции на пазарот со оглед на тоа дека милан не игра ЛШ ќе видиме. Една позитивна работа е што кинезите се спремни да инвестираат без разлика колку глупи текстови имаше пишано како немаат пари како се банкрот и слични идиотски работи што стварно нема вистина. Само што ќе треба паметно да се троши. Уште еден ваков трансфер период ќе биде премногу лошо за милан.
 
Кои млади играчи бе што зборите...
Пишав во фан клуб - освен Кеси (кој има завидлива физичка спремност за негови години) другите се Дестро/Бонавентура тип играчи - ќе ги чекаме до 28 надевајќи се дека ќе блеснат, и на крај влегле у години а уствари тешки просеци сме имале цело време.
Каков Калабрија, каков Локатели каков Кутроне. Све тоа у експрес воз за у Џенова или Сасуоло.
Истиот хајп го имавме со Де Шиљо на времето, чекање чекање чекање, на крај просечиште невидено. Направи трансфер у Јувентус - и таму просек. Прв избор на Алегри е Квадрадо кој уствари не е ни бек. Доволно кажува тоа.

Основата во подобар милан е продажба и шиткање на Сусо и Бонавентура. Ај Сусо пак некако може и треба да остане. Ама бонавентура веќе преку к*р искрено. Олицетворение на просечноста.
Мислиш секоја утакмица играме со Верона па може он да си дозволува да солира да тупи и да изиграва играчиште.
Имаше ибрахимович една изјава у скоро "јачината на лигата се гледа по тоа колку брзо треба да се ослободуваш од топка". Епа бајовци, не ти е Јувентус треторазредна екипа за да чекаш пола саат и да тераш спори "организирани" напади.

Какво хајпање за Кутроне мајко мила, вчера ко мало детенце изгледаше у споредба со одбраната на јуве. Озбилна работа треба за да се претворат у играчи кои можат да го вивнат милан. Единствено нешто кое може да ги извади е што на нивни 20 години веќе имаат завидливо првотимско искуство, фали само напорна работа, пред се на физички план. Имаат потенцијал сеа и ја ги изругав ептен, ама џабе кога се гледа од авион дека не работат и не тренираат напорно.Уште полошо е што немаат пример кој ќе можат да го следат, нешто што е да речеме Роналдо у Реал, стимул и пример за помладите од типот на Асенсио.

Единствено решение според мене е тренер од типот на Сари, лик што преферира брза, флуидна и динамична игра. Само така ќе може после некоја сезона да очекуваме дека стварно ќе биде нешто од децава. И озбилна, озбилна физичка подготвеност. Да потсетам, против арсенал изглеавме ко Силекс.
 
@Марли да не те с'скам мене вака....

Брат, он и Голден Стејт Вориорс ги сака, што да праеш муабет со него :icon_lol:

Шала на страна и ја даље тврдим дека Сусо е топ играч.
И еден од малкуте што би го остаел у овој Милан.
Само не е играч кој може да биде прв играч на тим, да ви дадем пример со вашиот тим, овој би бил Мане, ама треба да го има Салах :icon_mrgr:
Милан го нема Салах а Сусо не е играч што може на грб да го носи тимот.

За Бонавентура ја зборим дека е дрво 3-4 године, ме праеа будала у фан клуб, и престанав. :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom