LordDragonII
Dr.Strangelove
Посран клуб.
Од утакмица во утакмица се повеќе се докажува дека судиите го штитат.Не му даде картон на Бенатиа 20 секунди пред истекот на полувремето.ПОСРАН КЛУБ.
Абе, да не влезеше Калинич резултатот ќе беше 3-0...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Посран клуб.
Од утакмица во утакмица се повеќе се докажува дека судиите го штитат.Не му даде картон на Бенатиа 20 секунди пред истекот на полувремето.ПОСРАН КЛУБ.
А што требаше да им значи кореографијата? Освен тоа дека знаеле дека ќе добијат покер

А што требаше да им значи кореографијата? Освен тоа дека знаеле дека ќе добијат покер![]()
Колку е Милан слаб, беден, очаен, ужасен... you name it понатаму сигурно оште еден тон придавки има.
Со какви полуфудбалери се на теренот, што е ова бе. Не гледам светло во тунелот за нив, треба некое чудо да се случи, а во денешниот фудбал малку потешки се чудата.
Види откако дојде гатузо одбраната не е ич проблем. Одлично си играа. Јбг едино колапс вчера што им се случи ама сепак во главно ги стегна назад. Е сеа проблемот е што Гатузо е тактички лимитиран тренер. А и друг проблем освен напаѓачите кој сите се очајни, е средината. Огромен проблем е средината. Фали 1 креативен играч што знае да задржи топка да игра покрај Кеси и Биља. И Кеси не е крив само го прегорија 50+ натпревари стигна да изигра во една сезона и издишан е. Нема замена за него, грешката што ја направија со продажба на Кучка. Друга работа премногу избрзаа со договорот на Гатузо. Требаше се почека до крај на сезона. Ја реков едино ќе заслужеше нов договор само доколку обезбедеше ЛШ место. Ама не успеа. И сеа заглавени се со него. Друга работа 20 натпревари Бонавентура и Сусо се тежок очај. Тежок очај и можеби најголем проблем за тимот. Сусо е добар играч ама премногу индивидуален и една финта само за дриблинг има и лесно го читаат. Премногу ѓубре има во тимот што треба се исчисти. За основа има каква таква. Млад тим се само потребни се доста играчи за стабилизација. А еве заинтересирани за Политано се. Ако продолжат со таков тип на трансфери ни наредна сезона нема да се ништо боље.Ејј претеруваш малку. Точно тимот е лош, ама зашо да не гледаш светло во тунелот? Таква им беше ситуацијата пред новите газди кога купуваа слободни агенти и им даваа повеќе годишни договори со прилично големи плати, па се напунија со ѓубре од кое едвај полека се очистија.
Проблемот кај Милан сега е микс на лошо купување и ЛОША СЕЗОНА ОД ОНИЕ ОД КОИ НАЈВЕЌЕ СЕ ОЧЕКУВАШЕ.
Милан требаше да има многу добра дефанзива, го зимаш Бонучи(реално беше топ 3 или топ 5 дефанзивец во светот), во Ромањоли го имаш еден од понадежните ммлади дефанзивци со веќе 3-4 години искуство направено во сериа а, на кого му требало е само искусен добар дефанзивец за да го надополни и имаат страшна одбрана. А тој покрај Бонучи, го доби и Мусачо, пристоен дефанзивец во одлична форма и години. Како шлаг на се, за подобра одбрана требаше да биде Донарума. И што се случи, Донарума добро брани, ама не ја повтори ланската година во која беше страшен. Бонучи наместо да ги стабилизира останатите, тој се вклопи во сивилото и беше прв кој не беше стабилен и знаеше да кикса. Значи потфрли главниот адут кој требаше да биде на Милан одбраната, не само Бонучи туку и останатите играчи, додади на ова повредата на Конти, за Родригез се знаеше дека е коцка бидејќи последната сезона во Волвсбург не беше на ниво како претходната. Покрај него тотална утка испаднаа шпицовите, посебно Калинич, ај за португалецот сите беа свесни, јас дури на почетокот на сезоната пишав дека играчот е жива превара, али па грешив за Калинич за кого мислев дека ќе се истури од голови па и асистенции и дека Силва нема да фати место од него.
