- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
На кого му смета силен Јувентус Букурешт?
Јувентус од Торино по правна постапка побара од романскиот клуб Јувентус од Букурешт да ги промени името и грбот со цел за заштита на своето име, па Романците ќе бидат принудени да го сторат тоа.
Јувентус Букурешт се избори за настап во романската Лига 1 оваа сезона, a овој клуб е формиран во 1992 година.
Неговиот грб е многу сличен на оној кој легендарниот Јуве од Торино го користеше се до оваа сезона, но италијанскиот гигант сепак побара од романскиот клуб да го промени.
„Јувентус Букурешт постоеше и пред Втората светска војна, но исчезна, така што неговото име е само преземено. Не сметам дека тоа некому му сметаше, бидејќи Јуве Букурешт е мал клуб со мал број на навивачи. Во Романија нема напнатост околу оваа ситуација. Изненадувачки е фактот што клубот стигна до Лига 1, тоа беше неочекуван успех за навистина мал клуб. Сега ќе го промени името во ФК Колентина. Идентичното име не му сметаше на Јувентус се додека клубот не стигна до Лига 1“, изјави романски фудбалски експерт Емануел Росу за Football Italia.