Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона


  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Поочајно изведување слободен удар од ова на Милан пред малце, здравје дали ќе видиме :icon_mrgr:
 
ВАР е крив што Мацолени тоа го свирна пенал?

Дај немој вакви идитоски реплики, не сум некој падобранец.
ВАР е крив што не го поништи пеналот. Ок погрешна проценка на судијата, тие требаше да му речат ало не трипај не е пенал, овој ако се противи и понатаму треба да се симннат доле на терен и јавно пред сите 50.000 публика да му искинат лиценца и да го избркаат од работа.

Како може во обратна ситуација да прекинува игра и да иде да гледа снимки.
 
ВАР е крив што не го поништи пеналот. Ок погрешна проценка на судијата, тие требаше да му речат ало не трипај не е пенал, овој ако се противи и понатаму треба да се симннат доле на терен и јавно пред сите 50.000 публика да му искинат лиценца и да го избркаат од работа.

Како може во обратна ситуација да прекинува игра и да иде да гледа снимки.
Да брат тоа може во паралелен свет каде што се е розево.

Ова е реалноста и си има процедури, кои што очигледно ти (а и доста луѓе овде) не ги разбирате или не сакате да ги разберете. Со воведувањето ВАР судија во фудбалот не престана да постои главен судија. Тој и натаму е главен. Твојот опис може да се спроведе(секако не буквално) само при објективни ситуации. Што се тоа објективни ситуации? Офсајд, топка надвор/внатре од теренот, место на прекршок внатре/надвор од шеснаесетникот и идентитет на играч. Во овие ситуации ВАР може и треба да му каже на главниот судија "еј ало ова е офсајд, поништувај".

Еве ти пример. Јувентус-Фиорентина, Бадељ прави прекршок врз Матуиди, судијата Довери свира пенал. Од горе му викаат надвор беше, он оди и гледа и се корегира. Друга ситуација, Игуаин дава гол против СПАЛ за 5-1, на судијата му велат офсајд е поништувај и тој го прави тоа без да гледа воопшто. Ова се објективни ситуации.

Сосема спротивно од тоа се субјективните ситуации. Што се тоа? Прекршок за црвен, фаул за пенал, проценка на судијата (како што велиш ти точно погоре) и слично. Во ваков случај ВАР не може да корегира/поништи одлука туку единствена работа и ингеренција му е да сугерира на главниот судија да оди да погледне што досудил и ако се убеди самиот да се промени, ако не останува одлуката. Судијата сам одлучува дали ќе оди да ја гледа ситуацијата или не, никој не може да го натера на тоа. Мацолени денеска сигурно добил сугестија да оди да погледне, но тој рекол убеден сум и завршена приказна. Тука завршува муабетот и знаеш дека тоа да слегнат на теренот и да му одземат лиценца само на филм може.

Имаше многу ситуации во позитивна и негативна насока. Пример на Интер-Лацио, Роки свира пенал, го викаат да се преиспита и тој правилно си признава дека погрешил и се корегира. Истото се случи на Сампдорија-Милан, Јувентус-Џенова во купот и слично.

Негативно пример на Рома-Кротоне, судијата свири очаен пенал, речиси никаков контакт и ВАР џабе што вика, он вели ова е пенал и тоа е крајно. На Аталанта-Јувентус пак сосема спротивно, Дамато иако гледаше не се убеди дека погрешил и си остана на своето.

Конкретно во тоа видеото што го постирав за ВАР имаше аудио од комуникации меѓу судиите на теренот и горе во кабината. На Торино-Сасуоло, Мацолени баш беше главен судија, свирна пенал за игра со рака, преку слушалките колегата му се обрати баш со зборовите "Паоло ова за мене не е пенал, оди погледни". Тој отиде и ја ревидираше сопствената одлука.

Поентата ми е дека во 90% од случаите вината е кај главниот судија, бидејќи оној од горе е со ограничени надлежности. Не може како ќе му текне.
 
Баш ме занима што му кажале на главниот судија за раката на Бенатија против Интер. :icon_lol:
 
Сила е овој Милинковиќ-Савиќ во воздушниве дуели... :eek:
 
Јувенташ да напише дека Наполи се најтуркан тим во Серија А последните 5-6 години веднаш ќе биде распнат со досетки и експертизи.

Сега наеднаш излегуваат луѓе со такви мислења, како овде на кајгана да немаме кршено копја на тие теми за наводно намерно помагање, идиотски мислења дека на Јувентус намерно му се помага, секоја друга ситуација е третирана како нормална грешка, а оние во полза на Јувентус како трета светска војна.

