Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.341
- Поени од реакции
- 18.796
И јас лично заборавив да се надоврзам на претходниот пост, немам некои комплекси од Јуве, дури напротив, кога играат во Европа и кога ги гледаат фанови што не пратат Италијанско(бидејќи можностите во МКД се помали лигата да се прати), сакам Јуве да импресионираат, да видат останатите зошто Рома не може да земе Скудето во Сериа А, али во најголем случај тоа не се случува, и јас самиот се разочарам од играта во групите претходните неколку години, муабетот од претходно, значи не импресионирате, па затоа се враќаат и оние тези и целото сивило за италијанската лига и прашања од типот дали е премногу слаба лигата? или пак Јуве е доволно јак со ронка помош(ветер у леџа) од судиите да се прошета во Италија, а со тоа самиот си штети во Европа? што го спречува Јуве да освои ЛШ кога нема товар во првенството и купот? зошто се величите, а тоа не го прикажете во Европа, па да кажам на рандом фанови од Шпанија и Англчија кога гледаме Јуве во ЛШ, еве колку е јак Јуве и зошто Рома не може да освои титула
![]()
Првиот дел ти го избришав, заради тоа што сакам да се фукусирам на ова. И јас не почнувам забегани дебати, така да на исто сме од оваа страна.
За првиот болд. Без навреда најсериозно, ама во Италија не е потребно Јувентус да импресионира за да биде пред Рома. Ниту пред Наполи. Овие два тима на крај краева не се Милан или Интер (кога овие беа квалитетни) и дури немаат ни сериозни амбиции за Скудето, едино се надеваат и Јувентус да престане да игра како миланските тимови, па дури ни тогаш немаат гаранција. Така да на прашањето зошто Рома не може да освои Скудето во Италија, одговорот може да го бараш исклучиво интерно, односно кај Рома. Дали се тоа финансии како што спомена ти, квалитет на играчи, дали е тоа недоволно долг состав за да игра цела сезона, сигурно знаеш подобро од мене. Наједноставно кажано Рома (барем во овие сезони) докажа дека е преслаба за да биде прво место. Основен доказ за тоа нека биде ланската сезона. Ти текнува на почетокот кога Јуве почна катастрофално и јас велев дека ова е најголема шанса за Рома да биде прва? Сигурно дека ти текнува

Втор болд во право си не импресионираме. Да бидеме на јасно. Баерн, Барса и Реал се минимум две класи над Јувентус според мене. Особено пак Барса и Баерн кои со начинот на игра што го имаат, Јуве крајно не може да им одговори. Против Реал може да играме и тоа се докажа повеќе пати. Овде ќе ти надополнам дека дури и да освои Јуве ЛШ, пак нема да биде подобар од овие тимови, бидејќи ЛШ можеш да освоиш и притоа да не бидеш најдобар.
Трет болд, да лигата е слаба. Не е преслаба можеби, ама е далеку од доволно квалитетна. Колку и да е тешко тоа да се признае, едноставно е факт. Ама овде мора да се каже дека лигата не е слаба заради Јувентус, баш напротив. Јувентус е единствениот тим кој се обидува да држи чекор, да воведува нови работи, маркетинг, изнајдување пазари и слично. Не заборавај дека Јувентус има стадион од 2011, а од другите големи тимови минимум ќе треба да чекаме уште 3-4 години. Лигата е слаба заради падот на миланските тимови и заради инертноста на одредени италјански газди да ги унапредуваат своите мали или средни тимови. Исто и заради крајниот неквалитет што често доаѓа од Серија Б и се враќа инстантно назад. Слаба заради Јувентус, е крајно погрешна математика

За останатиот дел треба да се повторуваме, едноставно веќе е кажано. Јувентус во Европа не може да освои заради истиот факт што Рома не може во Италија. Веќе кажав погоре, има 3 поквалитетни тимови и уште некој тука некаде на квалитет. Значи проблемот е што Јуве е недоволно добар за да биде најдобар во Европа и таму има подобри. Доколку фан на Јувентус ти тврди дека е најдобар тим во Европа, тогаш тоа е неоправадно величење и е голема глупост. Ама во Италија тоа е вистина, колку и да имаат проблеми одредени луѓе да го признаат. И не е заради судии, не е заради помош и слични работи. Туку заради поквалитетен состав, подобра организација, повеќе пари, поспособен менаџмент и слично.