Клипче
asd
- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 14.028
- Поени од реакции
- 36.813
5м евра плата му понудиле и пак ја одби.Буфон заминал од помал во поголем клуб, не ја напуштил Италија, а згора на се ги напуштил Парма после 4-5 сезони поминати таму, а не веднаш како дете на 18 години. Што значи таму придонел колку што може и кога му дошло време направил чекор напред во кариерата, притоа носејќи му на тимот солидна финансиска бенефиција која му била и тоа како неопходна.
Донаруама ја има среќата да биде од старт во голем клуб, каде што на 18 години има 68 (шеесет и осум) настапи само во лигата, игра за еден од трите најголеми италјански клубови, има предиспозиции да се вброи меѓу најдобрите голмани во светот во наредните 20 години и да биде прв голман на Италија. При такви услови мислам срамота е да го напушти Милан заради било какви причини, а камоли тоа да се пари. Најлошо е тоа што само пред неколку месеци го бакнуваше дресот и тоа онака изнервиран од пеналот во 95та против Јуве што го прими, како нешто демек цел живот ќе се бори за тој дрес против неправдата![]()
Преговориве од сам старт се една голема фарса, Раиола и лигавиов влегоа во нив со клаузули од 10м евра за заминување ако Милан не игра ЛШ следна сезона шо според мене е огромен дисреспект према клубот.
Единствено ми е криво шо нема да успееме да извадиме 100м евра за него и тоа е тоа.