C
Castiel
Гостин
Во ред е дека тв права во пл имаат влијаени за приходите на јунајтед. Ама не е само тоа. Доколку имаш огромна фан база можеш доволно големи приходи да напраиш. Може колку сакаат да ги заебаваат со тоа за продадени дресови али тоа во никој случај гне смее да се потценува. И Милан и Интер доколку добро се воспостават на Азискиот пазар особено кинескиот пошто ипак пола популација е скоро таму ќе имаат големи приходи. Само треба паметно работење носење по некое звучно име добри резултати и другото само ќе си дојде по себе. Моментално Милан ако фејлне ќе е кривица само на Монтела и никој друг. Си доби играчи што ги бараше. Има многу појак состав од лани и целта за оваа сезона му е пласман во ЛШ. Доколку не успее во тоа тогаш ќе е пропадната сезона и ќе јаде клоци. Воопшто нема да е кривица на менаџментот. Пошто скоро сите играчи се донесени за Разумни цени освен Андре Силва кој појма неам како игра и ми е голема енигма. А другите горе доле се донесени за ок цени со оглед на денешниот трансфер пазар. Па и да фејлнат пошто од 10тина трансфери нема никакви шанси сите да се погодат па ќе држат цена пошто сите се прилично млади и ќе може да се врати нешто од парите. Ама како и да е сега се останува на Монтела. И доколку Милан не ги исполни целите на играчки план што ќе влијае и на финансиски ќе е негова кривица само а не на менаџментот.Знаат многу подобро од мене и веројатно од мнозинството што не се во тој бизнис. Ама и другите клубови имаат луѓе што знаат што праат, па колку клубови успеале таков резултат да имаат? Сите знаат да направат бизнис-план, не сите успеаваат да го имплементираат и реализираат. На секој еден што успева има 10 што не успеаваат. Нереални се такви проекции во вакви индустрии со толку варијабли. Премногу ризик, треба толку многу коцки да се наместат, што е скоро невозможно.
И не мора да значи дека фрлаат пари во вода, комлицирани работи се во прашање. Пола од инвестициите во фудбалот во последните две декади се од горе-доле нефудбалски мотив.
Манчестер не е добар пример во никој случај, за ниеден италијански клуб. Голем дел од успехот на Јунајтед е врзан за успехот на Премиер лигата. Парите што ги генерира ПЛ се неспоредливи за останати лиги, а особено за италијанската лига. Од медиумски права, лиценци и сл. ПЛ годишно, мислам, генерира скоро двојно пред најблискиот конкурент, Примера. Италијанската е далеку подоле, веројатно на 4-то место. Сеуште, најголем дел од парите клубовите во Италија ги добиваат од телевизиски права. Приходите од маркетингот, од match-day, дресови, лиценци, од други споредни дејности, се далеку помали, дури смешни, кога ќе ги споредиш со оние од ПЛ или со двата џина од Примера. Ни во најоптимистичките прогнози, Милан не може да го има патот на Јунајтед.
Врзан круг е во прашање. Кога италијанската лига беше најпопуларна лига во светот, Италијанците го искористија моментот за да ги пренесат сите коруптивни практики во неа. Во меѓувреме, Англичаните идеа по светот и викаа дека ја имаат најдобрата лига. Премиер лигата е единствената која е водена како бизнис од зачетокот, тоа си дава резултати.
Овој Фасоне, претходно беше и во Интер ако не сум грешка, дури и CEO беше. И таму ги даваа истите изјави. Ќе го освојувале пазарот во Азија...... со влечење по терен со Палермо, Кротоне и Сасуоло. Сите знаеме како заврши тоа.
Не викам дека типот не е добар во својата работа или не си ја знае индустријата, напротив. Професионалец е, ќе го каже тоа што треба да го каже.
Далеку од тоа дека Милан ќе пропадне, или ќе банкротира, тоа е невозможно. Под неуспех не подразбирам ништо трагично, само промашување на таргетите со резулатите и да дојдат во ситуација во која ќе треба да го продаваат клубот, за кој секогаш ќе има купци. Најстрашното што би можело да се случи е да имаат неколку изгубени години.
Иначе во врска со картите, Милан и Интер го имаат истиот проблем, немаат стадион. Приходите од продажбите на карти секогаш им се движат околу 20-30 милиони годишно. Интер пред некоја сезона беше клуб со најголема посетеност во Италија, и пак приходите се движеа околу 30-на милиони. Мислам дека договорот за закуп со општината им е таков што дел од приходите, некој процент, ги добива она. Плус расположливиот доход на населението во Италија, дури и во најбогатите региони во Северна Италија, е помал од земји како Германија или Англија, тоа става рамка на висината на цените на билетите. Колку ќе продаваш и на кого ќе продаваш. Истото важи и за останатите производи. Јуве со свој стадион, па годишно не стигнува ни до 50 милиони од билети.
Исто е и со спонзорствата и бенефитот од маркетингот, и двете зависат од тоа колку ти е видлив клубот. За жал италијанската лига е многу неатрактивна во глобални рамки, без разлика на тоа какви успеси имаат тимовите во европски натпреварувања. Еве и Јуве се мачи константно со тоа.
И двете работи имаат горна граница, нереално е од нивен раст да се проектира некој сериозен раст на приходите.