@loophole со тоа што од една страна според тебе Наполи е туркан да освои титула, а од друга страна и покрај тоа би сакал да ја освојат покажуваш страшна пристрасност и губиш легитимитет да оспоруваш или да се расправаш ако друг тим освои со помош од судии. Значи тоа е сосема нормална појава.
За што се расправаш ти уствари? Каде ја сум оспорувал или сум се расправал дека друг тим освоил со помош на судии? Прилично сум сигурен дека во ниеден пост ни на темава ни на форумов немам тврдено таква работа. Или, поентата ти е ако во иднина некој освои со помош на судии, ја ќе немам право да го оспорувам тоа? Фала ти што се секираш за мојот кредибилитет на темава, лол.
Ја не викам дека се туркани да освојат титула, туку дека се индиректно помагани последните 2-3 сезони за да ја направат лигата поинтересна. А се помагани зошто се во ситуација да се блиску до врвот, не зошто се Наполи. И друг тим да е во слична состојба, како што Рома пример била неколку пати, би добила ист третман. Под туркање, подразбирам 4-5 сомнителни пенали секоја сезона, во натпревари кога е тесно. Јувентус добива мал ветер во грб, зошто секој доминантен клуб во Италија добива мал ветер во грб, додека е доминантен, Наполи/Рома добиваат за да ја одржат неизвесноста и да не завршува сезоната секоја година во Февруари. Најчесто тоа туркање не е пресудно за билокој од тимовите, што се во трка за титула, да освои титула. Во таква ситуација на обострано туркање преферирам да освојат Наполи, од причини што ги напишав претходно. Плус посимпатични ми се. Не зборев дали е во ред или не. Тоа беше поентата на муабетот со другиот член погоре, не знам зошто морав да ја образлагам за да ја разбереш. Затоа повторувам, читај.
А ако, хипотетички, освојат Јувентус и ја викам дека освоиле со помош на судии, тогаш, да, би бил контадикторен. Тоа до сега не сум го кажал, а ако имаш увид во тоа што ќе кажам во иднина, искористи ја таа моќ за попродуктивни работи..

И да, во Италија за жал тоа е нормална појава. Не е контраверзно да кажеш такво нешто за лига што секои 2-3 години има по некој скандал за наместени натпревари и што пред 10 години го имаа Калчополи, каде пола од тимовите на врвот беа казнети ради еден таков скандал.
 

Мене ми се чини дека е поблиску до лактот отколку до рамото.
 
Нешто ВАР за голот со рака даден или слабо?
Лацио играше премногу грубо црвен требаше ко ништо 1 да добијат. Башка за голот никој не се бунеше. Ни играчите на Лацио. Башка што со рамо беше.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Ова беше најслабо издание на Лацио сезонава, не им се играше, немаше врска ни демек тактика на Гатузо ни ништо, Инзаги ја заеба работата што стартуваше со Каиседо и со многу претпазлива игра. Абре влези им таму ко што играш цело време, бог да чува.. Си заслужија Милан победа, ако бе, нек се порадуваат малце, и онака одлика на малите тимови е да се мотивираат против топ тим :kuracc:
Мислам, не ми се вреѓајте миланези, со среќа нека ви се бодовите, али влечење време од старт на второ полувреме не е одлика на голем клуб :icon_lol: Како и да е, се гледаме во среда пак.

@Џонтра Волта ќе го једете у директен дуел на 20ти мај, поише да ве боли :icon_mrgr:
 
И оние од ВАР не реагираа на ова?:pos::pos:..да си ебат Миланезите да си ебат:icon_lol:

Лош е аголот од оваа снимка а и баш од тука се глеа дека судијата има добар преглед на ситуацијата + судијата чекаше да се прегледа снимката па им даде знак на Лацио да изведат.

Ако беше со рака тогаш треба и мора да е поништен пошо постои ВАР само чудно е што ниеден од играчите на Лацио + голманот не се побунија за истото.
 
Лацио играше премногу грубо црвен требаше ко ништо 1 да добијат. Башка за голот никој не се бунеше. Ни играчите на Лацио. Башка што со рамо беше.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk

Колку што се сеќавам, ниеден играч на Лацио не направи повеќе од еден груб старт. Жолтите картони се заслужени. Црвен не знам кој требало да добие, ако можеш да ми посочиш.

Што се однесува до голот, види ја снимката погоре што ја ставив. Во најмала рака е сомнително. Ако ништо друго, требаше да се провери ВАР за да се утврди дека голот е регуларен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom