Миланези најактивни сте сега, немојте само да ве снема во случај на евентуален неуспех. Ептен тивки бевте изминатите сезони, нешто како срам да ви беше да правите шеги.
Знам дека годинава срамежливо се најавува само цел топ 4 и пласман во ЛШ бла бла, ама да бидеме реални се освен борба за Скудето ќе биде лоша сезона. Велам борба затоа што на крајот ситници може да решаваат и нема гаранција за никого при израмнета ситуација. Истото беше и со Јувентус 2011 кога се разбира декларативно се најавуваше борба за ЛШ, но уште од старт се виде дека фактички достижната цел е Скудетото, по што видовме до каде сме дојдени.
Годинава ако освои Милан некои си 70тина бодови доволни едвај за 4то место освоено со маки на крајот никој нема да скока од радост и тоа ќе биде едвај мал чекор. Обично кога се прават вакви инвестиции, поентата е да се натфрли доста над можностите со оглед на тоа што сепак станува збор за гигант.