Џони Вајсмилер
Don't share my food
Џони што и во темине за храна и вино форсира ‘‘фиром досетки‘‘ и како тоа не не бива во ништо ради менталитетот (што е и точно), сеа овде пробува да истурка некоја приказна како купот бил небитно наптреварување и требало НАМЕРНО да испаднат уште во претходното коло со тие аматерите.Класика фиром менталитет Џонка.
Точно е дека куп трофејот е далеку по важност од Скудето и ЛШ, но е трофеј кој што се брои, плус на страна тоа што голем тим и ‘‘намерно да пуштиме утакмица‘‘ не иде во иста реченица. Замарот не смее да биде никакво оправудвање затоа што правиме муабет за професионални фудбалски клубови кои се составени од професионални фудбалери, а ако истите не може да го издржат ‘‘пеколново‘‘ темпо тогаш челниците на клубот треба сериозно да се запрашаат за кого фрлаат вреќи полни со милиони. Тоа што до финале поголемиве клубови ги делат само 4-5 утакмици е нешто кое што само покажува колку не држат вода муабетите за претерано оптоварување и слично.
Друга работа, кога утакмицата со Порденоне се употребува како оправудвање за киксот во лигата барем погледнете ги составите на двете утакмици. Освен Шкринар и Весино ниту еден првотимец на Интер не играше на таа утакмица. Икарди и Перишиќ влегоа од клупа, потрчаа пола саат и тоа беше се од стандардните првотимци. Е сеа, ако некој смета дека заморот кај Едер и Кансело влијаел на Валеро, Кандрева, Икарди тоа е друг муабет.
.
Сето ова ќе ти имаше логика доколку Интер имаше играчи за ротација и да пополнуваат кога на едниот не му оди...значи упорно го избегнувате сите тој факт дека Интер НЕМА РЕЗЕРВИ И ИГРА СО ИСТИТЕ ИГРАЧИ НОН СТОП..значи со Порденоне Вечино,Гаљардини и Брозович играа по 60-70 минути..Перишич влезе од 60 и некоја и тој играше 50 и кусуро минути...Шкринијар 120 минути..Икарди и тој 40 минути...и после кога дојдоа со Удинезе ОДЕА по теренот второт полувреме бидејќи Брозович,Гаљардини(од 54 минута влезе) и Вечино неможеа да покриваат и затоа Удинезе си се шетаа како на модна писта..башка тоа што Перишич не постоеше .
Не смее заморот да биде оправдување(точно) но Интер 20 кола игра со истите играчи и покрај тоа што играат само во Сериа А сепак премногу е нереално и оптимистички да помислиш дека можат со ИСТИТЕ играчи да играат секој натпревар..и недела за недела ќе се уморат, а камоли и среда да играат.
Нормално за тоа се виновни управата и целовкупната трансфер политика.