Да се вратиме на суштината на дискусијата, излес од тунелот има. Тоа е добар тренер кој ќе ја консолидира одбраната која има голем капацитет а не се вади ни 50% од тие играчи. И исправка во навалната линија каде штетата е направена. Продажба на Калинич, колку му се земе толку, а и продажба на Андре Силва под услов некој да се излаже да плати барем 25мил. А потоа со сите финансиски можности во потрага по одличен шпиц, нешто што лани можеа да го направат со 65мил пари дадени за Силва и Калинич, а сега од нивна продажба дали ќе соберат 40мил, е тука е штетата, поготово дополнителен проблем сега ќе биде фифа фер плеј правилото што ќе мораат да продаваат(али имаат златна кокошка што ќе ја затвори таа дупка во Џиџио). Чекор на назад во секој случај, али не и безизлезна ситуација. Ипак Бонучи, Ромањоли, Мусачо, Кесие, Кутроне, Сусо, Чаканоглу, Бонавентура се доволни да влеваат надеж во овој тим, со корекциите што ги споменав.
Донарума сеуште можат да му извадат околу 40-50мил, од двата шпица ако некако успеат 40мил да извадат арно, тоа ти се некаде 80-90мил. Со тоа би покриле 30мил обврска спрема ффп(ако е 30мил) и ќе им останат пари за еден солиден шпиц. За другите позиции ќе комбинираат заедно со тренерот, зборам за Биглиа, Локатели, Калабриа, Борини, Монтоливо па и Мусачо ај тука да го ставам, ќе ги продаваат, трампаат без разлика..
Али мое мислење е дека повторно направија грешка со трнерската позиција(можеби грешам). Се гледа дека се ставени во ред, дисциплинирано играат, многу се залагаат, за разлика од кога беа со Монтела кога трчаа како претепани кучиња и се влечеа по терен безнадежно. Али се приметува недостатокот на замисла и визија во играта што во напад, што назад, ограничена им е играта, играат компјитерски точно, ама нема некоја хемија. Таа неспособност или ај да нњ бидам толку ригорозен, да кажам како за почеток неискуство на Гатузо ќе дојде до израз, нема да бидат доволни само дисциплината и големото залагање.
И едно не ми е јасно, зошто Чаканоглу е лево крило, а Бонавентура повеќе во средина? Океј, се гледа дека имаат слобода во играта и двајцата, ама зошто не е обратно, бидејќи Бонавентура странично по може да пробие отколку Чаканоглу, а и некако двајцата се многу збиени еден до друг, тој што е ставен во средина треба да има ефект и на другата страна кај Сусо, бидејќи е олраунд играч. На сметка на тоа приметивте како Сусо се мачи да создаде акција и пробиви со офанзивно лимитираниот Кесие(на кој му е кажано да помага али толку може во напад) и не толку капацитетен десен бек. Тоа ти се вика промашена тактика, Кесие и Локатели треба средишно поназад да си останат, а на сметка на тоа Бонавентура или Чаканоглу кој и да е во средина офанзивно да помага и на двете страни во зависност од каде се напаѓа.
Но, тоа се само неколку фудбалери. Костурот на тимот и натаму е застапен од просечни фудбалери, на некои си средни години со кои нема начин да се напредне.Па главни играчи на Милан сезонава со најмногу настапи се Бонавентура, Чалханоглу, Биља, Сусо, Родригез, Бонучи и уште неколку. Ај кажи ми ти мене каде со овие, (освен Бонучи кој си е докажан фудбалер) каде треба неутралец да гледа некакво светло во тунелот. Па ова ти е збирштина од просеци, кои што на 24-25-30 години го имаат достигнато максимумот, плафонот, а тоа гледаме каде е.
