Клипче
asd
- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 14.044
- Поени од реакции
- 36.924
5м евра плата му понудиле и пак ја одби.Буфон заминал од помал во поголем клуб, не ја напуштил Италија, а згора на се ги напуштил Парма после 4-5 сезони поминати таму, а не веднаш како дете на 18 години. Што значи таму придонел колку што може и кога му дошло време направил чекор напред во кариерата, притоа носејќи му на тимот солидна финансиска бенефиција која му била и тоа како неопходна.
Донаруама ја има среќата да биде од старт во голем клуб, каде што на 18 години има 68 (шеесет и осум) настапи само во лигата, игра за еден од трите најголеми италјански клубови, има предиспозиции да се вброи меѓу најдобрите голмани во светот во наредните 20 години и да биде прв голман на Италија. При такви услови мислам срамота е да го напушти Милан заради било какви причини, а камоли тоа да се пари. Најлошо е тоа што само пред неколку месеци го бакнуваше дресот и тоа онака изнервиран од пеналот во 95та против Јуве што го прими, како нешто демек цел живот ќе се бори за тој дрес против неправдата
Преговориве од сам старт се една голема фарса, Раиола и лигавиов влегоа во нив со клаузули од 10м евра за заминување ако Милан не игра ЛШ следна сезона шо според мене е огромен дисреспект према клубот.
Единствено ми е криво шо нема да успееме да извадиме 100м евра за него и тоа е тоа.
 
	 
 
		 
 
		
 
 
		 
		 
 
		
 
 
		