, Калиноќ и дедото Монтоливо се прва замена од клупата, честопати и стартери, што друго да мислам?Види откако дојде гатузо одбраната не е ич проблем. Одлично си играа. Јбг едино колапс вчера што им се случи ама сепак во главно ги стегна назад. Е сеа проблемот е што Гатузо е тактички лимитиран тренер. А и друг проблем освен напаѓачите кој сите се очајни, е средината. Огромен проблем е средината. Фали 1 креативен играч што знае да задржи топка да игра покрај Кеси и Биља. И Кеси не е крив само го прегорија 50+ натпревари стигна да изигра во една сезона и издишан е. Нема замена за него, грешката што ја направија со продажба на Кучка. Друга работа премногу избрзаа со договорот на Гатузо. Требаше се почека до крај на сезона. Ја реков едино ќе заслужеше нов договор само доколку обезбедеше ЛШ место. Ама не успеа. И сеа заглавени се со него. Друга работа 20 натпревари Бонавентура и Сусо се тежок очај. Тежок очај и можеби најголем проблем за тимот. Сусо е добар играч ама премногу индивидуален и една финта само за дриблинг има и лесно го читаат. Премногу ѓубре има во тимот што треба се исчисти. За основа има каква таква. Млад тим се само потребни се доста играчи за стабилизација. А еве заинтересирани за Политано се. Ако продолжат со таков тип на трансфери ни наредна сезона нема да се ништо боље.
Сезонава е доволен показател колку се (не)квалитетни Сусо и Бонавентура, во случај Милан да сака да се врати на старите патеки.
Во Сусо и Бонавентура има 0 креативност последниве 20 натпревари. Океј знае Сусо да извади некој индивидуален потег да даде гол или асистенција ама повеќе штети на тимот него ли што помага. За тоа дека можеби се гушат Хакан И Бонавентура по таа страна си во право. Ама сепак ни во Бонавентура нема ништо преголема креативност. Хакан е единствениот што може нешто да створи и се обидува ама џабе. Забораив да напоменам повеќе проблем е Родригез. Типот после калинич е најлош трансфер за милан Сезонава. ОЧАЈ е по таа лева страна ОЧАј. 0 во одбрана 0 во напад. Не знам не беше толку лош играч ама ете не го бива сега. 80% од нападите на противниците по кои прима Милан гол доаѓаат баш од таа лева страна кај што е он. А за управата уште сеа на клоци би ги исфрлил. Не е само трансферите. Башка што лупнаа 65 милиони за напаѓачи кој заедно немаат 10 гола дадено сезонава што е премалце, другите трансфери си имаа прилично реална цена. Јбг Конти немаше среќа ама останатите горе доле си ги оправдаа парите мада не се познава по пласманот на тимот ама не се они криви за тоа. Друга работа предолго го оставија Монтела на клупа. Го избркаа кога веќе Милан скроз изгуби чекор со топ 4. Таа 3 5 2 формација не кошташе премногу бодови. Друга работа пребрзо продолжување на договор на Гатузо уште една преголемо грешка. Го сакаме сите прменогу Гатузо ама се глеа дека сеуште го нема тој квалитет да води екипа како Милан. Затоа и имаше муабети дека Кинезите планираат отказ за Миралеби и се бара негова замена. Дај боже да го избркаат. Летово ќе треба многу многу паметно да постапат со играчи. Има премногу ѓубре да се исфрли и да се донесе квалитетни играчи. Не се потребни 10тина трансфери 3ца нека се ама да бидат квалитет. Колку има такви реални опции на пазарот со оглед на тоа дека милан не игра ЛШ ќе видиме. Една позитивна работа е што кинезите се спремни да инвестираат без разлика колку глупи текстови имаше пишано како немаат пари како се банкрот и слични идиотски работи што стварно нема вистина. Само што ќе треба паметно да се троши. Уште еден ваков трансфер период ќе биде премногу лошо за милан.Добар е Кеси за таа работа(за позицијата што ја игра е баш модерен регистра), башка кога е во прашање креативност, можеш да импровизираш во склоп на ростерот и можностите на играчите. Затоа велам промашена е визијата на играта и тактиката. Треба да знаеш да се приспособиш и да извадиш максимум.
Еве ти пример Рома, после Пјанич, трета(или втора) година тера без креативец во средина, кај Рома дури фали креативност и технички поткован играч и на крилата. Не викам дека не е недостаток, некогаш испаѓа на виделина таа не креативност, али мораш ја приспособиш тактиката врз основа на тоа што го имаш. Кај нас Џеко и Коларов го надополнуваат тоа, понекогаш Раџа и Де Роси(колку што можат).
Е сега кај вас е друга приказната, не можеш да кажеш дека фали креативец а ги имаш Чаканоглу, Бонавентура и Сусо. Проблемот е во промашената тактика, вашиот тим на друг начин може да функционира. Во модерниот фудбал не значи ако немаш креативен задњи везни дека се отишло во вода. Кажав и во претходниот пост, еден од турчинот и Бонавентура(повеќе турчинот) треба да играат во средина понапред од Локатели/Биглија(така си го викам) и Кеси, не смее Кеси да помага на десната страна во офанзива, може да се погоди ситуација да се втрча и уфрли од втор план, тоа е до ситуација, ама најголем дел треба да го игра она што го знае, ем повеќе ќе биде корисен, ем нема БЕЗПОТРЕБНО да се мори на десната страна да 'помага' во офанзива, ем ќе биде во ситуација да помогне во дефанзива во ситуација кога ја губите топката во напад, а не како вчера, се гужваат и плеткаат со Сусо, ја губат топката, па се отвара простор за полуконтра. На сметка на ова, тој што игра полушпиц, еве да речеме Чаканоглу ќе комбинира и со левото крило и со десното, ќе помага на двете страни во зависност од која напаѓате. Кај вас не само што не фали кративни и добро потковани играчи, кај вас ги има дури и повеќе за во прва постава отколку што треба. Ниту Сусо е, класично крило, ни па Чаканоглу и Бонавентура, сите тројца не се некои тркачи и пробивни, тие сакаат да ја имат топката во нив, да ги разигруваат другите кои треба да втрчуваат и се отвараат, тоа е како што гледаш додатен проблем. Мене и ми беше чудно кога го земавте Чаканоглу, си викав го имаат Бонавентура кој е доста сличен и двајцата оперираат на ист дел од теренот, зошто не дадоа пари за брзо пробивно крило, кое ќе минува играчи и кое ќе се уфрла?
На крај краеви кога веќе собравте таков тип на играчи, требаше да најдете тренер кој нема да користи класични крила, односно тренер кој знае да користи, полушпиц и два шпица или еден шпиц и два полушица кои нема толку да се движат по аут линијата туку ќе оперираат повеќе средишно, блиску до шпицот, тоа се само примери.
Јас кажав уште на почетокот на сезоната, целата каша попара и главни виновници за истата се оние шутраци Миралеби и Фасоне и треба да ја сносат целата одговорност. Значи на почеток на трансфер период имаш 200мил. за играчи и можност да решиш дали ќе продолжиш со истиот тренер или ќе донесеш друг, а тие ја усраа до немајкаде. Миксот на играчи што ги купија, во однос на она што го имаа, во однос на трнерот што го оставија и неговите можности да се прилагоди на тактика на играчите кои ги имаше, во однос на тоа што некои играчи беа купени ради тоа што им се укажа шанса да ги земат за прифатливи суми, односно да направат 'крабеж' а без да размислат дека таков тип на играчи имаат или не одговараат на тренерот, сето ова испадна една голема турли тава, голем неред што го створија. На сметка на тој лош микс на играчи и тренер, дури и оние играчи кои беа добри зделки и требаше добро да играт се вклопија во целиот неред.
Затоа тука некои викаат Милан испазарува лоши играчи или Милан нема иднина или не гледа светло гроз тунелот за Милан. Али проблемот не е конкретно во играчите, туку во целата таа замисла на двајцата шутраци кои цело лето се осеќаа како главни фаци и во текот на секој ден медиумски уживаа да бидат експонирани, фрчеа одважни изјави секојдневно, еднаш дури бев пишал за тоа тука на темата при крајот на август.
Сега нека си признаат дека појма немат да видат фудбалски клуб и сами нека си дадат откази, па нека кажуваат на внуците во иднина како од Јуве го купиле Бонучи и направиле 'крабеж' за 40мил евра, оти само тоа ќе им остане.
@Марли да не те с'скам мене вака....
Зашо бе брат, нели со малце среќа можевте и за титула да се борите?И еден од малкуте што би го остаел у овој Милан.